Цените во рестораните/дискотеките/кафулињата

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
бев во струмица неколку дена, баш тој период кога беше ајваријадата :D
стварно многу евтино ми дојде се ... од сабајле до вечер, од ресторан во кафич, од кафич во ресторан ... за 6 дена потрошив 150 еур - од кој 100 ги дадов за сместувањето ... покрај цените и струмичанките ме изненадија - позитивно (happy)

Општо јужниот дел секаде е ефтино, ете појди до Дојран, Гевгелија, Богданци и ќе се изненадиш од цените. Во Гевгелија сок 40 денари во кафиќ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Да, кај нас во Кочани е ефтино.. ама нема што да се прави.. се е тоа па тоа..
истите цени како во Штип со таа разлика шо кај нас.. е досадно .
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Дечки предлог кафана кај што има вкусни пилешки прсти и ефтина водка, а кафаната да не е биртија и да искачаат младичи ? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar and Bum-Bum

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дечки предлог кафана кај што има вкусни пилешки прсти и ефтина водка, а кафаната да не е биртија и да искачаат младичи ? :)

Македонска Куќа, Национал, Канцона.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Mila Kunis

igor89

Нов член
8 ноември 2012
1
1
1
34
Скопје ти е оаза на млатење пари на сметка на нечија желба да пие кафе, коњак или да јаде нешто.
Колеж.
Кока кола шишенце од 0.25 л од Пивара го купува 13 денари, го продава 100 денари.
Епа што е многу, многу е.
Во маалските кафулиња, се јаде некако, ама овие од кремскиот Центар се огин и пламен. Па не ни сакам да им одам додуша многу многу.
И за храната, кога ќе земеш дека за солиден ручек во ресторан ( зборам културно место не прчварница) за двајца треба да платиш околу 1000 денари, а реално со тие пари ќе истераш некој ден да јадеш дома, јасно е колку е саат.
Ама тоа е, не се работи за цени и вкусна храна, туку моментот на социјализација е пресуден.
Тоа е тоа.

Жити бога кажи кој ја продава кока колата 0.25л по 13 денари, утре да ви купам на сите по една гајба.. 19 денари е без ДДВ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN