Чедоморство

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Одвратен и болен народ има и кај нас, ама државата претежно ги штити најболните криминалци, а лови ситни риби.
Со статииве ме потсетивте на бебенцето Најден што го беа нашле претепано и без јазиче. И тоа си го однесе и покрај толку мачење да го спасат. (worried)
Колку и да неќам да мешам религии и националности, нели е Арачиново, јасно ни е чие бебе беше и зашто заврши така. Кај нив е огромен грев и срам да се има вонбрачно дете, ама очигледно не е грев да се одземе детски живот на таков грозоморен начин. Да им се плукнам во логиката.
Најтрагично е што никој не се најде да одговара за тоа. Не затоа што не можеле да најдат кој е, туку затоа што некој веројатно повлекол многу јаки конци, може играле и закани со зоља, а законот молчи пред таквите. Штета.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-, malo and JaMi

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А где је субвенција? Држаата се посра од трубење за субвенции за трече дете, овој парот од чешиново-мешиново ги имал 12, све хунзи и тоа со социјалка од 1.900 денари, по логика би требало да земаат 4 такви субвенции, ама изгледа условот е освен хунза породицата да биде вмбловска.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Не знам стварно што да кажам,душа ме боли за тие деца...не,не можам да си објаснам како можат такви личности да бидат на слобода и да живеат нормален живот. Ајде постпородилната депресија ми има некоја повзраност за убиство на дете(што во никој случај не оправдувам), али овој горе наведениот случај не можам да си го објаснам,три бебиња да убијат и никој ништо да не превземе!!!! Не е можно,некои луѓе не можат да имаат деца,одат секаде,прават се и сешто,на крај се одлучуваат на инвитро или пак посвојуваат деца или пак остануваат без челад...
Жално... Многу жално...
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Дали ти би сакал твоето чедо секој ден да се бори за да најде парче леб и да го преживее овој ден и да си формира деструктивни мисли кои само му набиваат комплекс или да го решиш со абортус, think about it.

И!

Размисли за НЕСОВЕСНИТЕ родители кои нагрешка го направиле тоа дете, така да абортусот не би требало да го сметаме за лошо дело или како сакате наречете го.
А кој денес не се бори за опстанок и не живее под константен стрес и нема комплекси? По твое само децата на богатите имаат право да живеат.
Животот е многу повеќе од борба за опстанок, од финасии, статус во општеството, полн стомак, професија и епитет. Животот е многу повеќе од убава облека, скапа кола, нај нов телефон или искачање во фенси кафулиња.
Можеби твоето дете сака да биде живо без обзир на твојата материјална состојба. Од каде знаеш што се може да носи неговата душа и како тоа дете би ја доживеало реалноста? Ми се гади од вакви мислења, демек абортусот ке го спаси детето од суровоста на животот... што не се самоубиеме тогаш ние веке родените? Зошто тогаш ние упорно го живееме тешкиот живот ако е толку лошо тоа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Altaïr

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002

Не мораше да покажуваш олку агресивност, искрено и јас сакав да ти вратам на овој начин, но си реков остај.. Размисли малце, можеби мојата реалност во моите очи е малку поразлична од твојата реалноста во твоите очи, и дека немаме идентични граници во финансиски аспект итн..?

Тоа е инстикт да се бори, бидејќи сеуште не е свесно, а додека да стане свесен и одговорен, за него се грижат родители. Јас ако сум проценил дека "на грешка" сум направил дете и дека не сум способен да гледам, нема да дозволам така т.е. нема да дојди ни до оваа ситуација!

Сакам да те прашам, зошто не го прашуваат пред крштевање детето дали сака да биде крштеван, можеби ќе ја одбие христијанската религија? :)

И, јас не се самоубивам оти толку сум загревој што не знам да составам проштално писмо. :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

А дете кое е старо две минути е посвесно? Која е разликата во свесноста на дете во утробата и на дете само што искочило од таму?
А да не ја прошируваме темата подалеку и да не зборуваме за (не)свесноста на возрасните луге.
Секако дека мојата и твојата реалност се разидуваат и секако дека немаме идентична финансиска ситуација, но јас ова ти го зборувам како невработена, самохрана мајка на две деца (да не набројувам понатаму)
Моите деца можеби понекогаш заспиваат гладни, можеби секоја вечер плачат што не почувствувале татковска љубов и грижа, но несомнено се многу среќни што се живи, што се тука на овој свет...
Пак ке кажам, животот е многу повеке од она што ни се чини и немаме никакво право да одлучуваме за животот на нашите деца (ова важи и за крштевањето, мое мислење е дека е треба ниту верата да им се наметнува, но тоа е друга тема)
 
Знаеш што, сега те почитувам многу повеќе за искреноста што ја сподели на форум. И препрочитај ми го вториот пасус и втора реченица.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јас ако сум проценил дека "на грешка" сум направил дете и дека не сум способен да гледам, нема да дозволам така т.е. нема да дојди ни до оваа ситуација!
А според тебе кој е критериумот да бидеш спремен за дете?
И бај д веј, материјалната лагодност и финансиите не се мерило дали си спремен или не си...Тие се варијабилни.
Денес ги имаш, утре може не. Може се’ да се случи и да ги изгубиш во секунда...и тогаш?
Еве си имал пари и сметаш дека си спремен за дете...се случува нешто непланирано, ти ги голта сите пари...и после?
Исто како што денес немаш а утре можеби ќе имаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
А според тебе кој е критериумот да бидеш спремен за дете?
И бај д веј, материјалната лагодност и финансиите не се мерило дали си спремен или не си...Тие се варијабилни.
Денес ги имаш, утре може не. Може се’ да се случи и да ги изгубиш во секунда...и тогаш?
Еве си имал пари и сметаш дека си спремен за дете...се случува нешто непланирано, ти ги голта сите пари...и после?
Исто како што денес немаш а утре можеби ќе имаш.

Еј, јас не сум на форум да философирам, ја кажувам реалноста каква е. Не сакам моето дете да страда и додека не се осигурам финансиски нема да основам семејство, што е тука чудно и да ме тепаш вербално? И тоа твоето „Ако ова, ако она“ е смешно во најмала рака и да се дебатира околу тоа.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Еј, јас не сум на форум да философирам, ја кажувам реалноста каква е. Не сакам моето дете да страда и додека не се осигурам финансиски нема да основам семејство, што е тука чудно и да ме тепаш вербално? И тоа твоето „Ако ова, ако она“ е смешно во најмала рака и да се дебатира околу тоа.
Не те тепам...таман работа...
Па не би рекла дека реалноста е таква...можеби твојата...
Ти сметаш дека треба да имаш за да го гледаш тоа дете...
Не велам не...таман работа да го земеш на душа детенцето а да немаш ни еден грош в џеб...
Муабетот ми е, на човекот никогаш не му е доволно...
Доволно е да имаш некоја нормална плата, зашто на детето му треба пред се’ љубов и грижа...а материјалните апетити ќе му бидат онолку големи колку што ќе му ги направат родителите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo