Што ве научи животот?

LadyD

Полноправен Член
*Сфатив дека не можеш никого да натераш да те сака.

*Сфатив дека колку и да се трудиш, некои луѓе ќе останат шупаци.

*Сфатив дека требаат години за да изградиш доверба,
а потоа
 доволен е само сомнеж, не доказ, за таа да се урниса.

*Сфатив дека животот не станува полесен,јас станувам посилна

*Сфатив дека не треба да се споредуваш со другите –
посзезнати се отколку што си мислиш.

*Сфатив дека депресијата е само гнев без ентузијазам.

*Сфатив дека возраста е прескапа цена за зрелоста.

*Сфатив дека сме одговорни за своите постапки, освен ако не
 сме ѕвезди.

*Сфатив дека не можам да имам позитивен живот со негативен ум

*Сфатив дека вештачката интелигенција е многу послаба од природната глупост.

*Сфатив дека на доброто со добро му се враќа.

*Сфатив дека семејството и патртнерот се изворот на животот.

*Сфатив дека морам да го очекувам најдоброто,но да бидам спремна и за најлошото

*Сфатив дека политиката и недемократијата владее насекаде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mspasenoski and Lady*

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Сфатив дека животот не станува полесен,јас станувам посилна
Сфатив дека морам да го очекувам најдоброто,но да бидам спремна и за најлошото :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Денеска сфатив многу работи, една од нив е тоа дека јас сум единствениот човек на кого можам да рачунам секогаш, во секој момент 24 часа деноноќно, 7 дена во неделата, 365 дена во годината..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and WomanInRed

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
Сфатив дека на денешницава не постојат искрени и верни пријатели..
и јас сфатив исто ама сфатив и дека нема пријатели.и сфатив дека си се сакам себе и ја сакам мамааааааааа :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Сватив дека доколку ги немам покрај мене драгите особи јас сум ништо и нормално не можам да бидам среќна. Фала му на бога ги имам многу :igra
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
1. Дека не треба да му се доверуваш никому...
2. Дека некои работи се подобри длабоко закопани...
3. Дека животот е пат на кој те чекаат повеќе сопки отколку скокови...
4. Дека трошењето нерви на бесцелни работи е самоуништувачко...
5. Дека луѓето кои не ти го заслужуваат вниманието треба да ги третираш како воздух...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Животот ме научи да се фокусирам само на сегашноста. Минатото е непроменливо, па затоа е залудно да размислувам наназад, освен ако се осигурувам дека не ги повторувам грешките од минатото. Иднината е резултат на акциите кои ги правам денес. Затоа, учам од минатото за да можам да направам подобро во моментов, за да можам да успеам во иднината.

dont-cry-over-the-past-it-is-gone.jpg

Научив дека животот е поубав со насмевка на лицето. Смеењето е природен начин да се принудиме самите себе си да бидеме среќни. Затоа, секогаш имам на ум дека среќата ме тера да се смеам, а смеењето ме прави среќна.

Не го сфаќам животот премногу сериозно. Научив како да се смеам на малите нешта и да се забавувам од моите грешки и неуспеси и воедно, да бидам благодарна што сум ја добила шансата да ја научам лекцијата која нема да ја повторам пак. Најважно од се, правам работи во кои наоѓам задоволство.

Don't take life too seriously.jpg

Животот ме научи да не дозволам да влијаат туѓите негативни зборови врз мене. Најчесто погрдните имиња ги вознемируваат луѓето, но смешно е кога некој те нарекува нешто што не си. Зошто тогаш би реагирал на тоа? Секако освен доколку не те нарече нешто што си. Во тој случај, ја прифаќам таа критика и работам на неа да ја променам.

Научив да ги контролирам моите емоции. Единствената личност која може да ме направи несреќна, сум самата јас. Јас одлучувам дали ќе дозволам да влијаат врз мене туѓите зборови и дејства.

above them.jpg


Научив да ја користам секоја прилика за патување. Секој кој некогаш заминал некаде може да ви каже дека патувањето е една од највозбудливите активности кои можат да ви го променат животот. Различната култура ми дава повеќе знаење за светот и добивам дополнителна причина да го ценам животот кој го имам.

tumblr_m7pi4yU2mc1qh9h1bo1_500.jpg

Научив дека љубовта е најважното нешто што постои во животот. Сакајте ја сродна душа, сакајте го вашето семејство, сакајте ги вашите пријатели, па дури сакајте ги и вашите непријатели. Љубовта е толку ретка во овој свет во споредба со масовното присуство на омразата, така што, со ширење на љубовта веднаш ќе се видите себе си и луѓето околу вас, како се менувате.

heart, couple.pngall you need is love.jpg

Кои се најважните работи кои животот ве има научено?
Колку влијаат тие на вашиот начин на живот?
Дали ви го имаат променето животот?
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Животот ме научи на следново:
- Никогаш да не барам потпора во други луге, само во себе
- Да не прифаќам било каква форма на љубов, само безусловна
- Дека не смеам да дозволам никој и ништо да ме заплашува
- Дека самостојноста и независноста се најважнато нешто во ова време на живеење
- Дека материјалните добра се добри само кога имаш со кого да ги поделиш
- Дека никогаш, за ништо на светот, по никоја цена не треба да дозволам да се изгубам самата себе
- Дека неможеш да ги изгубиш нештата што всушност никогаш и не си ги имал
- Дека се е минливо, секоја болка, секоја тага... никој не е трајно повреден
- Дека животот може да биде убав само доколку си дозволам да го доживеам како таков и обратно...