Форум, a?!

Статус
Затворена за нови мислења.

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,758
2,401
1,133
www.crnobelo.com
Не само на овој форум, активен сум и на други македонски форуми, гледам во последно време, се изгубиа дискусиите директно поврзани со темата, а ќе се отвори нова тема, или се прави муабет во неа, или се трола (уништува) темата, а порано по форуми да има еден оф топик во цела тема па веднаш се бришат постови летат казни, па дури може и бан да се добие за тоа, а сега веќе ни 10% не останало од тоа.
Мислам дека ти како модератор можеш повеќе да придонесеш со бришење/пријавување на оф-топици, отколку со овој коментар...
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,555
1,133
Мислам дека ти како модератор можеш повеќе да придонесеш со бришење/пријавување на оф-топици, отколку со овој коментар...

Очекував ваква реплика на мојот пост, но неможам јас сам да го ставам во ред цел форум или па сите кои се нарекуваат форумџии на нашиот сајбер свет во Македонија. Работата е што стигна секој кој ќе види дека псотои форум и веднаш се регистира од никаде некаде се уфрлува во дискусии, без предходно искуство и следење на дискусиите, а тоа од наша страна не се санкционира, секако секој има право да пишува што сака и мисли, но за се си има граници.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and melpomena

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,758
2,401
1,133
www.crnobelo.com
Очекував ваква реплика на мојот пост, но неможам јас сам да го ставам во ред цел форум или па сите кои се нарекуваат форумџии на нашиот сајбер свет во Македонија. Работата е што стигна секој кој ќе види дека псотои форум и веднаш се регистира од никаде некаде се уфрлува во дискусии, без предходно искуство и следење на дискусиите, а тоа од наша страна не се санкционира, секако секој има право да пишува што сака и мисли, но за се си има граници.
Едноставно физички не може 10 души да модерираат постови на 2.000.
Или сите се грижиме да биде форумот поубаво место за сите нас, или ќе биде хаос.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ShakaZulu

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Едноставно физички не може 10 души да модерираат постови на 2.000.
Или сите се грижиме да биде форумот поубаво место за сите нас, или ќе биде хаос.
Колку што има невистина има и вистина во постот, од искуство можам да ти кажам дека двајца можат (затоа што во некое минато свршено време јас и едно струмичанче тоа го правевме) да одржуваат стотици постови во текот на еден ден добри 4-5 месеци додека не пукна филмот но само со помош на членови кои придонесуваат со официјални пријави (преку копче) и неофицијални преку профил или ПП. Форум без свесни членови е невозможен исто како и форум без свесни административци.
Лошо е кога некои аминистративци а и некој членови ја сватат работата прелично и почнат да изигруваат шерифи со постови како тие да се виша раса. Додека истото не се случува и сите се на исто ниво се е во најдобар ред.
 
Крај на муабетот е ова.
Поздрав!
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,555
1,133
А, да...пред 3-4 години може и повеќе водечките два форуми во Македонија во тоа време нивната администрација беше страв и трепет...буквално! Знам дека никовите им беа во боја или статусот им беше во боја и секогаш тие беа поиздигнати од „обичните „ членови и навистина се внимаваше што се постираше и објавуваше во секоја тема, значи имало такви моменти, секако имало и тролови и такви што се исфрлуваат од никаде-негде, но сепак имаше ред, а сега не е тоа тоа, сега секој пишува што ќе му дојде и каде ќе му дојде не бира како и кога, и кога помсислувам да не речам на „старото форумџиство„ она строгото, може и беше подобро за разлика од сега што се случува последнава година по форумите, и пак напоменувам не зборувам само за Форумот Црнобело.

Едит: Можеби форумите станаа замена на мИРЦ? :^)
 
Се менуваат работите, неможе сè да биде како порано :)
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,555
7,167
1,153
Big Sur
Ништо лошо не вели Трајче.
Дека се менуваат системите и критериумите, се менуваат, ама и дека постојат браќа “Не поштујем законе“, што премногу ги користат тие попуштања, постојат.
Од една страна не може да се прави споредба, зошто пред неколку години форумиве не беа толку застапени т.е. најголемиот број беа луѓе упатени во форумџиство, па имаше и помалку спам и тролање.
Сега ќе налета некој случајно на тема по други страни, ќе се регистрира да искоментира на истата, ќе се јават дежурни ловци на жртви за пуштање водичка и оф-топичарење, ќе му се види тоа интересно на новиов, па ќе продолжи и на останатите теми со исто темпо да коментира по баграта од која се осетил прифатено, без воопшто да прочита правила.
Вината е подеднаква. Администрацијата не треба да си дозволи да биде наклонета кон одредени членови по принципот “некому мајка, некому маќеа“, ниту пак да попушта на новајлии само за да останат. Не да си играме Алкатраз, туку има многу кои не се упатени, па ќе почнат со фејсбук/мирц муабети, ќе видат никој ништо не им вели, ќе им премине во навика и готово, немало кој да им укаже. А богами си има и членови што се прават удрени со мокра, бојкова чорапа, кои пресериозно го сфатиле она stand out from the crowd, па им чини на газот кога добиваат внимание, макар и негативно.
Мене лично ми пречи кога ќе отворам тема, па мора до недоглед да листам низ толкави цитати за на крај да видам само смајли или “се сложувам“, кога ќе се заправат личен муабет по темата, ко кај дедо им во дворот да се, или пак ќе се расправаат за банална причина у стил “зашто намќорски ми го погледна аватарот, те видов преку монитор, куче едно“, ама Боже мој, ако некој решил thug life да води на форум “кршејќи ги правилата“, нека ги. Евентуално ќе пораснат или ќе се откажат.
Општо зборам за сите форуми/форумџии на денешницава, без увреџења.
Дотогаш, секој со свое темпо и акл.
 
Статус
Затворена за нови мислења.