Франција

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
%D0%9F%D0%90%D0%A0%D0%98%D0%97.jpg
1-Proshetka-niz-Pariz-preku-1-video-www.kafepauza.mk_.jpg
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
убавините на париз


Париз е главен град на Франција, а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сенаво северниот дел на Франција, ворегионот Ил-де-Франс т.е.парискиот регион.Големината на градското подрачје е ограничено уште во 1860 година и поради тоа Париз е со константен број на население од околу 2.200.000 жители. Меѓутоа во поширокото градско урбано опкружување, живеат над 12 милиони жители и со тоа овој регион е еден од најнаселените региони во Европа, по регионите околу Москва и Лондон.Париз веќе неколку столетија наназад има значење за економијата, културата, политиката,образованието, уметноста и науката во светот. Во најново време Париз е и седиште на високата мода, модните брендови, како и луксузот и естетиката на живеењето.Според податоците од 2005 година, Париз од градовите воЕвропа е со најразвинена економија и највисок БДП. Париз и парискиот регион со 534 милијарди € учествува со четвртина од вкупниот БДП на Франција. Во Париз се сместени и работат 37 од 500-те најголеми компании во светот според списокот Fortune Global 500.Во Париз се сместени и многу меѓународни организации како УНЕСКО, Организацијата за економска соработка и развој, Меѓународната комора за трговија, како и неформалниотПариски клуб, додека пак во еден период тука било сместено и седиштето наНАТО.Со годишна бројка од над 45 милиони туристи Париз е најпосетуваниот град во светот, како резултат на многубројните културни, историски и уметнички знаменитости, како и поради парковите и други атракции во градот. Поради тој факт Париз се нарекува и град на светлината или најромантичниот град во светот.
Етимологија

Денешното име на Париз потекнува од старите жители што живееле на тој простор - галското племе Паризи. Градот бил наречен Лутеција во текот на првите шест века под окупација на Римската Империја. Името на градот го менува Јулијан Отпадникот во сегашното име Париз. Некои научници сметаат дека името на племето Паризи потекнува од келтско-галскиот зборпаризио - „parisio“, што во превод значи „работливи луѓе“ или “занаетчии“. До раниот 20-ти век, Париз бил познат и по името Панам во францускиот жаргон, жаргон што повторно станува популарен кај младите луѓе последниве години.На Париз му се даваат и многу прекари, како „град на светлината“и „град на романтиката“, меѓутоа најмногу е прочуен како Град на светлината. Тој прекар му е даден на Париз бидејќи тој бил образовен центар, град на идеи и на култура, уште од Средниот век но сепак, поверојатно е да го стекнал поради неговото улично осветление
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Географија

Градот Париз е лоциран на реката Сена. На реката се наоѓаат и два острова во самиот центар на градот, еден помалостровот Сен-Луј и другиот поголемостровот Ил-де-ла-Сите, кој воедно претставува и атракција за туристите, бидејќи на него се наоѓа познататаБогородична црква, и мостот Понт-Неф, кој денес впрочем е најстариот мост на реката Сена, изграден уште во 1607година. Најниската точка на градот е на 35 метри надморска височина, додека највисоката е 130 метри надморска височина.Надвор од Париз постојат два големи парка и тоа, Булоњската шума и Винсенската шума. Тие зафаќаат површина од 86,92 km2. Во 1929година двете шуми официјално биле споени со градот.
Клима

Париз има океанска клима и е под влијание на атланската струја и тоа доведува да нема некои големи температурни разлики во текот на годината.Париз има релативно топли лета со просечна највисока температура од 25 °C и просечна најниска температура од 15 °C. Зимите се студени, меѓутоа без поголеми минусни температури, со просечни температури од 3 °C до - 8 °C. Пролетните и есенските денови се претежно со блага температура и со умерени студени ноќи. Врнежите се чести во текот на целата година и често може да дојде до ненадејни врнежи во текот на денот. Годишниот просек на врнежи е 642 mm/m2. Снегот е релативно ретка појава во Париз.Највисоката температура некогаш измерена во Париз е 40.4 °C, измерена на 28 јули 1948, додека најниската била −23.9 °C, изнерена на на 10 декември 1879. Париз годишно просечно има околу 1789 сончеви часови, најмогу сонце има во јули, просечно по 240 часа месечно, а најмалку во декември 53 сончеви часа месечно.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Историја









http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Податотека:Romanbathparis.jpg&filetimestamp=20091111141248
.
Најраните археолошки откритија кои содржат траги за постоење на населби во денешниот регион на Париз датираат уште од 4200 година п.н.е., додека податоците за племето Паризи, кои биле познати морепловци и трговци, се од 250 п.н.е..Римјаните го зазеле Париз околу 52 п.н.е. и го прошириле градот на левата страна на реката Сена и на островот Ил де ла Сите. Гало-римскиот град бил наречен Лутеција. Во наредните векови Париз константно се ширел и прераснал во град со убави градби како палати, бањи, театри, форуми, амфитеатри и друго. Распадот на Западното Римското Царство и заземањето од страна на Германите довело до стагнација на градот. Градот го добива своето сегашно име Париз по падот на Западното Римско Царство. Франечкиот крал Клодвик I го прогласува Париз за главен град во508 година.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Чумата се појавува во Париз во 1348 година, од којашто настрадале многу луѓе. Во 1466, пак од чума и од глад умреле 40.000. Во тој период Париз имал околу 400.000 жители.Париз ја губи титулата на главен град за време на Стогодишната војна меѓу Франција и Англија. Приматот му го враќа кралот Карло VII Победникот во 1437 година. Подоцна центарот на државата се префрла во долината на Замоците на Лоара. Во 1528, кралот Франсоа Iго пренесува центарот на моќ од Лоара повторно во Париз. За време на Француската религиозна војна во градот се наоѓало седиштето на Католичката партија на Франција. За време на владеењето на Карло IX, додека се подготвувала венчалната церемонија на наследникот на тронотАнри IV, започнала Вартоломејската ноќ и набргу масакарот врз протестантите се проширил низ целата земја. Во тој масакар биле убиени 50.000 протестантски верници. Во 1682, кралот Луј XIV го префрлил своето седиште од Париз во дворецот во Версај.Околу сто година подоцна, во Париз се случила и познатата Француска револуција со напад на затворот Бастилјана 14 јули 1789 година, а во 1792 кралската монархија била гилотирана. На31 март Париз паднал под владение на Русите, за првпат по 400 години градот бил освоен. Војските на Козаците и Калмиците влегуваат во градот. Парижаните револтирани од монархијата кренале Јулска револуција во 1830. Кралот Карло X бил принуден да абдицира од тронот. Со Февруарската револуција во 1848 година завршила монархијата на Луј-Филип I и се пристапило кон создавање на Втората Француска Република.Индустриската револуција и Француската втора империја довеле до голем и брз развој на Париз. Преку железничките врски се овозможиле непречени миграции кон Париз и развој на индустријата во предградијата на градот.Париз доживува масовна реконструкција за време на владеењето на Наполеон III Бонапарта. Со планот на архитектот барон Осман се изградиле нови улици, широки булевари и авении, се подобрила комуникациската врска со внатрешноста на земјата, се обновиле фасадите на зградите, се изградила водоводна и канализациона мрежа. Со тоа кралот се надевал дека ќе ги смири народните маси и ќе обезбеди нивна поддршка.Во периодот од 1870 и 1871 година, градот се наоѓа под опсада, со која завршила и Франко-пруската војна. Со падот на кралот Наполеон III Бонапарта се формирала Париската комуна, при што народот ја презел власта, протерувајќи ја владата надвор од градот. Во борбите меѓу комуните и царската гарда загинале повеќе од 22.000 парижани. Париз бил домаќин на Универзалната изложба одржана по повод на стогодишнината од Француската револуција. За таа изложба била изградена и прочуената Ајфелова кула, главен архитект на кулата бил Густав Ајфел по кого градбата го добила името. За време на изложбата во 1900година било отворено и париското метро.За време на Првата светска војна, Париз бил во близина на фронтот меѓу Франција и Англија од една страна, иГерманија од друга. Со победата во Првата битка на Марна било спречено навлегувањето на германската војска кон Париз. Во повоениот период Париз станува главен центар на уметниците.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Тука твореле: Стравински, Пикасо,Хемингвеј и многу други познати уметници од целиот свет.На 14 јуни 1940година, Париз паѓа во рацете на германските окупациски сили и останува сè до август 1944 кога бил ослободен, два месеца по инвазијата воНормандија.По војната, Париз започнува да се развива со забрзано темпо. Париските предградија започнале да се шират и се изградил најголемиот деловен кварт во Европа, Ла Дефенс со високи облакодери и модерни зданија.Сè до 1970-тите повеќе предградија не биле индустријализирани, посебно северните и источните, и со доселувањето на емигрантите се зголемил бројот на невработени лица. Но со развојот на индустријата и високата технологија, во париската област се создал и напредок на оваа поле, па така денес Париз има најголем БДП, поголем од сите други градови во Европа.Со цел да се намалат социјалните тензии во приградските зони и да се ревитализира економијата на Париз, се планираат неколку мерки од владата на Франција. Планот на претседателот на Франција, Никола Саркози е формирање на интегрирана метропола наречена Grand Paris со развој на предградијата каде живеат многу луѓе и отворање на работни места, како и инвестирање во софистицирана висока индустрија, и развој на научната дејност.Во план за изградба се и неколку висококатници, кои биле одобрени во 2006 да се градат во деловниот кварт La Défense.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Култура

http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Податотека:Palais_Garnier.jpg&filetimestamp=20080514122633
Во Париз има големи оперски куќи, тука пред сè треба да се спомене Опера Гарние изградена во 19 век, исто така и модерната Опера Бастилја. Во 19 век постоеле и други оперски куќи како Опера на комиката, и театарот Лирик, којшто денес е познат како Градски Театар.Театрите традиционално заземаат значајно место во културата на Париз, а тоа и денес е случај. Некои од главните театри во градот се Бобино, театрите Магадор и Гете-Монпарнез. Многумина од француските музички легенди својата слава ја стекнале во париските концертни сали, како Едит Пјаф, Морис Шевалије,Шарл Азнавур и многу другиПариското кулинарство има глема традиција. Во градот има безброј ресторани и кафулиња, каде што туристите можат да уживаат во Француската кујна и нејзините специјалитети. Во градот се застапени и многу други кујни од светот.Хотелите се уште една причина за ширењето на туризмот во Париз. Во градот има многу луксузни хотели, но може да се најдат и просечни апартмани. Најлуксузен и најпознат е хотелот Риц, кој се наоѓа на плоштадот Вендом, а е отворен во 1898 година. Познат хотел е и хотелот Де Крилон сместен на плоштадот Конкордија, отворен во1909 година.

 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Туристички атракции

Ајфелова Кула е железна кула изградена на Марсовото поле, покрај рекатаСена. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи не само на Париз туку и во светот. Кулата е именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел. Кулата е висока 300 метри, што одговара на околу 75 ката. Заедно со 24 метарската антена, структурата е висока 324 метри што одговара на околу 81 кат. Во времето кога завршила нејзината изградба во1889 година, кулата била највисоката градба во светот, а останала највисока сè до 1930 година. Денес преставува една од најпосетените туристички атракции Лувр е најголемиот музеј во светот. Сместен е во дворецот Лувр. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за првпат биле отворени за јавноста како музеј на 8 ноември 1793 година, за време на Француската револуција. Централниот двор, во кој се наоѓа пирамидата Лувр изградена во 1989, служи како влез во музејот. Музејот чува некои од најпознатите уметнички дела, како Мона Лиза, Девицата и Детето со Св. Ана наЛеонардо да Винчи и Венера од Милос на Александрос од Антиок.Плоштад Конкорд е најголемиот плоштад во Париз. Се наоѓа во центарот на градот и од него започнува авенијата Елисејски Полиња. После плоштадот во Бордо, Плоштадот Конкорд е најголем во Франција. На плоштадот бил убиен нагилотина францускиот кралот Луј XVI. На ова место се наоѓа и египетскиот обелиск.Елисејските Полиња е широка авенија со многу луксузни продавници, кина, кафулиња, ресторани. Тоа е една од најпознатите улици во светот. Авенијата е долга 2 километри и тргнува од Плоштадот Конкордна исток, па сè до Плоштадот Шарл де Гол на запад, каде се наоѓа иТриумфалната Порта.Плоштад Бастилја - каде се наоѓал познатиот затвор Бастилја, уништен за време на Француската револуција.Богородичната црква е готска катедрала на источната половина на островот Ил де ла Сите на реката Сена, со главен влез од западната страна.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Ова е катедрала на Париз и седиште на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓa“.Ил де ла Сите е еден од двата природни острови во Париз. Ил де ла Сите бил местото каде е основан градот Париз уште во праисторијата и од каде што започнал да се шири градот. Денес островот е позната туристичка дестинација, бидејќи на него се наоѓаат неколку симболи на градот.Триумфалната Порта е споменик на плоштадот Шарл де Гол, познат и како плоштад Етоал. Се наоѓа на источната страна на Елисејските Полиња. Оваа порта ја изградил Наполеон Бонапарта, како израз на благодарност кон неговата војска, по неговите походи низ Европа. Тука е сместен и гробот на незнајниот јунак. Триумфалната Порта е висока 51 метар, а широка 45 метри.Монмартр е рид на надморска височина од 130 метри, кој се наоѓа во северниот дел од градот, во осумнаесетиот округ, од десната страна на реката Сена. Монмартр е познат најмногу по базиликата Сакр-Кер која се наоѓа на неговиот врв, но и како место за ноќен живот, познато по славните парискикабареа. Другата, постара позната црква на ридот е Сент Пјер де Монмартр, за која се тврди дека била место каде бил основан редот на Езуитите. Многу уметници имале атељеа и живееле на Монмартр, како на пример Салвадор Дали, Клод Моне, Пабло Пикасо, Винсент ван Гог и многу други.Монпарнас е кварт во Париз на левиот брег на Сена. Во овој кварт се наоѓа Пастеровиот институт. Под земја се наоѓаат познатите париски катакомби. Во почетокот на 20 век, Монпаранс бил центар на интелектуалниот и уметничкиот живот во Париз, кои главно ги сочинувале сиромашните емигранти.Латински кварте схоластички центар уште од 12 век. Сместен е на левата страна на Сена, во близина на Универзитетот Сорбона. Во овој кварт има многу ресторани, училишта и универзитети.Ла Дефенс е предградие на Париз и претставува најголем бизнис центар во Европа и е меѓу најголемите во светот. Во Ла Дефенс има многу современи градби, висококатници, кои се едни од највисоките во Европа. Многу светски познати фирми тука имаат свои претставништва.Вал де Сен е една од најважните бизнис одредници во Париз. Тука се сместени и многу телевизиски куќи како Француската телевизија, ТФ1, Канал +, Еуроспорт и многу други.Сен-Дени е предградие на Париз, во кое се сместени многу филмски студија. Предградието е познато и по тоа што е дом на најголемиот француски стадион Стад де Франс.Во Париз има многу јавни паркови и градини. Меѓу познатите еЛуксембуршка Градина, која се наоѓа во близина на Луксембуршката Палата. Во градот има и шума-паркови, како што се Булоњската Шума, Винсенската Шума и др.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Демографија

Според пописот од 1999, во Париз живеат 2.125.000, што е помалку од историски најголемиот број од 2,9 милиони во 1921 година. Париската урбана зона зафаќа површина од 2.723 km² и е 26 пати поголема од самиот град. Париз и регионот околу градот се една од најголемите мултикултурни области во Европа. Според пописот од 1999 година, 19,4% од целокупното население во Париз е родено надвор од Франција. Најголем број од нефранцуското население
Администрација

Париз е главен град на Франција и седиште на владата на Франција. Претседателот на Франција е сместен во Елисејската палата која се наоѓа во осмиот округ, додека седиштето на премиерот се наоѓа во Хотел Матињон во седмиот округ. Министерствата се лоцирани на неколку локации од градот. Сенатот е сместен воЛуксембуршката Палата, во шестиот округ, а долниот дом на парламентот во Палатата Бурбон. Најголемите француски судови се наоѓаат во Париз. Касацискиот суд кој е највисок суд во земјата се наоѓа во Палатата на Правдата на Ил де ла Сите.
Економија

Со БДП од 2007 во износ од 533,6 милијарди евра, регионот на Париз е со најголем БДП во Европа. Кога регионот би бил држава, би била 17-та најголема економија во светот, приближно голема колку холандската економија. Парискиот регион е главен француски економски центар. Париз нема специјализирана индустрија како некои други големи градови, туку повеќе индустриски гранки.Според податоците од пописот, извршен во 1999 година, околу 5.100.000 луѓе се вработени во парискиот регион. Од нив, 16,5% работат во бизнис секторот, 13,0% во комерцијалниот сектор, 12,3% во производство, 10% во јавна администрација и одбрана, 8,7% во здравство, 8,2% во транспорт и комуникации, 6,6% во образование и 24,7% во други економски сектори. Од производствените сектори најголем еелектронскиот со 17,9% од вкупната работна сила. Туризмот е значајна гранка и во неа се вработени околу 3,6% од работниците од парискиот регион.