Црна Хроника (убиства, сообраќајки, самоубиства)

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Срамота и греота е ова .. Некој спие на наши пари, се отепаја од даноци земање за све и свашта а некој страда.. Не Знам до кога вака...
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
каков Декември, ако имаат малку совест по оваа состојба ќе си дадат сите до еден оставка затоа што реално можеше да се избегне ова ако не ја имаа заборавено периферијата и не вложеа малку и кај нив, али знаеш на страна се па кој ги гледа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Тоа центарот на главниот град беше под вода, коли беа под вода, улиците беа реки, за периферијата вика. :)
Нив не ги знаат ни дека постојат.
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Седам и гледам како се реагира на несреќава што не снајде.
Едни си тераат "хумор" и си објавуваат слики Скопје/Малдиви, ја лајкнуваат Ина Фина со нејзините досетки и се натпреваруваат кој најинтересна "шега" ќе каже. Други бараат пак виновници во политиката и очите си ги вадат. Трети не се замараат, онака си трешти музика, полов орган ги боли.
5% од популацијава дали изрази искрено сочувство кон фамилиите и оштетените луѓе. Наместо да се здружиме и да гледаме како да им се помогне на загрозените, ние уште толку ќе се заколиме. Секоја чест на исклучоци.
Ова како потсетник за секогаш кога ќе се запрашам зошто никогаш нема да не биде како народ. Мислев дека барем во ваков црн момент ќе бидеме поштедени од очаен хумор и политички препукувања. Сум го преценила народов.

143 400 е бројот, кој може нека се јави.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Saladin

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Која е таа Ина бе? Ја видел некој? Дај да ја начекаме да ја превртиме во некоја канализација. :)
Иначе колку и да се избегнува тој политички муабет, не може, бидејќи за ова има виновник, не е од природата. Значи овој дожд не е ништо, буквално не е ништо, ако се ни беше супер ко што викаат, немаше ни 1 метар вода да има. За помош ќе помогнеме, ама не може да се ќути за тоа кој е виновен, и не смее.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and escape

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Не е баш дека не е ништо.
ИСтотака може да се избегне и политички муабет, бар додека хуманитарките, реставрацијата и помошта се во тек. Барем ден-два може, додека не се стишат работите и не се среди ситуацијата. Па после нека бараме политичка одговорност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Selene

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Како да се избегнуваат тие муабети кога реално дури и во хуманитарките и рестервациите пак е замешана политиката ама искрено според мене само за рејтинг. Каде беа бе тие кога беше најкритично. Од 22:00 часот по фејсбук замисли по фејсбук луѓето кај обиколницата бараа помош да ги спасат затоа што ни полиција ни пожарна ни брза помош ништо не било достапно. До 00:00 часот помош од институциите немало од никој, за една минута може да се изгубат 10ци животи а камоли за неколку часа. Една жена пред малку се јави во канал 5 која била баш кај обиколницата предходниот ден и вика дека по лешови газеле, а овие викаат само 21 жртва, зашто не кажат колку точно жртви има?
Ова е срам за државата/власта толку многу жртви да се изгубат од еден пороен дожд, па што ќе биде ако недај боже пукне браната кај матка? Сите ќе умреме.
Да беа сите тие шахти и канали чисти и институцииве да не чекаа да помине невремето па да се впуштат во помош немаше да има жртви или тоа би било минимален број!
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Седам и гледам како се реагира на несреќава што не снајде.
Едни си тераат "хумор" и си објавуваат слики Скопје/Малдиви, ја лајкнуваат Ина Фина со нејзините досетки и се натпреваруваат кој најинтересна "шега" ќе каже. Други бараат пак виновници во политиката и очите си ги вадат. Трети не се замараат, онака си трешти музика, полов орган ги боли.
5% од популацијава дали изрази искрено сочувство кон фамилиите и оштетените луѓе. Наместо да се здружиме и да гледаме како да им се помогне на загрозените, ние уште толку ќе се заколиме. Секоја чест на исклучоци.
Ова како потсетник за секогаш кога ќе се запрашам зошто никогаш нема да не биде како народ. Мислев дека барем во ваков црн момент ќе бидеме поштедени од очаен хумор и политички препукувања. Сум го преценила народов.

143 400 е бројот, кој може нека се јави.

Напротив, треба да се баталат сочуства и да се тркалаат глави пошто со сочуства и јавувања на телефон нема да се смени ништо и наредниот пат ќе има 30-40 жртви и наредниот и наредниот и наредниот...али хунза је хунза...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ситуацијата е следна.
Имаше стихијна поплава која во распон на 24часа ако се распределеше, количеството ќе беше десеткувано. Што значи во тие 3-4 часа наврна многу.
Во тој период, скоро и да е невозможно е да се помогне. Како и да е, ако има колку толку прооден терен, кризните штабови мора да реагираат, а не да седат со скрстени раце.
Превентивата одамна е забошотена, од почетокот на нашата независност. Урбаната мафија си ровари, полуписмена раја си трпа канали на сметка на 2-3 квадрати плус, канализациите не се чистат, потрошачко друштво нема ни грам свест како селективно да го исфрла отпадот, а тој потоа селекивно да биде рецилиран/обработен/фрлен во депонии.
Но сепак бар во овие 2-3 дена додека е кризен период, не би дискутирал многу за политичкиот ешалон, иако на сите мање више ни` е јасно до кое „тркало“ е дојдено работава. Но после тоа се засукуваат ракавите и се работи на случајот. И оние од настраданите, и оние солидарните. За ваква банална немарност се виси на плоштад.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Selene