Приватен факултет дефинитивно со овој памет што го имам сега. Посакував да го имав и пред добри 9 години кога се запишував на државен факултет.
Државниот факултет е само поевтин, тоа е предноста. Дека ќе те научи повеќе, дискутабилно е. А дека ќе те намачи до максимум, загарантирано е. Нема потреба да се поминува низ трауми што ги нуди државниот факултет, од разно-разни аспекти. Учење теорија и 300 глупости што никогаш нема да ти обезбедат работно место, ама за испит мора да ги знаеш. Пракса многу слаба или незадоволителна. Излегуваш на крај со диплома измалтретиран, истрауматизиран и пак неспремен за работа пошто тек на работата учиш она што си требал да го учиш на факултетот.
Приватно си е приватно. Сега не е толку скапо како што беше. Нема да учиш еден куп непотребни работи. Полесно ќе положуваш испити и ќе дојдеш до диплома. И од натаму се' зависи од тебе. Дипломата ти е само виза која треба да ти обезбеди работа и после пресуден е твојот капацитет.
Проблемот кај нас е што секакви сељачишта бре доаѓаат до дипломи и мислат дека само затоа што имаат диплома, им следува работа, па и не само работа туку и добро платена да е.
Ете тоа е главниот проблем => глупи, некадарни, неспособни, а со диплома. Најлоша комбинација! На пр. ако имаш фалц или чисто купена диплома од медицински, економски, правен или електротехнички факултет, а си дрво и појма немаш, ништо нема да ти помогне... освен партиска книшка кај нас нели, ама тоа е па друг проблем заради кој се иселија 500 000 млади мозоци, не знам ни ја што барам тука, но имам солидна професија, па можам да фурам.
Да сумирам: кога би бил сега студент или кога ќе бидам студент во наредниот живот ќе изберам приватен факултет. ✓