Се додека авторот сакал да покаже нешто преку тоа дело, без разлика дали е само некакво чувство или цела филозофија, или доколку авторот поминал низ емотивен артистички процес додека го создавал делото, треба да се важи за уметност. Многу јасно е дека не секогаш можеме да разбереме која е поентата на делото, сепак модерната уметност е премногу објективна и гледачот ја доживува особено лично.
Јас најчесто не можам да укапирам инсталации, на пример пред некоја година бев на една наречена Член 1 и беше направена од геј луѓе и целата тематика горе-доле се вртеше околу тоа. Во една просторија имаше поставено многу предмети и под секој пишуваше нешто. Меѓу нив имаше поставена краставица и пишуваше нешто слично на: "Со тебе беше мојот прв секс", or something like that. Епа не, не сфаќам зошто би го сметал некој ова за уметност.