Х-Фактор Адриа

Повеќе би сакале X Factor да е..

  • Македонски (само во Македонија)

    Гласови: 19 46.3%
  • Балкански (во пакет со земјите од екс ју)

    Гласови: 22 53.7%

  • Вкупно гласале
    41

Special

Истакнат Член
22 август 2013
47
19
108
Се надевам барем ќе има квалитетни натпреварувачи.Искрено не ми смета што е со останатите држави,затоа што МК не верувам дека ќе успее да го направи тоа сама како држава,вака заедно нешто може да испадне.Малку ќе кренеме глава од турсково ;)
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Да не лутате низ теми да пишувате колку некој ве воодушевил со својот настап, па и да коментирате за се што се случува во ова музичко шоу и на големо задоволство на melpomena пошто и таа си ја побара повелете тема за Х Фактор Адриа.

Х Фактор Адриа е музичко шоу и српска верзија на оригиналниот американски Х Фактор, со српско производство, но со аудиции и претставници и од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

the-x-factor1_0.jpg

Пишувајте за вашите фаворити и типувајте за победникот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Нема да го коментирам вечерва концептот на самото како да го наречам,шоу :zelen
Но фасцинирана бев од девојчево,ете уште ја слушам.

Има и други што ми се допаднаа онака посебно,ама вечерва само за нејзе.
тенкју Хоуп ...ти должам една тема :zelen
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Сега за сега Тамара ми е фаворит. Само.... се мислам која супстанца ја имаше во себе затоа што движењата...колку и да беше понесена од мелодијата сепак не ѝ беа координирани.
Можеби грешам. Можеби е само привид; плод на мојата фантазија. Не знам, ама таков впечаток ми остави.
Исто така девојчето Илма, Ирма како ли беше од првата епизода ме занеме. Имаше толку моќен глас... Ама потоа ја слушнав во некоја емисија како пее народни песни - и не ме воодушеви многу многу. Што значи можеби само таа песна што ја пееше на првата аудиција ѝ беше легната така добро па пренесе силна емоција.

Имам една критика за жири-то. Ужасни се! Посебно Жељко...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Супстанца?
Не координирани?
Колку различна перцепција имаме значи,но не битно.
И мене ми се допадна и Ирма.
Околу жирито,поготово Жељко сега за сега ми е нај реален и немам никаква забелешка.
Не се лоши а и прв пат им е.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Супстанца?
Не координирани?
Колку различна перцепција имаме значи,но не битно.
И мене ми се допадна и Ирма.
Околу жирито,поготово Жељко сега за сега ми е нај реален и немам никаква забелешка.
Не се лоши а и прв пат им е.
Реален е да, ама неколку постапки негови ми стапнаа на нерв:
1. Кога се исфилма дека кога децата пеат на странски јазик не им ја разбира емоцијата;
и не ми текнува на неколку други што во момент ме исфрустрираа.

Инаку за некоординирани, ми се чини во еден момент почна да се треси и да тапка во место. Цело време очите ѝ беа полу затворени и некако чудно ми изгледаше.
Реков, можеби не сум во право ама ете така ми делуваше.
Сепак, колку и да ги имаше тие детали...ме фасцинира гласот :)

едит: Многу ми се допадна телото и стајлингот на конкуренцијата на Северина. :)
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Јас му ја подржувам идеата за пеење на свој јазик.
Сепак и вокалните способности така се по впечатливи.
А и да се филма,сите се филмаме,па зошто не и тој :)
А околу девојчето,јас се ,,тресев,,кога ја слушав а не пак да пеев место нејзе.
И тресењето и беше координирано со музиката,како што кажав,за мене многу нормално,може јас грешам.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Јас му ја подржувам идеата за пеење на свој јазик.
Сепак и вокалните способности така се по впечатливи.
А и да се филма,сите се филмаме,па зошто не и тој :)
А околу девојчето,јас се ,,тресев,,кога ја слушав а не пак да пеев место нејзе.
И тресењето и беше координирано со музиката,како што кажав,за мене многу нормално,може јас грешам.
Јас па ја подржувам идејата за пеење по сопствен избор :)
Може и затоа толку лоши чувства кон Жељко.
Еј, а што ќе кажеш за ромите? Јас таков стил на музика ич не сакам, ама распалија дечките - признај?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ана-Каренина

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не ги гледав искрено,а и слушајки ја девојката заборавив да ги побарам.
Сопствениот избор никој не го успорува.
Но некои гласови,букви,како сакаш наречи ги,во другите јазици и нашиот не се исти.
Колку сака некој нека го владее англискиот или било кој друг,нема да го владее како својот.
Се надевам ме разбра.
Не се работи за патриотизам туку за нешто сосема друго.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Нема да изигравам професионално жири но ќе го споделам моето лично мислење.
За сега Илма ми е фаворит,прекраснен глас на само 13години ... воодушевена... :x
Тамара беше прекрасна се воодушевив од целосната нејзина престава,толку умешно ја престави песната,соживувајќи се целосно... браво...
Фифи -ќе се водздржам од секакви коментари... :wub
Групата Роми ми беа баш интересни на сцена,знаеа да се ''носат'' ... (muscle)
Христина Вуковиќ беше извонредна,родена за сцена... (y)
Алекса Перовиќ -убав глас и стас...
Петар Јојиќ- многу лоша копија од Чола... али може ќе се исправи...
Славко Калезиќ -баш интересен сценски настап мн добро глуми и знае по малце и да пее :D
Во целина,интересни се до сеа кандидатите ... :wavespin Во очекување сме на останатите....

Хоуп* и Хрватска учествува