Цените на горивата драстично се зголемуваат!

Maks

Староседелец
Па овие нашиве рекоа дека се покачил :bangheadАбе овие нас за што не сметаат, за дебили???:alien
Прати ја берзата на CNN јас не им верувам повеќе на нашите,овие нашите не лажат само кога ќутат иначе а презборат, а излажат. Баш пред 5-6 дена видов дека се симна барелот нафта:stomp
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iva89

Maks

Староседелец
Еве пак од денес поевтини нафтата на берзата да видиме за 2 недели кај нас ако ја поскапат повторно значи дека нешто со регулаторната комисија не е во ред

http://sky.mk/ekonomija/18739.html?task=view

Извор: Sky.mk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
очигледно P.R. China's style
  • Ефтина кинеска стока на пазарот во МК
  • кинески автобуси
  • Замена на автомобилите со велосипеди
третото е во фаза
 
Maks

Староседелец
Гневна маса излезе на улиците во главниот град на Индонезија за со протест да укаже дека не се согласува со неодамнешните најави дека Владата наскоро ќе ја подигне цената на горивата за 30%.
Полицијата одговорила со солзавец и водени топови против илјадници демонстранти, кои вчера излегоа на улиците на Џакарта. Големи демонстрации беа одржани вчера во речиси сите поголеми градови во Индонезија, додека во исто време парламентот се консултирал дали да се оди со драстично зголемување на цените, јавува Асошиетед прес.
jakarta-protest1.jpg
Некои законодавци во владата наведуваат дека државата мора да запре субвенциите за гориво. Други тврдат дека таков потег би ја удвоил инфлацијата.
Жителите на Индонезија веќе седум дена, протестираат против најавените зголемувања на цените на горивата.
jakarta-protest2.jpg
jakarta-protest3.jpg
jakarta-protest4.jpg
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Ново поскапување на горивата се крчка пред утрешната седница на Регулаторната комисија, која според сознанија на Скај ќе одреди повисоки цени на бензините за 1 до 1,5 денари по литар.
Најоптимистичко очекување е дека цената на дизелот ќе остане иста, но сепак утре се' ќе биде појасно.
Пред 14 дена, Регулаторната комисија одлучи цените на бензините да скокнат за денар и половина.
Некои од медиумите блиски до владејачката партија, обелоденија дека се туркаат постепени поскапувања на бензините, кои ќе достигнат до 2 евра или 120 денари, по што владата би интервенирала со намалување на акцизите.
Со поскапувањето на бензините, во земјава е забележан тренд на брз раст на цените на прехранбените производи.

е ај дека не можат до 100 да го донесат бензино !!!!!!!
 
Пред 4-5 дена барелот падна на берзата, ако поскапат и сега тоа значи дека регулаторната се најголеми криминалци во оваа држава.:stomp Само снајперо за нив ништо друго.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor

Maks

Староседелец
Од ноќеска на полноќ Бензинот поскапува за 1,50 Денари.
Нови цени...
Еуросупер 98 - 90,50 Ден.
Еуросупер 95 - 89 Ден.

Дизелот поевтин за 2 Денари.
Нови цени...
Еуродизел - 73,50 Ден.
Биодизел - 74,50 Ден.
Екстра лесно - 62 Ден.
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
литар бензин за 90 денари !! Остваруваме , пардон осиромашуваме ....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iva89

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Еуросупер 98 - 90,50 Ден.
Тато коа ќе види ќе му се стемне :rofl, ќе рече шо им текна да покачуват цените супер си беа на времето по 50-60 денара. :D А се сеќавам некаде 2003/2004 плинот беше околу 20денара. :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks