Што би смениле во својот живот ако можете да го вратите времето?

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Едно нешто би сакала да можев да го сменам,меѓутоа кога тоа би го направила целиот животен тек на настаните би ми се променил и најверојатно не би била ова што сум и каде сум сега.А ми се допаѓа ова што сум денес.Затоа би ги оставила како што се работите, едноставно се што ни се случува во животов се случува со причина.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Кога би можела нешто да сменам, би употребила повеќе време од животот лично за себе и за својата душа ,а многу помалку за било кој друг околу мене.
И не би губела време на луѓе кои не го заслужуваат моето време, ниту на тие кои не знаеле како со мене...
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Кога би можела нешто да сменам, би употребила повеќе време од животот лично за себе и за својата душа ,а многу помалку за било кој друг околу мене.
И не би губела време на луѓе кои не го заслужуваат моето време, ниту на тие кои не знаеле како со мене...
Би го сменила мојот избувлив темперамент,би била потолерантна,подобра мајка,подобра сопруга,понежна,некои грешки што сум ги направила поинаку би ги извела,или кратко речено,попаметна,политички поумна,кога бев љута на некој,го искалував тоа на сосем друг(најлоша работа е тоа,па дури и по децата викав).
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Како прво би останала во Македонија уште тогаш,како второ не би правела некои глупости што ги правев, како трето да можев ќе си изберев родители што нема да се разведат, како четврто уште од мали нозе би тренирала некој спорт, како петто би ја покажувала повеќе љубовта на најближните отколку лутината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Само едно, би ја сменила мислата од пред 5 години кај што викав дека работата е побитна од факсот, и дека има време, јес дека има , никогаш не е касно но подруго е чувството. Другото не би го сменила
 

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Не знам дали нешто би сменила. Можеби да не биле сите тие работи, немало да бидам ова што сум денес. Може се ќе било сосема поинаку.