Што му недостасува на форумов?

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
публицитет, свежа крв, и сериозност. фала, чао, пријатно, ве сакам сите до еден, најкасно до 2
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Ако темава е постоечка слободно тргнете ја.
Ако не е, ајде да ја разгледаме.

Еве и јас сакам да се надоврзам.

Најмногу теми(мислења) има во кафемуабети.
- Точно, сите општи теми и оние за кои нема под-форуми одат таму.

Дали мислите дека форумов се развива добро?
- Форумот се развива, постепено и бавно. Така се равиваше и самиот портал crnobelo.com. Моето мото е полека, но сигурно. Америте велат изи кам изи гоу :)

Дали мислите дека недостасуваат теми за дискусија?
- Секако дека да. И секогаш ќе недостасуваат.

Дали членовите не се доволно сериозни?
- И да и не. На сериозни теми треба да бидат (до некаде) сериозни. Сепак тука сме за забава и разонада, без кравати и костуми :)

Дали освен за забава форумов го бидува за нешто друго?
- Зошто не провериш дали го бидува? Јас знам голем број примери каде што членови побарале помош/совет и им било помогнато од останатите.

Дали привлекува нови членови со самото тоа што не наликува на другите форуми? Или можеби ги брка истите?
- Целта на изгледот е да е ненаметлив и лесен за користење. Да им овозможи на членовите да го користат без да се оптоваруваат со него.

Прочитав во неколку други мислења дека имало многу што дошле за книга и ги снемало. Да не се лажеме - станува збор за максимум 30-тина такви членови.

Во однос на присутни и активни членови би му препорачал на авторот на темата да земе во предвид дека сме 17ти август. Излези на улица, нема кој да те прегази, сите се по одмори :)
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
34
Скопје
Абе ајде, на други форуми модераторите се замислиле дека се професори во училиште, или гестаповци..дајте олабавете, форум како форум и се што постои на интернет - е за забава. Кој го сваќа сериозно интернетот? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor and parvati

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
па ако сакате да има некој ред на фурумов
неможе сите теми да бидат за ладење и јадење г**на
никој не си го свака сериозно али сепак си има правила нели и треба да се оди по нив
затоа на другите форуми има и казни и се :)
додека тука некој добиваат без причина а некој можат да тропаат шо сакаат каде сакаат и нема ништо за нив нели ??
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Искрено, како еден од поновите членови мислам дека форумов е супер од проста причина што јас сум премногу пребирлива :rolleyes:. Се зачленив оти мислев дека има место каде што ќе можам да се орасположам, а од друга страна да дадам и некое сериозно мислење за кое ќе треба малку да го изделкам мозоков и да се помачам. Од друга страна пак, и админот самиот си кажа дека не сме тука за да бидеме сосема сериозни, дека сме тука за забава и разонода, без кравати и костуми. Плус, секој си има различна смисла за поимот забава. Како и да е, сметам дека на форумов секогаш ќе му недостигаат уштогљени сериозни членови, а теми за дискусија секогаш ќе има. Добро си се развива форумот, арен си е. Со тек на време сигурно ќе доаѓаат уште повеќе членови, ама не само поради тие некои книги. Јас лично не дојдов за тоа. А планирам да останам долго време, без разлика на се. И нема да се жалам, бидејќи за разлика од другите форуми каде што сум зачленета, тука некако најубава атмосфера има.
 

malecka

Староседелец
3 април 2013
66
40
1,028
Мислам дека му фали чет , хмммм или можеби има само јас не сум приметила :^)