Цените на горивата драстично се зголемуваат!

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Од ноќеска безнините поевтинуваат за 3,5 - дизелот за 3 денари

Македонија | 18. јуни 2012 - 12:36
Бензините од полноќ поевтинуваат за 3,5 денари, а дизел горивата за 3 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

ShareNew


bbenzinnn.jpg
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 80 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 56 денари за литар.
За 2,47 денари поевтинува и мазутот, и ќе чини 42,378 денари за килограм.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,21%, а малопродажните за 4,65%.
Комисијата ја образложува корекцијата на цените со поевтинувањето на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена за 7,44% и со проемената на курсот на денарот во однос на доларот за 0,59%
Извор: http://www.press24.mk/story/benzini/od-nokjeska-bezninite-poevtinuvaat-za-35-dizelot-za-3-denari
Па редно беше, барем уште малку бензинот да го поевтинат супер ќе биде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Maks

Староседелец
Па редно беше, барем уште малку бензинот да го поевтинат супер ќе биде.
Уште ке паѓа цената. Сега пак имало многу залихи, нормално дека ке има скапо е и секој избегнува да користи возило ако не е толку потребно :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ама сега почнаа и драстично да се намалуваат. :D По 1, 3, 2, 4 денари. И во септември оп одеднаш скокне на 10 денари. :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Бензините од ноќеска на полноќ поскапеа за два денара по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за три денари по литар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,49, односно за 4,25 отсто.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од утре ќе чини 71,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 60 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ, за 2,559 денари се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 45,019 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,3 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14 - дневен период и за 0,94 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Јас одма си ставив за 1000 да ги пробам по новите цени како ке ме возат.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
:eek::eek::eek::eek::eek:, мојсеј ли е во тебе Маричик што зборуваш (facepalm)

Оди прашај ги Грците и Бугарите од кај полнат? Вчера се вратив од Грчка и цената беше 10-15 денари поскапо кај нив. И во Бугарија е поскапо. За Србија, Косово и Албанија не знам. Не идам многу натаму.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Оди прашај ги Грците и Бугарите од кај полнат? Вчера се вратив од Грчка и цената беше 10-15 денари поскапо кај нив. И во Бугарија е поскапо. За Србија, Косово и Албанија не знам. Не идам многу натаму.

знаеш што ни треба нас револуција како во грција граѓански немири како кај нив да се треси владата
ама едно заборави дека во грција просечна плата е 1000 евра
Косово албанија не ги рачунам нив кај и да е не претицаа за во европа
и трето горивото во грција е за 100 посто поквалитетно од кај нас
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
знаеш што ни треба нас револуција како во грција граѓански немири како кај нив да се треси владата
ама едно заборави дека во грција просечна плата е 1000 евра
Косово албанија не ги рачунам нив кај и да е не претицаа за во европа
и трето горивото во грција е за 100 посто поквалитетно од кај нас

Веќе не е просечна плата 1.000 евра. Тоа веќе од дамна го заборавиле. Што мислиш, зошто немири имаше? (да не идеме оф-топик, за ова во друга тема ќе ти појаснам)
А за поквалитето неможеш да кажеш, зошто ние имаме Лукоил, и Русите носат доста добро гориво. На Макпетрол исто така е добро горивото.
 

Maks

Староседелец
Честито нови влечки :mad

Од ноќеска на полноќ не’ очекува ново зголемување на цените на нафтените деривати, соопштува Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари за литар. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,00 денари за литар и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар.
Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 73,00 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61,50 денари за литар.

297633_399675700095845_1255657949_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD and Foxboro