Што е човек?

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Дали се што личи на човек е човек? По што се разликува човекот од останатите животни?
Често се запрашувам дали, поголемиот број на луѓето што живеат на планетава можат себеси да се наречат човек.

Што ли барал Диоген и дали го пронашол?



„Ние секогаш ги повлекуваме границите на нашата личност премногу тесно. Ние во нашата личност го признаваме секогаш само она што го создаваме како индивидуално различно, како нешто што го препознаваме дека отстапува од другите. Но ние, секој од нас се состоиме од сите состојки на светот и како што нашето тело го носи во себе родословието на развитокот, се до рибата, дури и многу поназад, така и ние го имаме во душата сето она што некогаш живеело во човечките души. Сите богови и ѓаволи, кои некогаш постоеле, било кај Грците, или кај Кинезите или кај Зулукаферите, сите се во нас тука, како можности, како желби, како излези. Кога човештвото би изумрело се` до едно единствено средно надарено дете, кое не добило никакво обучување, тоа дете повторно би го пронашло целиот тек на работите, би пронашло богови, демони, рајови, заповеди и забрани, стари и нови завети - тоа би можело повторно да го создаде тоа“
Постои голема разлика меѓу тоа дали светот само го носите во себе, или дали тоа и го знаете! Некој лудак може да изговори мисли кои потсетуваат на Платон, а некое малку побожно учениче во Хернхутскиот семинар размислува творечки за истите длабоки митолошки поврзаности што се јавуваат кај гностичарите или кај Зороастер. Меѓутоа, тој за тоа не знае ништо! Тој е дрво или камен, во најдобар случај животно, се додека тоа не го знае. Но, кога ке светне првата искра на тоа сознание, тогаш станува човек. Веројатно нема да ги сметате за луѓе сите тие двоношци кои се движат по улиците, само затоа што одат исправено и што своите новороденчиња ги носат по девет месеци? Па вие гледате колку од нив се риби, или овци, црви или пијавици, колку се мравки, колку се пчели! Само, во секој од нив постои можност да се роди човек, но дури тогаш кога тој ќе ги насети тие можности, дури тогаш кога ќе научи да ги направи делумно свесни, дури тогаш тие се негова сопственост.


Животот на секој човек е пат кон самиот себе. Ниту еден човек никогаш не бил целосно самиот тој, туку секој се стреми да стане тоа – некој несвесно, некој појасно, кој како што умее. Не постои друга реалност освен онаа што ја имаме во самите себе. Затоа повеќето луѓе живеат толку нереално – бидејќи ги сметаат за реалност сликите надвор од себе, а на својот сопствен свет во себе не му дозволуваат да дојде до израз.
Задача на секој човек е да ја пронајде сопствената судбина и да ја проживее во себе, целосно и до крај. Сè друго е само обид за повлекување, бегство назад, во она што е идеално за толпата. Сè друго е приспособување и страв од сопственото внатрешно битие. Сите луѓе кои влијаеле врз развитокот на човештвото биле способни и влијателни само затоа што биле подготвени пред судбината.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Ти си даде одговор на самото прашање:

Што е човек?

Idiot вчера во 19:47 :giggle

Извини, ама мала зафрканција :p

Јас би пошла од она: Сите сме различни. Можеме да си личеме еден на друг по интереси, по изглед, по однесување, ама секој има по некоја разлика во него. Секој различно може да го живее својот живот, а сепак да биде вистинит. Диоген барал човек - човек со душа, искреност, чесност и мирољубив. Не знам дали го нашол, затоа што навистина има малку луѓе на оваа планета што се такви, а толку сме многу. Човекот од другите животни се разликува по свеста и по говорот. Ама за жал, некогаш и не можам да разликувам човек од животно поради неговото однесување. :)

Не постои друга реалност освен онаа што ја имаме во самите себе.
Повеќе би рекла: Да ја „искористиме“ надворешната реалност за да ја надополнуваме внатрешната. Духот кај човекот е вредна работа, кога знаеш дека некој е исполнет со добра од нематеријални нешта, кога живее во неговата реалност, иако повторно е тука со сите нас, барем за мене зборам, јас се исполнувам внатрешно на тој начин. Faith in humanity is restored! (y)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
И после илјада години човекот, исто како и сега, ќе воздивнува: „Ах тешко е да се живее“ и во истиот момент, исто како и сега, ќе се плаши и нема да сака да умре.

Го започнав мислењето со еден цитат кој што некако многу му е близок на самото човечанство( ко шо би рекол еден многу мудар човек). Човекот какво свесно битие создадено , еволуирано, мутирано или како и да е онакво какво што изгледа денес е само еден организам кој засега нема откриено друг лик сличен на себе или друг свесен огранизам . Она што го одделува човекот од животните најпрво нормално дека е свеста. Свеста дека постои, свеста дека има емоции, свеста и потребата да се истражува себе си и да го истражува она околу себе. Интелегенцијата и талентот или способноста да созадава работи. Многу често е поставено прашањето кој е најголемиот креатор? Најчесто е ставана тезата дека ние постоиме со цел или дека зависиме од универзумот и еден мал милион тези околу тоа што претставува човекот како живо суштество , која е неговата мисија, зошто постои, и дали е сам. Човекот во моментов е најголемиот спознаен креатор , способен да создава живот, да го уништува , да гради и да срушува....да љуби и да војува....да контролира и да манипулира. Во потрага по човек тргнал и Диоген и велат не нашол човек? Јас велам Диоген барал човек да, но дали Диоген бил човек? Дефиницијата човек може да се распостеле од различни аспекти, од физички, психолошки, социјален, антрополошки, општествен, филозофски ......ама целосна дефиниција на тоа што е ''човек'' освен што е свесна единка која што живее на планетата земја е незамисливо да се дефинира. Ние имаме еден мозок и една планета, една галаксија и еден универзум во кои што постоиме кои што сеуште не знаеме што се и зошто се , така и човекот ..без разлика дали е одвоен со некакви теории по душата по умот, по емоциите...постои еден дел кој што е толку широк колку што нема зборови и нема поими и нема математики и физики да се пресмета ...исто како универзумите исто како димензиите, исто како просторот и времето..исто како материјата. Навидум спознаено а толку многу бесконечно та дури луцидно за да се дефинира.

Јас морав да одговорам вака, и морав да излезам од контекстот бидејќи за моите видувања секое едно делче од она што ние го нарекуваме живот е битно и поврзано , без разлика дали се дускутира од философски аспект или од некаков друг.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Долго размислував на тоа како би можела да го одговорам ова прашање,
и одговорот ми падна на сред друга работа на памет.
Мислам дека љубовта кон самите нас е таа што не прави да бидеме тоа нешто наречено
"ЧОВЕК"
Мислам и дека е тоа она што не разликува од сите останати битиа.
Мислам дека онаа здрава љубов кон самите нас е и основата за тоа каков е нашиот карактер,
како се однесуваме со другите итн.
Не целам кон егоизмус,
туку нормална љубов кон самите нас.
Не е некоја филозофија туку едноставен одговор.
Ние сме центарот на случувања,
те она што е во нас.
Телото е само дел од материјалниот свет,
и без него не можеме.
Но, внатре,
таму длабоко постои нешто( го нарекувам душа)
која не води.
Љубовта кон самите нас ни овозможува контакт со нашата душа.
Таа е онаа која ни овозможува
"да бидеме".
Таа е онаа која ја превзема контролата над нас во кризни ситуации.
А љубовта кон самите нас е клучот до сето тоа.
Секој човек представува мал универзум на
чувства, мисли, фантазии и сакања..
Секој од нас е една тајна, една мистерија..
Посебни на свој начин..
Без љубовта кон самите нас,
нема да бидеме способни да бидеме она што се нарекува "ЧОВЕК" во права смисла на зборот.

Ќе речам само уште:
"Човекот е".
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Секој човек представува мал универзум на
чувства, мисли, фантазии и сакања..
Секој од нас е една тајна, една мистерија..
Посебни на свој начин..

ова погоре Лена , доловува многу работи , (y)
 
  • Like
Реакции: parvati, kizzo and Lena

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Ќе речам само уште:
"Човекот е".
Ова е всушност дефиниција за Битие или Битието е. Доколку му препишеме било какви епитети ќе се конкретизира и ќе премине во сушстество. Затоа велиме дека Битието е.

Инаку човекот е склоп од материјално и нематеријално, односно соврешена рамнотежа на тие две својства. Материјалниот дел - потрошниот е ист за секого - очи, уши нос итн.
Нематеријалниот дел - чувствата, разумот, свеста е различна. Ваквиот микс постои кај одреден дел од луѓето, кај други е изоставен, а кај трети е недоволно развиен. Што значи дека поединечно е различен.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Ова е всушност дефиниција за Битие или Битието е. Доколку му препишеме било какви епитети ќе се конкретизира и ќе премине во сушстество. Затоа велиме дека Битието е.

Инаку човекот е склоп од материјално и нематеријално, односно соврешена рамнотежа на тие две својства. Материјалниот дел - потрошниот е ист за секого - очи, уши нос итн.
Нематеријалниот дел - чувствата, разумот, свеста е различна. Ваквиот микс постои кај одреден дел од луѓето, кај други е изоставен, а кај трети е недоволно развиен. Што значи дека поединечно е различен.
А што е битие?