Чедоморство

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Чедоморство или чедоубиство по дефиниција "Убиство на сопственото дете" е честа појава во деношново оштество колку и да е бизарна.
Ме интересира шо мислите вие мада можам да претпоставам...
Ајде да продискутираме!
Чедоморство е збор кој иначе најчесто се користи во црковниот јазик и означува убиство на дете, а тука спаѓа и ембрионот и фетусот. Чедоморство означува убиство, прекинување на живот кој веќе постои.
Измешани ми се дефинирањава и не знам дали абортусот да го сметам како акт кој исто така би бил чедоморство.
Let's see what you think!
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Дали ти би сакал твоето чедо секој ден да се бори за да најде парче леб и да го преживее овој ден и да си формира деструктивни мисли кои само му набиваат комплекс или да го решиш со абортус, think about it.


И!



Размисли за НЕСОВЕСНИТЕ родители кои нагрешка го направиле тоа дете, така да абортусот не би требало да го сметаме за лошо дело или како сакате наречете го.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Интересна тема која е опширна за дебата до недоглед.
Постојат убивање на свои деца во различни аспекти (свесно и несвесно)...
Како и да е можеби некои ќе се сложат можеби некои не,но јас лично абортусот го сметам за убиство. Тоа е убиство на еден зачнат живот кој полека требал да се развива... Е сеа да не навлегувам од кои причини е поттикнат абортусот,дали од немање доволно финасии,дали поради силување и не посакување на тоа дете од некој разбојник итн.
За абортусот има посебна тема така да не навлагам во детали.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Грозно. Ужасно. Да се наежи човек.
Неможам да го оправдам овој чин, и покрај тоа што се смета дека чедоморството онаму каде се случува, најчесто е заради оној постпородилен период кај мајката, каде се наоѓа во некоја специфична психичка состојба. Но и тоа не е оправдување. Можеби се работи за некои потешки случаи. Верувам дека никоја жена не би го направила тоа при здрава и чиста свест на своето дете.
За тоа дали овој акт може да го поврзиме со абортусот, мислам дека не, од причина што мислам дека чедоморството не се поврзува со ембрионот и фетусот како што пишале погоре, туку со раѓањето на детето. Можеби грешам, незнам точна дефиниција за чедоморство но абортусот по мене е право на избор кој впрочем не се казнува како овој другиот поим.
Освен нели од религиозни аспекти каде чедоморството го поврзуваат со абортусот и тоа е најголемиот грев.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991, MoonFairy and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Грозно. Ужасно. Да се наежи човек.
Неможам да го оправдам овој чин, и покрај тоа што се смета дека чедоморството онаму каде се случува, најчесто е заради оној постпородилен период кај мајката, каде се наоѓа во некоја специфична психичка состојба. Но и тоа не е оправдување. Можеби се работи за некои потешки случаи. Верувам дека никоја жена не би го направила тоа при здрава и чиста свест на своето дете.
За тоа дали овој акт може да го поврзиме со абортусот, мислам дека не, од причина што мислам дека чедоморството не се поврзува со ембрионот и фетусот како што пишале погоре, туку со раѓањето на детето. Можеби грешам, незнам точна дефиниција за чедоморство но абортусот по мене е право на избор кој впрочем не се казнува како овој другиот поим.
Освен нели од религиозни аспекти каде чедоморството го поврзуваат со абортусот и тоа е најголемиот грев.
Во право си, абортусот не се казнува а веќе роденото дете се казнува за убиство.
Како и да е во двата случаи е убиство.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Во право си, абортусот не се казнува а веќе роденото дете се казнува за убиство.
Како и да е во двата случаи е убиство.
Многу фактори се клучни овде.
Но не би споредила абортус со она другото, од проста причина што едното од другото е далеку по бизарен и по нечовечки начин да се ослободиш од она што не го сакаш. Мислам дека од правна гледна точка постои некој назив за она дека дури и нероденото дете има некои права па само така може да ги поврзиме абортусот и чедоморството. Но јас со тоа не би се сложила кажав и погоре зошто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ако некој го убие Чедо Јаневски дали тоа е чедоморство?
th_template-philosoraptor.jpg


За абортусот нема точен одговор, од една страна е убиство (или барем спречување на нов живот, што е слично) а од друга страна не е, пошто се работи за човек `во обид`, муи амбиваленте...:unsure
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Законски, за чедоморство се смета ако било извршено по раѓањето на детето. Абортусот не спаѓа во тоа, освен според црквите и про-лајф активистите.
Ова, во пакет со родител-педофил, се најгрозните нешта што може да го снајдат едно дете.
Во доста земји низ Азија и Африка се практикува ова, па е дури и легално, што поради немање контрацепција, а воедно немање и храна т.е. услови за одгледување на децата, што ради преголема популација, па Кинезиве дури и вршат селекција на полови. Не памтам кој пол им е поброен, ама дозволено е неоморство (убиство на новороденче) за да се изедначи машко-женскиот сооднос. (worried)

Ко некој што постојано прати криминал, убиства и емисии по ID и YouTube, можам само да кажам дека би се изненадиле колкав е бројот на ментално нестабилни родители кои посегнуваат по децата. Пред некое време имаше вознемирувачко клипче од една Американка што се снима кај што си ги дави децата, па потоа им средува коси и ги облекува ко принцези, за бившиот да видел дека е добра мајка и дека таа заслужила старателство, а немало да го добие.
Во помодерниов свет, најчест случај се дечиња убиени поради тоа што маќеата/очувот не ги сакал. Трагично е како некој воопшто е спремен да си го повреди детето за да не му побегне нечиј смрден полов орган или дозволува партнерот да му го малтретира детето.
Клиповиве се малце глупаво правени, ама еве...постојат такви психопати, а во некои случаи е трагедија пошто ни самите не се свесни што прават.
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
http://www.mkd.mk/65206/crna-hronik...vo-majka-so-pistol-si-go-ubi-petgodisniot-sin
http://ohridsky.com/?p=31823

Чедоморство - Македонец убил три свои деца
-Со јаже веднаш по породувањето на неговата сопруга Весна, Слаѓан минатата година задавил уште едно негово чедо. Двете бебиња прво ги закопувал во дворот, потоа ги преместувал 300 метри подалеку, во близина на бавча.
Чедоморството се случувало со знаење на потесното семејство.
„Што ме прашуваш мене, што да кажам?“, рече дедото на убиените деца.
40-годишната Весна, мајка на десет деца, против која полицијата покрена кривична пријава, а судот поради недостиг на докази за соучество привремено ја ослободи од притвор, според соседите, ретко излегувала од домот на 12-членото семејство.
Весна се породила во куќата, од каде соседите слушале бебешки плач. Знаеле оти има новороденче на кое потоа му се губи трагата. Ова го пријавиле во полиција. Првично се сомневале дека децата се посинуваат нелегално.
По распитот во светиниколската полиција, таткото убиец го посочил местото каде го погребал последното дете. Ископувајќи го распаднатото тело, полицијата случајно го открила и другиот скелет на новороденче погребано минатата година.
Кај истражните органи денес се постави и дилемата дали расветлувањето на случајот побројно чедоморство кај семејството Петковски ќе значи расветлување на други застарени случаи на убиство на сопствената рожба во Светиниколско.
Не се работи за две, туку за три убиени бебиња во семејството Петковски, велат жителите на Пеширово. Некои од нив сведочат и за други случаи на чедоморство во овој крај.
„Од старо време, ама тоа е друг случај. Одела со некој, останала бремена, го породила, го удавила и го однесла на турските гробишта, го закопала“, изјави жител на с.Пеширово.
Јавна осуда и сожалување предизвика овој случај кај соседите во Пеширово. Велат дека со 1.900 денари преживувало 12-члено семејство.
„Мирни се. Не сме имале лошо ни од децата, ни од постарите“, вели жителка на с.Пеширово.
Светиниколскиот Центар за социјални работи и во овој случај постапувал според законски одредената парична помош. Ретките посети на теренот не можеле да утврдат дали и кога треба да се делува превентивно и како треба да се влијае на планирањето на семејството.

[Препишано]
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider