Цените во рестораните/дискотеките/кафулињата

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,125
1,844
423
Еден досаден град
Скопје е доста скапо, а дали одговара на стандардот па зависи тука живеат семејства од сите класи за некој е премногу за некој е океј а за некој па ништо.Искрено јас се изненадив кога отидов во Валандово и тамо нес кафето беше 40 ден. а во Скопје за исто такво ке платиш од 90 до 180 зависно од кафичот. Сепак сметам дека треба малку да се намалат цените :D
 
  • Like
Реакции: JaMi and Sugar

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,566
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
кај нас според наш стандард е добро
кафе имаш 50- ден капучини...има мислам и 30-40 денари е експресото
ааа за храна ефтино е ама нема квалитетна храна
седвичите се движат по 50-ден....па нагоре
а пиците 170 или 180 ден. голема пица :)
 
  • Like
Реакции: JaMi

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Прилеп е прилично ефтино.
Макијато 30- 50 денари зависи на кое место .
Капучино 50 денари
Нескафе 70 денари
Џин Боровнца, вотка боровница 70 денари
Пепси, Фанта, Кока кола и останатите газирани пијалоци 60 денари
Браво 70 денари
Сендвичи 50,60, 70 денари
 
  • Like
Реакции: JaMi

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Скопје ти е оаза на млатење пари на сметка на нечија желба да пие кафе, коњак или да јаде нешто.
Колеж.
Кока кола шишенце од 0.25 л од Пивара го купува 13 денари, го продава 100 денари.
Епа што е многу, многу е.
Во маалските кафулиња, се јаде некако, ама овие од кремскиот Центар се огин и пламен. Па не ни сакам да им одам додуша многу многу.
И за храната, кога ќе земеш дека за солиден ручек во ресторан ( зборам културно место не прчварница) за двајца треба да платиш околу 1000 денари, а реално со тие пари ќе истераш некој ден да јадеш дома, јасно е колку е саат.
Ама тоа е, не се работи за цени и вкусна храна, туку моментот на социјализација е пресуден.
Тоа е тоа.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,130
1,066
113
Скопје
www.statik-group.com
Цените во Скопје-изгор.
Бидејќи сум од Скопје, имав еден период на идење по сите можни места низ центарот да испитам каде е убаво нештото и дали вреди према дадените пари.
Среќа имам најдено места кои што за пристојна цена добиваш многу убаво вкусно јадење.Редовен посетител сум и знам од чистачки до газда :D
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum, JaMi and Sugar

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Ја уствари знам едно местенце у Скопје каде што нескафето е 40, топло чоколадо е 50, капучино е 50, кока-кола + макијато е 50. Знам друго местенце каде има 0,5л точено темно пиво за 80 ден. Кај мене на факултет у бифе кригла пивце е 60. Со обѕир на тоа дека мене гајле ми е дали пијам кафе у центар или у некоја зачукана уличка се` додека имам добро друштво, јас си пијам кафенца и пивца за ефтини пари. Знам и сендвичара каде хамбургерот е 80 а е еден од најубавите, голем тост со помфрит е 70 итн.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
894
1,988
1,093
да ве сватам да сакате намалување на цените на горивото, електричната енергија и се друго што е поважно во животот ...
но дискотеки, кафулиња, рестроани ... можам да ги наречам како задоволство од луксузен карактер ...
ако сакаш да си го препуштиш тоа задоволство... ке си платиш - значи не е од морален карактер
ако ти е до забава на ваквите места , ке се испукаш еден викенд, ке поебеш мин 50 еур и ке имаш ваљда некој спомени :)
има милион други начини за забава - не е се во дискотеките :)
а немам ништо против намалување на цените на пијачките - баш напротив :D
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Во Струмица доста ефтино е во било која кафана/кафуле. А во Скопје цените се до облаци, поготово тие на кеј. Со таа висока кирија што ја плаќаат тешко да ќе паднат цените.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
894
1,988
1,093
Во Струмица доста ефтино е во било која кафана/кафуле. А во Скопје цените се до облаци, поготово тие на кеј. Со таа висока кирија што ја плаќаат тешко да ќе паднат цените.
бев во струмица неколку дена, баш тој период кога беше ајваријадата :D
стварно многу евтино ми дојде се ... од сабајле до вечер, од ресторан во кафич, од кафич во ресторан ... за 6 дена потрошив 150 еур - од кој 100 ги дадов за сместувањето ... покрај цените и струмичанките ме изненадија - позитивно (happy)
 
  • Like
Реакции: Marick14