Што е човек?

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Човекот е замисла на Универзумот за утопија.
Со разум како благослов, да биде мисионер додека ја троши својата смртност.
Да создава, учи, восприма, да трага, да се соочува, надградува, да биде...

Покорноста пред сите општествени наметнати услови за виреење, му ја челичи или разлабавува неговата моќ за расудување и точно таму, во тие негови обиди се создава балансот.
Баланс преку поделба.
Оние кои ја сфаќаат својата благосостојба, своето патување до внатрешниот мир и величење на вистинските вредности кои ги создава космосот, кои не се извештачени туку природни и единствени, кои го оправдуваат твојот трон на моќник во оваа убавина, природа, спокој која е запишана како појдовност во твојот пат и оние кои остануваат да натежнуваат како токсичен отпад, предавајќи се на привременоста, залажувањето, изветоперените сфаќања за богатство и на едноличноста.

Овие вторите се сепак моралност. Услов за баланс, услов за опипување на вистината.
На крајот се е создавано во баланс.
Јинг и јанг, господ и ѓавол, човек и „ човек“ .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Idiot and MoonFairy

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
Човек е душа (дух) и тело.Еве на пример за Платон бил само душа и се наоѓа како во некоја темница ете кажано на некој начин ко во гроб.Дури кога ќе се ослободи од телото постанува прав човек.За други тој е само материја као на пример за Маркс.У христијанството и во библијата тој е душа и тело.Е сега секој со своето има многу да се каже...
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Човек е душа (дух) и тело.Еве на пример за Платон бил само душа и се наоѓа како во некоја темница ете кажано на некој начин ко во гроб.Дури кога ќе се ослободи од телото постанува прав човек.За други тој е само материја као на пример за Маркс.У христијанството и во библијата тој е душа и тело.Е сега секој со своето има многу да се каже...

Имав некаде прочитано една мисла, дека сите души се исти, само заробени во различни тела.
Јас, сепак, не се сложувам со Платон, човекот не е само душа, обдарен е со разум, свест што го оделуваат на еден повисок ( ова би требало да биде иако лично се сомневам дека го доживува како повисок) стадиум од останатите битија барем во овој свет што го познаваме.

Тоа би требало да биде негова награда и предност за да ги опипа, доживее вистинските вредности, да ги спознае и сподели, ама се губи најчесто на пола пат од таа мисија. Затоа и го потенцирав тоа во заграда, погоре...
Ама убаво кажа на крај, секој со своето и има многу да се каже...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Lillian

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Најдов нешто интересно на тема.


Ако можеш делото на својот живот да го видиш уништено
и без ниеден збор да почнеш
повторно да го градиш,
ако можеш да бидеш заљубен,
но не и луд од љубов,
ако можеш да бидеш силен,
а сепак да останеш нежен,
ако не ги мразиш сите кои те мразат,
а сепак се бориш и браниш,
ако можеш да останеш приземен и достоен во славата,
ако можеш да бидеш добар и паметен,а да не бидеш ситничар
и егоист..
Тогаш ќе бидеш Човек.

Rudyard Kipling
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose, kizzo and Mameha

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
И конечно можам да го одговорам прашањево.
Не постои дефиниција за човекот.

се слагам....
човекот е се.....на некој начин....
човекот измислис се,створил се,направил се......за да опстане
човекот е човек.....недевинирано суштество :)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
дефинирав за да опстане ???
тоа можеби е дефиниција...но сепак е докажана....
Додека мислиш дека можеш да го дефинираш човекот не се слагаш со тоа што го пишав.
Се цитирам:
"Не постои дефиниција за човекот."
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
Додека мислиш дека можеш да го дефинираш човекот не се слагаш со тоа што го пишав.
Се цитирам:
"Не постои дефиниција за човекот."

значи кажав погоре....( АКО Е ДЕФИНИЦИЈА ) тоа.....ок е не се слагам
зошто тоа е сепак докажано дека човекот направил се за да преживее да опстане.....сите знаеме како и што почнал....
ако тоа го сметаме за дефиниција....тогаш значи човекот постое за да опстане....така некако би делувала дефиницијата