Што ве научи животот?

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Живот е важна стфар на сфако људско битие...
Сфак треа да га искористи на најдобар можан начин, сфак треа максимално да ужива у њега, да живи !
мене живот ме е научија дека не е сфе такој сложено и тешко, барем детсфто е зад мене, а тој треа да биде безгрижно сс пуно радост и смеање...
Мене мој дваеспетгодишан мистер у одело hh што се вика мој живот , научија ме да се дружу пред сфе
да најду у било коју особу нешто што ке ме натера да се здружу, без разлику дали за стално или за у моменат
Некад е мноо убаво кд се здружиш сс било кога на било кој начин, иако занеш дека прф пут га глеаш а можда и последњи пут
Другарстфо пред сфе !!!
мене ми се збори сс било кога што сам га сретнаја у мој живот, без разлика на пол године , место на живеење
не сам од тија ....ах непознат е кој га е*е, што му се замарам
Збору сс сфи и шалу се сс сфи, па дај смејте се људи тој ке ни отане ; )
Живот ме е научија да биду ултра позитиф ( Dr.Gonzo овакој ме претставија на лејди Т, она кд га прашала од куде га знаеш Дарета), да комуницирам сс сфи људи, да знам да поштују било кога без разлику дали тј нешто ми значи у живот или не
Поштовање и образ су мноо важни стфари, сакам чист образ пред сфите да ми е, да не биду дужан за нешто..
Љубаф? дада сфи нас живот не е натераја да се заљубимо, малце пепертустки до највише диносаурски (нели у стомак а у ) hh
Истотакој сфи знаемо дека сфак греши, људски е нели, грешке смо људи праимо : )
Још пољудски е да се опрости грешка, ако се признае... и ако га има оној важното "Извини погреши"
Живот ми даа на знање дека не е ништо лошо ако се нашалиш у сфак моменат, сс сфакога, такф сам увек мора нешто да се нашалу, такфа ми крф куманофска : )
бреее... ама се распиша ја : ) јебига живот ме научија и да претерам некад у нешто
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
-не верувај никому, дури ни себе
-не барај од никого ништо
-пробај да ги предвидеш најлошите можни ситуации како би си ги минимизирал очекувањата
-живеј момент за момент
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Животот ме научи дека ништо не паѓа од небото,ами треба да се одработи :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

laura

Полноправен Член
21 ноември 2012
28
19
8
30
-да не бидам толку добра бидејки луѓето тоа само го искористуваат
-да не дозволувам другите луѓе да влијаат на мене
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Diablo III and turop

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ах ах ах.... љубов е темава(inlove)

Цел живот(до сега) налетувам и сум опкружена со луѓе кои често ме потсетуваат дека мојата младост, неискуството и малата доза на мудрост што е резултат на годините, не ми даваат шанса да кажам дека сум научила нешто од животов. Тие исти луѓе заборавиле дека во младоста се откриваш кој навистина си, сите трансформации, сите промени (од лошо кон добро па и обратно) се случуваат баш во периодот на младоста. Тие исти луѓе често забораваат со колку контрирани чувства во себе се бореле, и заборавиле дека младоста е она што не смее да се заборави уште помалку да се надживее.

Мило ми е што за прв пат ќе пробам да дадам одговор на ова прашање без да ми одекнуваат во глава зборовите од тие луѓе.

Од животот научив дека за ништо нема само една единствена дефиниција, затоа што животот е чувство а чувствата секој поединец различно ги доживува. Научив дека добро е и убаво да се биде добар човек. Без разлика што многу пати во животот нема да добиеме „благодарам“ , напротив можеби ќе добиеме и шлаканица , но проклето убаво е да заспијам гордеејќи се со самата себеси.
Научив од животот дека не е грев некогаш да се ставам прва на листата , да се сакаш самиот никако не е погрешно.
Научив кои ми биле грешките од минатото но исто научив и дека ништо не ми дава гаранција дека нема да ги повторам во иднина.
Од животот научив дека инстиктот за преживување многу често ќе ме стави во ситуација да преминам преку некои други луѓе за да дојдам до посакуваната цел, но исто научив да не заборавам дека истото може да ми се случи и на мене.
Научив дека најважни се малите и дури незабележливите моменти, тоа се деновите на кои не им ги паметиме датумите, знаете оние обичните, денови кои не ги прославуваме со тапани музика, или во спротивен случај ги исплачуваме заедно со отчукувањата на црковите камбаани.
Научив од животот дека срцето нема возраст а душата нема рок.
Но мислам дека е најважно што научив е дека животот е безвременски...можеш да живееш 100 години вредни како да се 1 ден, а можеш да поминеш и 1 ден вреден за неколку животи.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Темава ме асоцира како тестамент кој треба да го напишам во смртната постела, но од друга страна и давам можност да биде креативна....ми се допаѓа:)
Во цело свое битие, сите падежи и успеси, сите надминати и трајни случки, сите пороци и доблести, целата домашна слобода за развивање на свој карактер, благодарение на арогантните и бедни копилиња, пофалби до сите чесни, добродушни и хумани луѓе научив премногу.... да распознавам добро од зло, да земам и да давам.
Научив да не бидам наивен, научив да ценам, почитувам и љубам.
Научив да ги игнорирам негативните мисли, ја подобрив психолошката нестабилност.
Научив дека лукавоста не е резултат на ѓаволот, дека таа се раѓа постепено во карактерите кои умираат од љубомора, завист... луѓе кои се ситат на туѓа несреќа, па дури и богатат. Сватив дека интересот и љубовта се едно, луѓето те ценат 50% според карактерот и физономија и 50% според успехот. Сватив дека неморалните норми се непрактични во општеството.
Слушнав дека тоа што не ги убива луѓето, ги прави посилни...слушнав дека само бог може да им суди...слушнав дека уживаат во скромност но никој не одбива луксуз. Слушнав за милиони фрази и метафори кои и колку и да се вистинити, изгледаат двосмислени. Сватив дека промената е мотор... мотор кој го движи времето и просторот, ја формира динамиката, да не би умреле од монотонија.
Финансиските турболенци ме научија да духовното , нематеријалното нешто е единствено нешто за кое треба да се борам и сентиментално врзам. Ме научија да ги бирам пријателите, а не тие мене.
Сватив дека на светот има премногу добри души, премногу насмеани исполнети, желни да помогнат, да подарат да добијат... единствено нешто е што треба да ги бараме и да се придржуваме кон нив.
Ја почувствував моќта на говорот- ја гледам слабоста на неедуцираните.
Со подигнат палец, горд на себе и широк осмех секојдневно ги потсетувам душманите преку реченицата која најмногу ги уништува: Јас во животот немам многу, но и тоа што го имам малку, многу ми завидуваат.
Уживам во оптимистички муабети ме исполнува радоста на луѓето кои иако малку ги познавам, знам дека се среќни.
Научив да се радувам на двајца стари кои сеуште се гушкаат, се радувам како првооделенец со првата петка. Им благодарам за тоа што се единствен резултат кој тврди дека постои вечна љубов.
Законот за релативитет е најточното нешто за кое рајата слушнала, го обожавам Ајнштајн.
Животот се живее само еднаш, но ако живееш правилно, еднаш е доволно.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Животот ме научи дека некои нешта не можам да ги променам. Ме научи дека незадоволството од големите проблеми се лечи со задоволството од малите нешта. Макар и за момент.
Животот ме научи да не чекам ништо за возврат,иако по природа сум човек што сака фидбек.
Ме научи да филозофирам и да дрдам,но ми укажа и дека не многу луѓе сакаат филозофии и дека малку луѓе воопшто слушаат.
Животот ме научи дека сум прво сам со себеси,а потоа со сите други. За у недај боже момент,да си имам пријател во самиот себе. Ме спонзорираше со доживотна набавка на оптимизам.
Ме научил веројатно уште нешто,ама не ми текнува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, melpomena and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Седам пред мониторов,и сакам да одговорам на оваа тема, и на прашањево
посебно е...
Размислувам на се она што ме научил животот..
Има многу нешта,многу битни нешта..
А во суштина сега ми е јасно дека незнам ништо..
Толку многу знам,а незнам ништо...:|
се зачудив сега сама од себе хеххехе...мислев знам и дека сум научила..а незнам ништо..

Животот е полн со изненадувања,како во овој случај.. :)
Мислам прашањево ке можам да го одговорам во таа една позната секунда пред смртта...
Тогаш ке бидам способна да кажам што сум научила,сега нажалост не..

Едно од најдобрите прашања што ми ги поставил некој во животот..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and melpomena

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Единствен човек на кој што можам да му верувам и на кого можам да се ослонам кога ми е тешко, сум јас самата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Licno taa