Ништо лошо не вели Трајче.
Дека се менуваат системите и критериумите, се менуваат, ама и дека постојат браќа “Не поштујем законе“, што премногу ги користат тие попуштања, постојат.
Од една страна не може да се прави споредба, зошто пред неколку години форумиве не беа толку застапени т.е. најголемиот број беа луѓе упатени во форумџиство, па имаше и помалку спам и тролање.
Сега ќе налета некој случајно на тема по други страни, ќе се регистрира да искоментира на истата, ќе се јават дежурни ловци на жртви за пуштање водичка и оф-топичарење, ќе му се види тоа интересно на новиов, па ќе продолжи и на останатите теми со исто темпо да коментира по баграта од која се осетил прифатено, без воопшто да прочита правила.
Вината е подеднаква. Администрацијата не треба да си дозволи да биде наклонета кон одредени членови по принципот “некому мајка, некому маќеа“, ниту пак да попушта на новајлии само за да останат. Не да си играме Алкатраз, туку има многу кои не се упатени, па ќе почнат со фејсбук/мирц муабети, ќе видат никој ништо не им вели, ќе им премине во навика и готово, немало кој да им укаже. А богами си има и членови што се прават удрени со мокра, бојкова чорапа, кои пресериозно го сфатиле она stand out from the crowd, па им чини на газот кога добиваат внимание, макар и негативно.
Мене лично ми пречи кога ќе отворам тема, па мора до недоглед да листам низ толкави цитати за на крај да видам само смајли или “се сложувам“, кога ќе се заправат личен муабет по темата, ко кај дедо им во дворот да се, или пак ќе се расправаат за банална причина у стил “зашто намќорски ми го погледна аватарот, те видов преку монитор, куче едно“, ама Боже мој, ако некој решил thug life да води на форум “кршејќи ги правилата“, нека ги. Евентуално ќе пораснат или ќе се откажат.
Општо зборам за сите форуми/форумџии на денешницава, без увреџења.
Дотогаш, секој со свое темпо и акл.