Шо ме снемуе мене тука бе ? Нешто не сум по пишење .. ма нема веза.
Него шо ми беше муабетот .. ах да. Абе ми скисна од овие пензионериве бе .. мислам глава ме боли од нив .. секогаш и секаде се мајке му.
Одам пред некој ден да си извадам пари од Western Union (сестрата ми пуштила .. да ме освежи малце мале мале цело лето мале, може и пролет) и чекам на ред .. и влегува едно од сирачињата (читај пензионер) и од врата се дере: ИМА ЛИ ПЕНЗИЈАААААААААААА.
Друг па доаѓа .. фрла книшката и личната карта на шалтер, и оваа шо е благајник му вика „Повелете господине, што ви треба“ и типот онака ко да го фатиле за муда, наеднаш „Шо може да ми треба, за пари идам за шо друго се доаѓа у банка“. Си викам .. ма ништо не си викам бе. Идиотизам на ниво.
Па на сета таа и утре треба 10 станици да ги трпам
Ајт пријатно сеа.