Штотуку подготвив...

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Состојки

120g чоколадо за готвење
120g путер
1 шолја шеќер во прав (100g)
2 јајца
2 жолчки од јајца
6 лажици брашно
Инструкции за приготвување

  1. Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин.
  2. Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото.
  3. Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи.
  4. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки.
  5. Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина.
  6. Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.
  7. Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг.

Премногу лесен и едноставен....А превскусни се...
Само пази да не ги препечеш или пак да не гии допечеш....

Мене тоа ми се случи не ми беа допечени па едно ми се распадна целосно ...и ги вратив....бидејки прв пат ги правам....
:)))
фала многу ,ај некој ден ќе пробам да ги направам...мн вкусно изгледаат :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Овесни бар-житарици многу се вкусни пробајте ги ептен се едноставни. Еве рецептот

1 и 1/2 шолја овес, 1/2 шолја ореви( може и лешници,бадеми или било што) 1/2 шолја суво овошје ( брусници, грозје), 1/4 шолја семки ( од сусам,непечени од тиква,сончоглед) 1 и 1/5 шолја млеко, 1/4 или 1/2 (во зависност од вкус) кафеав шеќер, 1 кафена лажица цимет, 1 кафена лажица ванила, 1 јајце, малку рум, лажица мед и лажица таан ( по избор).. Се печат 40 минути на 300 степени. Многу се вкусни а може да се комбинираат различни видови на јаткасто овошје, суво овошје и семки... Прво треба да се олади па се сече.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina, JaMi and Bum-Bum

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Шпагети во сос од печурки и салама
Состојки

  • 400 грама салама
  • 1 кг свежи шампињони
  • 2 пакетчиња шпагети
  • 350 грама павлака
  • 1 супена лажица брашно
  • 2 парчиња лук
Подготовка

1. Ги ставаме шпагетите да се варат.
2. Саламата ја сечиме на кругови, па на ленти и ја ставаме на тивок оган (2-ка)да се пропржи.
3. Шампињоните ги сечкаме на поголеми парчиња и ги додаваме во тавчето на оган и заедно ги пропржуваме со саламата. Додаваме сол, бибер и оригано.
4. Откако ќе омекнат шампињоните ја додаваме павлаката која претходно сме ја раствориле со половина финџал вода .
5. Во садот каде што ја растворивме павлаката додаваме 1 супена лажица брашно и уште половина финџал вода и добро мешаме и ја додаваме смесата во шампињоните.
6. Ситно го сечкаме лукот (по желба колку сакате ставете лук ако не сакате, не морате ) и го додаваме кај шампињоните и сето тоа се готви на тивок оган се додека не добие одредена густина. Повремено мешаме.
7. Ги сервираме шпагетите и ги налеваме со сосот.
8. По желба може да се стави и малку лута букоска.

(inlove)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Вие госпожа многу често подготвувате пуканки (wasntme) (hug)

Денес ама баш ништо не подготвив,си јадев се на готово (nod)
ја госпожа си обичам пуканки лесни за праење и со филмче добро одат.... него деновиве планирам некоја тортичка да направам колку за промена ...:giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and melpomena