Дали се што личи на човек е човек? По што се разликува човекот од останатите животни?
Често се запрашувам дали, поголемиот број на луѓето што живеат на планетава можат себеси да се наречат човек.
Што ли барал Диоген и дали го пронашол?
Често се запрашувам дали, поголемиот број на луѓето што живеат на планетава можат себеси да се наречат човек.
Што ли барал Диоген и дали го пронашол?
„Ние секогаш ги повлекуваме границите на нашата личност премногу тесно. Ние во нашата личност го признаваме секогаш само она што го создаваме како индивидуално различно, како нешто што го препознаваме дека отстапува од другите. Но ние, секој од нас се состоиме од сите состојки на светот и како што нашето тело го носи во себе родословието на развитокот, се до рибата, дури и многу поназад, така и ние го имаме во душата сето она што некогаш живеело во човечките души. Сите богови и ѓаволи, кои некогаш постоеле, било кај Грците, или кај Кинезите или кај Зулукаферите, сите се во нас тука, како можности, како желби, како излези. Кога човештвото би изумрело се` до едно единствено средно надарено дете, кое не добило никакво обучување, тоа дете повторно би го пронашло целиот тек на работите, би пронашло богови, демони, рајови, заповеди и забрани, стари и нови завети - тоа би можело повторно да го создаде тоа“
Постои голема разлика меѓу тоа дали светот само го носите во себе, или дали тоа и го знаете! Некој лудак може да изговори мисли кои потсетуваат на Платон, а некое малку побожно учениче во Хернхутскиот семинар размислува творечки за истите длабоки митолошки поврзаности што се јавуваат кај гностичарите или кај Зороастер. Меѓутоа, тој за тоа не знае ништо! Тој е дрво или камен, во најдобар случај животно, се додека тоа не го знае. Но, кога ке светне првата искра на тоа сознание, тогаш станува човек. Веројатно нема да ги сметате за луѓе сите тие двоношци кои се движат по улиците, само затоа што одат исправено и што своите новороденчиња ги носат по девет месеци? Па вие гледате колку од нив се риби, или овци, црви или пијавици, колку се мравки, колку се пчели! Само, во секој од нив постои можност да се роди човек, но дури тогаш кога тој ќе ги насети тие можности, дури тогаш кога ќе научи да ги направи делумно свесни, дури тогаш тие се негова сопственост.
Животот на секој човек е пат кон самиот себе. Ниту еден човек никогаш не бил целосно самиот тој, туку секој се стреми да стане тоа – некој несвесно, некој појасно, кој како што умее. Не постои друга реалност освен онаа што ја имаме во самите себе. Затоа повеќето луѓе живеат толку нереално – бидејќи ги сметаат за реалност сликите надвор од себе, а на својот сопствен свет во себе не му дозволуваат да дојде до израз.
Задача на секој човек е да ја пронајде сопствената судбина и да ја проживее во себе, целосно и до крај. Сè друго е само обид за повлекување, бегство назад, во она што е идеално за толпата. Сè друго е приспособување и страв од сопственото внатрешно битие. Сите луѓе кои влијаеле врз развитокот на човештвото биле способни и влијателни само затоа што биле подготвени пред судбината.