Ете гледаш, ти не прифаќаш мислење различно од твоето. Не мора да значи дека сите се задоволни од здравството. А антивладини пропаганди во „сукоб“ провладини, секогаш имало... ако си провладина, истерај си ја работата, барај си факти и бори си се за ставот, ако те победат антивладините, значи до тебе е
Ете, отвори ја темата каде што мајките си зборуваат за своите маки кога се пораѓале, какви се условите во породилните одделенија... Што убаво со лични искуства е кажано сѐ што треба да се каже, да ти е мерак да читаш и мака што во таква состојба се наоѓаат најсветите во мигот битија на планетата.
Инаку, знаеш колку теми, заминале во заборав... а со труд биле отворени? И што да правиме сега, не можеме да очекуваме сите да се интересираат за истите работи и да ги сметаат за убави и вредни за дискутирање.
Еве јас, пред некое време отворив тема за анализирање на народни песни од митолошки аспект, ниту еден коментар на темата, не ја затворија, ама остана заборавена - ај да се убијам сега.
Исто така, пред некое време отворив и тема на која сакав да ги преведувам рециталите на Факундо Кабрал, се испокаравме на темата со еден, сега ми се чини, неактивен член, и не ми се уби желбата за преведување, но едноставно ме мрзи да преведувам, кога знам дека очигледно само мене ми се интересни
Реакцијата што ќе се предизвика на темите... не можеш да ја контролираш, она што можеш да контролираш - се твоите мисли.