Што ви недостига од вашето детство?

Swatkata

Староседелец
26 јуни 2014
49
16
1,008
Буквално се,од пријатели до најмали ситници :(
Еден од најубавиот период од животот.(inlove)
 

Laila

Полноправен Член
18 јуни 2019
30
25
8
Ми недостигна безгрижноста во енормни количини. Да играм, пеам, да се смеам, а да немам милион други обврски на дневен ред.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Едноставноста на живеењето.
Ми недостига будењето каде најголема дилема ми е на кој канал се најдобрите цртани.
Расправиите чиј ред е да стои во средина за топката.
Кога 50 денари ми беа сето богатство на светов.
Кога раните од паѓање толку брзо ми заздравуваа, за секунда правев нови и ништо не чувствував, а сега од лошо спиење сум укочена три дена. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin