1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Цените на горивата драстично се зголемуваат!

Дискусија во форумот 'Авто-мото' започната од Hip.Hop_MKD, 27 февруари 2012.

  1. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,071
    Па редно беше, барем уште малку бензинот да го поевтинат супер ќе биде.
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Уште ке паѓа цената. Сега пак имало многу залихи, нормално дека ке има скапо е и секој избегнува да користи возило ако не е толку потребно :)
     
    На Selma му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Ама сега почнаа и драстично да се намалуваат. :D По 1, 3, 2, 4 денари. И во септември оп одеднаш скокне на 10 денари. :rofl
     
    На Maks му/ѝ се допаѓа ова.
  4. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Бензините од ноќеска на полноќ поскапеа за два денара по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за три денари по литар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
    Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,49, односно за 4,25 отсто.
    Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од утре ќе чини 71,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 60 денари за литар.
    Со одлуката на РКЕ, за 2,559 денари се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 45,019 денари за килограм.
    Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,3 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14 - дневен период и за 0,94 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

    Јас одма си ставив за 1000 да ги пробам по новите цени како ке ме возат.
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    И пак сме поефтини од соседниве држави.
     
  6. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    да да,и џебот ни е поефтин.
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Оди прашај ги Грците и Бугарите од кај полнат? Вчера се вратив од Грчка и цената беше 10-15 денари поскапо кај нив. И во Бугарија е поскапо. За Србија, Косово и Албанија не знам. Не идам многу натаму.
     
  8. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606
    знаеш што ни треба нас револуција како во грција граѓански немири како кај нив да се треси владата
    ама едно заборави дека во грција просечна плата е 1000 евра
    Косово албанија не ги рачунам нив кај и да е не претицаа за во европа
    и трето горивото во грција е за 100 посто поквалитетно од кај нас
     
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Веќе не е просечна плата 1.000 евра. Тоа веќе од дамна го заборавиле. Што мислиш, зошто немири имаше? (да не идеме оф-топик, за ова во друга тема ќе ти појаснам)
    А за поквалитето неможеш да кажеш, зошто ние имаме Лукоил, и Русите носат доста добро гориво. На Макпетрол исто така е добро горивото.
     
  10. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Честито нови влечки :besen

    Од ноќеска на полноќ не’ очекува ново зголемување на цените на нафтените деривати, соопштува Регулаторната комисија за енергетика.
    Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари за литар. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,00 денари за литар и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 денари за литар.
    Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар.
    Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 73,00 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61,50 денари за литар.

    297633_399675700095845_1255657949_n.jpg
     
    На Martin_MKD и Foxboro им се допаѓа ова.

Сподели: