Хрватска

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Службено име: Republika Hrvatska (Република Хрватска)
Државно уредување: Парламентарна република
Површина: 56.594 км2
Број на жители (2011): 4.290.612
Главен град: Загреб
Парична единица: Куна

Хрватска, со главен град Загреб, е сместена на раскрстот на патиштата кон средна Европа и Средоземието. Обилува со природна убавина, богата култура и традиција. Влијанието, на медитеранската култура, бројните споменици од времето на антиката, стариот Рим и раниот среден век и цела низа на сочувани карактеристично медитерански урбани целини, културолошки го одредуваат брегот на Хрватска.
Континенталниот дел на Хрватска е дел на Средноевропскиот културен круг, па има бројни предисториски наоѓалишта од светска важност, стари градови,тврдини и дворци од касниот среден век, како и културни споменици и градби од времето на Барокот.
Хрватска е прекрасна земја на медитерански градчиња, недопирна природа, многу островчиња и незаборавно убави национални паркови. Гостопримливи луѓе, топло, чисто и плаво море, убави градови, идилични села се сон на секој човек.

Croatia_l.jpg


Арената во Пула

pula0.jpg

Римска Арена е името на амфитеатарот кој се наоѓа во Пула, Хрватска.
Арената е единствениот римски амфитеатар на кој сите четири страни и трите архитектонски реда се целосно зачувани. Изградена е во 27 година пред новата ера, од варовник. Зад сцената има ѕид со три реда отвори кои гледаат кон пристаништето. Оваа арена можела да се покрие со посебни платна за заштита на гледачите.
Се вбројува меѓу шесте најголеми преостанати римски арени во светот. Редок пример помеѓу 200 преостанати римски амфитеатри за уникатните технолошки решенија. Ова е најдобро зачуваниот древен споменик во Хрватска. Денес се употребува за театарски претстави и концерти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Плитвички Езера е првиот национален парк во Хрватска основан во 1949 година. Опфаќа простор од 296.85 км и се наоѓа меѓу најголемите 8 во целата држава. Тој изобилува со неверојатна природна убавина и пејзажи кои одземаат здив.
Во овој парк можете да забележите многу водопади, езера, шуми и различни видови животни. Највисокиот водопад е околу 70 метри, додека пак езерата се познати по нивните специфични бои кои се движат од небесно сина, светло зелена, па сè до уникатно сива боја. Боите се менуваат во зависност од количината на минералите и организмите кои се наоѓаат во водата, како и од аголот под кој паѓа сончевата светлина.
16-те езера кои се формирани од природни брани се поделени во горни и долни езера, додека пак патеките за туристите се наоѓаат на надморска височина помеѓу 503 и 636 метри.
1-prekrasniot-nacionalen-park-plitvichki-ezera-vo-hrvatska-www.kafepauza.mk_.jpg
Паркот Плитвички Езера се наоѓа во централниот дел од Хрватска и е најмногу познат по неверојатните природни знаменитости. Дури и по 60 години откако бил основан како национален парк, сè уште е голема инспирација за посетителите кои без разлика од каде доаѓаат, не пропуштаат да го посетат. Поради тоа денес се смета за една од најголемите туристички атракции во оваа држава.
Доколку некогаш одлучите да ја посетите Хрватска, без разлика дали е лето или зима, одделете еден ден за ова прекрасно место каде што ќе искусите нешто сосема различно и барем накратко ќе се одморите од напорниот „градски“ живот.
2-prekrasniot-nacionalen-park-plitvichki-ezera-vo-hrvatska-www.kafepauza.mk_.jpg
3-prekrasniot-nacionalen-park-plitvichki-ezera-vo-hrvatska-www.kafepauza.mk_.jpg
4-prekrasniot-nacionalen-park-plitvichki-ezera-vo-hrvatska-www.kafepauza.mk_.jpg
5-prekrasniot-nacionalen-park-plitvichki-ezera-vo-hrvatska-www.kafepauza.mk_.jpg
6-prekrasniot-nacionalen-park-plitvichki-ezera-vo-hrvatska-www.kafepauza.mk_.jpg
7-prekrasniot-nacionalen-park-plitvichki-ezera-vo-hrvatska-www.kafepauza.mk_.jpg
8-prekrasniot-nacionalen-park-plitvichki-ezera-vo-hrvatska-www.kafepauza.mk_.jpg
9-prekrasniot-nacionalen-park-plitvichki-ezera-vo-hrvatska-www.kafepauza.mk_.jpg
10-prekrasniot-nacionalen-park-plitvichki-ezera-vo-hrvatska-www.kafepauza.mk_.jpg
11-prekrasniot-nacionalen-park-plitvichki-ezera-vo-hrvatska-www.kafepauza.mk_.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дубровник е историски град на Јадранското Море и на јужната страна на Хрватска. Овој град е еден од најпознатите туристички места на Балканот. Бројот на населението во 2001 изнесувал 43.770 жители.
Во 1979 година Дубровник е додаден на листата на УНЕСКО за Светско културно наследство.

Се смета дека градот е основан во 7 век од новата ера. Од 1205 до 1358 година со Дубровник владее Венециската Република. Од 1358 до1808 година Дубровник претставува засебна држава, која се нарекува Дубровничка Република.
Тоа е еден од оние приморски медитерански градови кои се формирани врз сфаќањата на старата хеленска култура. Тоа е всушност полис-град. Тој се развива како град во кој се јавува цивилна управа која се стреми да се формира во република по угледот на Венеција. На социјален план, постои поделбата на благородништво и пук, пучанство, односно народ. Со градот управува дужд (кнез), но постои извршна власт („мало вјеќе“), и претставници на народот како консултативна власт („велико вјеќе“).
Како и другите приморски градови, Дубровник е седиште на моќна флота, која е носител на трговијата. Се смета дека Куршумли-ан во Скопје е граден за потребите на дубровничката трговија.

Каде да се сместите во Дубровник
hrvatska1.jpg

hrvatska5.jpg

Во Дубровник постојат толку многу хотели кои што можете да ги резервирате преку било којатуристичка агенција од Македонија, со кои што тие имаат прекрасна соработка. Во спротивно ве советуваме тоа да го направите во некои од овие два хотели – Radisson Blu Sun Gardens иNeptun Dubrovnik во кои можете да уживате во прекрасните приватни плажи или покрај некој од нивните преубави базени, потоа да ги посетите нивните најсовремени фитнес центри и сауни и да уживате во хотелските ресторани кои служат од традиционално далматинските јадења, па се до морската и медитераснката храна
Каде да јадете
hrvatska2.jpg

hrvatska9.jpg

Ве советуваме да ги посетите баровите Буџа или Eastweast Beach Club каде можете да уживате во пијачката и да му се воодушевувате на преубавото море. Доколку вашето стомаче е заинтересирано за добар ручек, тогаш тоа можете да го направите во Gil's Cuisine and Pop Lounge или Nautika Restaurant.
Каде да купувате
hrvatska8.jpg

Хрватска е позната по квалитетот на накитот, па така би било пожелно да ја посетите продавницата „Clara Stones“ во која што можете да најдете преубави корали и сребрен накит.
Што да правите
hrvatska6.jpg

hrvatska7.jpg


Што се однесува до ова поглавје, тоа му го оставаме на вашиот преценет карактер, бидеји во Хрватска имате толку многу што да правите, што навистина не би знаеле од каде да почнеме. Но, за почеток ве советуваме да прочитате нешто за нивната историја, култура и традиција.. можеби од таму ќе се роди и некоја нова идеја за она што сакате да го правите.
hrvatska3.jpg

hrvatska4.jpg

hrvatska10.jpg

hrvatska11.jpg
 

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Заборави многу важно место во Хрватсла... Остворот Висовац.. Се наоѓа на средината на реката Крка. Има манастир и преубава природа околу него.. :)) <3 Хрватска

biokovo-8.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Marick14

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сум бил неколкупати релација Котор(цг) - Цавтат - Дубровник и еднаш до Брач/Сплит
За Цавтат можам да кажам дека е The heaven itself. Со едно од најчистите плажи, скоцкано, утуткано. Чиста тиркизна вода, камена плажа. Дубровник е извонреден. Стариот дел мерак ми прави, тој тип на градби, Страдунот ми е мејнстрим, често ги посетувам и тесните улички. Е сеа едини проблем во Дубровник е наоѓање на паркинг место, така да ако доаѓате тука, препорачувам, nay имплицирам да зимате јавен транспорт.
Сплит као Сплит - голем град. Стариот дел е граден како типичен римски логор. Квадратаст со две главни улици кои се пресекуваат под прав агол. Убаво е да се посети палатата на Диоклецијан, статуата на Гргур Нински.
Брач е добар, но не би го споредувал со Цавтат. Сепак Бол (онаа плажана како јазиче) е нешто поразлично. Симпатично во секој случај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
28
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Хрватска мојата омилена земја . На други места освен Загреб и Ровињ не сум бил а сеа летово ќе одиме по Јадранска Магистрала од Будва до Ровињ и се тоа фино лепо ќе посетиме. Инаку еве слики од Ровињ:
1.
ROVINJ_ZRAK_07_00117.jpg

2.
rovinj.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14