Соланж, Дејви, бб476, и остали дупли што ги имаш, пошто сигурно си правиш рефреш и читаш, да ти објасни дада две-три работи што ги вртиш ко некакви аргументи, ама не ми ти се
ич јасни.
1. Освен главниот админ, а тоа е ипоповски, друг не може да банира. Можеме да доделуваме само казнени што се еднакви на бан, така да, џабе мислиш дека се потсмеваш дека некој не знае да банира. Технички не сме во можност. А дали ќе ти пишува баниран или со 30 казнени, е исто.
2. Бан по IP е можен, но не го применуваме за да не го окрка некој незаслужено пошто му се паднала IP адреса што претходно припаѓала на некој ко тебе, кому му било досадно, па си правел 300 јузери.
3. Никој админ или модератор нема дупли профили. Профилот admin само
автоматски известува кога некој ќе промени никнејм. Тоа е бот.
А фантом се однесуваше на неактивноста на ипоповски на времето, дека се вклучува само повремено, не дека се работи за дупли профил.
4. Џабе паметуваш, сам си се нарекуваш кул и секакви бакрачи, кога при секој
заслужен бан, плачеш и вреѓаш ко второодделенец кога симпатијата ќе му каже дека е дебелко, па почнува да се истресува на другите. Тоа не е бунтовништво, тоа е очај.
Пишуваш пошто не е тешко да се направат два клика за да ти се оневозможи пристап и пошто е на некој морбиден начин интересно да се прати ситуација колку профили може да направиш пред да се свестиш дека си трошиш драгоцено време терајќи инат и изигрувајќи воин на виртуелна платформа.
Поздрав и со лесно со новиот ник.