Денес 17.08.2012 Год.
Цената на сировата нафта се спуштила на ниво од 114 долари за барел по што САД одлучиле да ја разгледаат можноста да ги одмрзнат стратешките резерви за да може да се намали цената на нафтата.
Цената на еден барел сирова нафта паднала за 1,4 долари на 113,87 долари, за потоа да се стабилизира на 114 долари.
На американскиот пазар еден барел се тргувал за 40 центи пониска од цената од 95,1 долари, откако еден ден претходно завршила со добивка од 1,27 долари.
Резервите се на високо ниво, па многу вложувачи сметаат дека неодамнешното поскапување било претерано.