Овен се до точка си е така![]()


СТРЕЛЕЦ
Жените родени во хороскопскиот знак стрелец се иницијативни, остроумни, снаодливи и досетливи личности, кои постојано се во потрага по нешто ново, кое ќе им го покачува адреналинот. Стекнувањето нови возбудливи искуства е клучот на жените стрелци за остварување на нивните соништа. Оваа девојка прво бара цел која сака да ја оствари, цели кон нејзина реализација и потоа веднаш трга во потрага по некоја нова цел. За нив не постојат премногу амбициозни планови кои не можат да постанат реалност. Таа, едноставно кажано, е многу енергична девојка која не може да седи во едно место.
Па се е скоро вистинаЖена вага
Жената вага не е ниту енергична, ниту одлучна личност и во донесувањето одлуки никако не може да го пронајде вистинско решение. Не е особено амбициозна и секогаш ѝ е потребен некој на кој со задоволство ќе му препушти дел од обврските. Во сѐ што прави сака целосно да се внесе и посвети, но тоа не ѝ поаѓа секогаш од рака, па тогаш кога ѝ се чини дека не може да ги совлада препреките, се повлекува и се помирува со судбината.
Сака да им се допадне на другите, друштвена е и сака да излегува. Во неа постојат две личности. Едната е таа што им ја покажува на другите, а другата е онаа која никогаш не ја покажува и која ретко кој може да ја открие, бидејќи љубоморно ја чува. Тоа што го покажува понекогаш е мирна и кротка личност, а понекогаш избувлива и експлозивна. Поради стравот да не биде откриена таа се прикажува поинаква, честопати ставајќи на себе маска на љубезност и насмевка. Таа е одличен актер, дури и кон најблиските.
Не сака бурни сцени и караници, но сепак често ѝ се случуваат, а при тоа дури не е ни свесна дека всушност сама ги предизвикала со своето провокативно однесување. Поседува исклучителен шарм, страсна е и чувствителна. Луѓето во неа гледаат нешто симпатично, пријатно и таинствено. Жените ваги се исклучително интелигентни. Многу ваги можат да погрешат во изборот на партнерот. Тие сметаат дека партнерот треба да им биде главна потпора во животот но, се случува да се врзат за некој кој станува вистински тиранин штом ја почувствува нивната слабост. Нив најмногу им одговара маж кој ќе знае да ги цени нивните квалитети и нема постојано да ги критикува поради недостатокот на енергија да ги издржат тешкотиите. На жената вага ѝ е потребен партнер со јак карактер, но воедно да биде и исклучително нежен и внимателен. Таа не е склона кон промени во љубовта.

Ќе си останам стара мома јас знаевЖена јарец
Жената јарец има реален однос кон животот и ја сака постојаноста. Ги цени само оние луѓе кои имаат одредени вредности што се во склад со нејзините сфаќања. Во животот не сака да губи време на несериозни или невредни ситуации и ги презира лежерните и неконструктивни разговори. Оваа жена умее точно да го процени редоследот на одредени случувања и е одличен организатор.
Во работата, исто како и во животот не сака на секој начин да го привлече вниманието на другите. Таа работи дискретно и вредно како мравка, а понекогаш сака да биде сама, бидејќи тишината е нејзино прибежиште. За оваа жена не би можело да се каже дека е голем оптимист. За нејзе животот е нешто многу сериозно, но од него не очекува многу радост, ниту верува во какви било чуда.
Кога ќе добие некаква сатисфакција, ја доживува како вистински дар од Бога. Жената јарец не е лесно да се освои, а љубовта кај неа не може да дојде како гром од ведро небо. Женските претставници на овој знак ретко доживуваат голема љубов, но кога сакаат или поточно кога ќе решат тоа да си го признаат, обично тоа се случува после долго познанство со некој маж.
Кај нив љубовта бавно се раѓа, но кога ќе се врзат за некого, тоа е за цел живот, па ни времето што поминува, ниту долгите разделби не можат да ја нарушат нејзината љубов. Нејзиниот партнер треба да биде исклучително трпелив. Многу припаднички на овој знак остануваат немажени до крајот на животот, а некои пак се мажат кога се веќе во зрели години и тоа повеќе според налог на разумот, отколку по занес на срцето.
се ми погоди