Хороскоп посветен специјално на дамите

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Κолκу само јасно и гласно.
Лав, боρбен, доминантен, гоρд (понеκогаш гρд κоњ али шта чеш). .
Млаки и недефинирани чувства ја доведуваат до очај.. Тачно!!
А деκа се дρуго е баш баш κо за мене за сρеќа точно! Да боме!
 

Dolce<3<3<3<3

Нов член
5 ноември 2015
5
1
1
37
ЖЕНА ЈАРЕЦ
Жената родена во овој знак е допадлива, убаво тело и отворено лице. Нејзините очи се огледало на нејзиното срце и тоа не може да го скрие. Сака друштво и забави. Спремна е да им прости на ласкавците, но энае и да ги спречи и оние кои се забораваат. Во забавите энаат да влезат преку органичување, но никогаш не губи глава и сите нејзини дела се срачунати со разум и нејзина волја. Оговарања не поднесува, а оние кои и се непријатели, одсекогаш ги надвладува и ги пострамува. Нејзините погледи на животот се секогаш оптимистички, и сите кои ја опкружуваат го подигнувааат моралот и снагата. Не е осетлива и многу пати на личностите кои и се драги, им опростува эа иста грешка. Амбициозна е и во расудувањето е сталожена и промислена. Особено се искажува во големи и проширени работи каде се бара практичар, организатор и добар менаџер. Во работата е свестрана и не се плаши од никаква работа. За неа велат, што со очите види, со рацете ќе направи. Ја троши целата своја енергија, па работите некогаш ја тераат да застане, но само поради својата душевна снага сите препреки ги совладува. Многу пати эборува сама со себе, особено кога и е многу тешко или многу добро. Таа е тип на жена која ги сваќа мажите, која ги поэнава неговите слабости и сака да му помогне. Незаменлива е како другар и пријател. Роднинските врски од страната на мажот и носат повеќе грижи од радости, затоа што од неа се бара да биде покорна, а не рамномерен член на фамилијата. Горда е и не бара од никого на сила да биде сакана, па поради тоа има многу неугодни денови во животот.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Жена јарец

Жената јарец има реален однос кон животот и ја сака постојаноста. Ги цени само оние луѓе кои имаат одредени вредности што се во склад со нејзините сфаќања. Во животот не сака да губи време на несериозни или невредни ситуации и ги презира лежерните и неконструктивни разговори. Оваа жена умее точно да го процени редоследот на одредени случувања и е одличен организатор.
Во работата, исто како и во животот не сака на секој начин да го привлече вниманието на другите. Таа работи дискретно и вредно како мравка, а понекогаш сака да биде сама, бидејќи тишината е нејзино прибежиште. За оваа жена не би можело да се каже дека е голем оптимист. За нејзе животот е нешто многу сериозно, но од него не очекува многу радост, ниту верува во какви било чуда.
Кога ќе добие некаква сатисфакција, ја доживува како вистински дар од Бога. Жената јарец не е лесно да се освои, а љубовта кај неа не може да дојде како гром од ведро небо. Женските претставници на овој знак ретко доживуваат голема љубов, но кога сакаат или поточно кога ќе решат тоа да си го признаат, обично тоа се случува после долго познанство со некој маж.
Кај нив љубовта бавно се раѓа, но кога ќе се врзат за некого, тоа е за цел живот, па ни времето што поминува, ниту долгите разделби не можат да ја нарушат нејзината љубов. Нејзиниот партнер треба да биде исклучително трпелив. Многу припаднички на овој знак остануваат немажени до крајот на животот, а некои пак се мажат кога се веќе во зрели години и тоа повеќе според налог на разумот, отколку по занес на срцето.

Чудни чувства имаме, премногу длабоки за некои што не вредат :)