Хммм... Пушач сум и не знам да одговорам на прашањето: завист или навика? Пушач сум веќе 8 години и знаејќи колку ми штети не ми доаѓа памет за да речам еве, ги оставам. Сум се обидела да ги оставам, меѓутоа најдолг период на тоа оставање било една година. Не пушам многу, една кутија дневно, а и не се нешто многу јаки. Пропушив од љубопитност, чисто да видам како е. Особено чувствувам потреба за цигара кога сум под стрес или кога имам многу работа. Жал ми е што денешниве тинејџери не си го ценат здравјето и почнуваат да пушат цигари на 12 години само за да ги импресионираат другарите околу себе.