Службено име: Republika Hrvatska (Република Хрватска)
Државно уредување: Парламентарна република
Површина: 56.594 км2
Број на жители (2011): 4.290.612
Главен град: Загреб
Парична единица: Куна
Хрватска, со главен град Загреб, е сместена на раскрстот на патиштата кон средна Европа и Средоземието. Обилува со природна убавина, богата култура и традиција. Влијанието, на медитеранската култура, бројните споменици од времето на антиката, стариот Рим и раниот среден век и цела низа на сочувани карактеристично медитерански урбани целини, културолошки го одредуваат брегот на Хрватска.
Континенталниот дел на Хрватска е дел на Средноевропскиот културен круг, па има бројни предисториски наоѓалишта од светска важност, стари градови,тврдини и дворци од касниот среден век, како и културни споменици и градби од времето на Барокот.
Хрватска е прекрасна земја на медитерански градчиња, недопирна природа, многу островчиња и незаборавно убави национални паркови. Гостопримливи луѓе, топло, чисто и плаво море, убави градови, идилични села се сон на секој човек.
Арената во Пула
Римска Арена е името на амфитеатарот кој се наоѓа во Пула, Хрватска.
Арената е единствениот римски амфитеатар на кој сите четири страни и трите архитектонски реда се целосно зачувани. Изградена е во 27 година пред новата ера, од варовник. Зад сцената има ѕид со три реда отвори кои гледаат кон пристаништето. Оваа арена можела да се покрие со посебни платна за заштита на гледачите.
Се вбројува меѓу шесте најголеми преостанати римски арени во светот. Редок пример помеѓу 200 преостанати римски амфитеатри за уникатните технолошки решенија. Ова е најдобро зачуваниот древен споменик во Хрватска. Денес се употребува за театарски претстави и концерти.