Што е човек?

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Вака со ред.

- Не презирам ниту мразам некого. Но не секој е еднаков нели. Само сме различни (беа твоите зборови)
- Полн со предрасуди и смешно-глупи ставови.?? Кај виде такво нешто кај мене? Некој има предрасуди помали.... поголеми.... некој па и никакви. Пак ќе те цитирам “ Само сме различни“.
- Многу ни е битен социјалниот статус меѓу оние кои не окружуваат. Ете мене не ми е. ЈБГ како два збора кажуваат се’ а ги кажа ти. “ Само сме различни“.
- Зошто ти воопшто се замараш и бараш (како што ти ги нарекуваш) “луѓе“ на планетата. Хмммм......... А кај виде дека јас нешто барам? Што е мое ќе си дојде, кармичката енергија делува со својата гравитација, па волкот се спојува со волкот, мравката со мравката, човекот со човекот.
- „Заминав јас надвор од темата“..... Да, замина не беше тоа темата си ја пропуштил поентата. А поентата е многу проста и едноставна. Запрашај се што го разликува човекот од животните, иако можеби и не треба да правиме таква дистинкција, сите сме повеќе или помалку животни. Но бесплатен ручек не делам.... ако заслужиш може и ќе ти покажам како да си направиш (не се однесува директно на тебе).
 

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
Ти уствари сакаше да истакниш како би го нашле оној „универзалниот“ добар човек. Во праксата не постои таков, поради многу многу причини. Една од нив е различните сфаќања на секој поединец. И логично е секој да си ги надроби работите во свој стил, најприфатливи за него. Тука иди прашањето колку тој поединец ќе биди прифатен од заедницата и како тој ќе опстани во неа. (Но за групниот менталитет и недостигот на индивидуализам, ќе оставам за другпат.)
И сега откако го нема тој „човекот“, нормално и разумо е да бараме нешто најслично до него. Всушност бараме нешто најслично до нас самите. Тој е и концептот на секоја една заедница во било кое општество.
 

-alf-

Староседелец
28 август 2015
315
126
1,053
89
Што е човек?
Вечното прашање!
Нема дефиниција , може секој на свој начин да го искаже.

Човек e збир од промени кои се доживуваат во одреден временски период.
Тие се основните промени за секој поединец од памти векови.
бебе, дете , момче , младинец , тинејџер (пубертет) , созреана личност , старец....сите овие промени се уникатни во своето постоење. Но,тука не завршува промената , има уште две кој се доживуваат кај малкумина, тука не зборувам за телесна промена, него за внатрешна онаа од која произлегле сите религии , филозофии и верувања.
Првата е сиболично кажана плод во утробата на мајката, таа е врската со другата промена.
Втората и последна , сите погоре 7 промени во една, сите присутни во едно безвремено постоење.



download.jpg Бебе
images.jpg Дете
download (2).jpg Момче
download (1).jpg Младинец images (2).jpg images (5).jpg
images (1).jpg Тинејџер (пубертет)
download (3).jpg Созреана личност images (3).jpg
download (4).jpg Старец

Сликовито прикажано ,ова е вечен циклус на промени, повеќето луѓе се со промените од левата страна , малкумина го доживуваат оној средишен дел (вкусување на смртта или бездната) , додека десно се тие кој го создаваат Адам, и пак во круг кон лево.

Оваа осмица од промени преставува човек/бог
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ова е цитат од книгата која подолу ќе може да ја симнете на англиски како pdf. Ја има истата книга и на македонски јазик „Мали есеи кон вистината“, но не знам во кои книжари :)
Целата теза на многу школи е дека човекот е „слоевито“ изграден ентитет каде што најнадворешниот дел е она видливо за сите, материјалното...
Кабалата е најматематички прецизна метода за анализирање на развојот на човечкото битие бидејќи е најфлексибилен метод при кој што се користи Дрвото на Животот (за кое многумина сте слушнале, можеби и читале нешто).

"Man is a microcosm: that is, an image (concentrated around the point of consciousness) of the
macrocosm, or Universe.
...
It follows that all phenomena, internal and external, may be classified for the purpose of discussing
their observed relations, in any manner which experience may show to be the most convenient.

Now for the purpose of analysing the spiritual nature of man, of recording and measuring his experiences in this kind, of
planning his progress to loftier heights of attainment, several systems have been devised.

The Qabalah, that is, the Jewish Tradition concerning the initiated interpretation of their Scriptures, is
mostly either unintelligible or nonsense. But it contains as its ground-plan the most precious jewel of
human thought, that geometrical arrangement of names and numbers which is called the Tree of Life.

The Constitution of Man is fivefold.
1. Jechidah
2. Chiah
3. Nechamah
4. Ruach
5. Nephech


What then determines Tiphareth, the Human Will, to aspire to comprehend Neschamah, to submit itself
to the divine Will of Chiah?
Nothing but the realisation, born sooner or later of agonising experience, that its whole relation through
Ruach and Nephesch with Matter, i.e., with the Universe, is, and must be, only painful.

It begins to seek for some menstruum in which the Universe may become intelligible, useful, and enjoyable.
In Qabalistic language, it aspires to Neschamah.
This is what we mean in saying that the Trance of Sorrow is the motive of the Great Work."

- Little Essays Towards Truth, A. Crowley
 

Прикачувања

-alf-

Староседелец
28 август 2015
315
126
1,053
89
Добро, тоа е теза на многу школи.И....????
Што мисли или како разбира Хептаграм 11 (колку и да сте ликови позади тој ник)?
Со свој зборови одговори на прашањето "Што е човек", а не што кажа Јанко,Петко или Станко.
Да сакавме книги да читаме ова немаше да биде форум туку онлајн библиотека.
Ајде со свој зборови.:kafe
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Како да забораваш дека имам блог токму за овие ствари па ми бараш „мои размисли“ ...

И те како е битно човек да се повикува на авторитети и книги, кога зборува за ствари каде што секоја будала секако може да разбере и од тоа да изгради кули чии темели лежат во жив песок. И најстрашно да убеди луѓе кои ќе му веруваат дека има знаење тој некој... да, мистично знаење стекнато од така, наследно. :)

Не дека ќе кажам нешто поразлично од школите на истокот и западната езотерија, ама ајде... да било со мои зборови...
Ете со мои зборови, на кратко, за да биде мистично :kafe

Човек е слоевито изграден ентитет од центарот кон надвор. И секој слој содржи врски и кон внатре и кон надвор... сите стравови и погрешни согледувања на работите е заради наборите кои ги имаат тие слоеви па лошо ги рефлектираат стварите од надвор кон внатре и vice versa ...

Како што наметката од кожа го крие голото месо, тоа пак коските, коските пак срцевината во која се создава крвта (ова на физичко ниво), така руах (го преведуваат како интелект, разум но е многу покомплесно нешто) ја крие инспирацијата која доаѓа уште од повнатре од почиста суштина (неизвалкана од разумот кој бара логика и преку кој се филтрираат искуствата во материјалниот свет) од она што е човек...

И само надворешниот слој се менува и умира на Земјата! Другото, за другото треба работа и „порамнување на превезите“ за да останат врските силни...

Како што пишува и во „Книгата на Законот“:
„Кабс е во Ку, а не Ку во Кабс.“
- Liber AL, I:8

А и може да побраш на Хептаграм XI Блогот за превезите и есеите за кабала (каде што имам пишувано мои размисли) за овие ствари и да видиш какво мислење имам за сето ова. Нормално, не е се кажано од моја страна, бидејќи сметам дека некои ствари може да се премолчат... дури и да бидам во „грешка“, подобро да не дебатира човек многу со секој. :)
 
Последна промена:
  • Like
Реакции: -alf- and Idiot