Форум, a?!

Статус
Затворена за нови мислења.

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Шо акаш бе акнат... Форум е ова не е за*анција. Газдите на вБ на времето тони пари направија од продавање на лиценци и на крајот ја продадоа и фирмата за да си направат своја нова. Да, да XF е исти кроасан ама друго пакување па се се' сведува на истото заразно форумџиство. Интернет апликација која заразува милиони да не речам милијарди по целиот ни овај наш свет НО ј*беш га не се сите родени за форумџии. Не сум ни јас ама за овие 8-10 години. Јбг не ни знам кога и каде првпат се регистрирав некаде ама знам дека е пред 2004. Верувам дека научив нешто од илјадници мои со-форумџии по разно разни форуми па ова што следува можам слободно да го наречам колекција на разно разни типс анд трикс како до подобар форумџија, подобар и попрегледен и пред се почитан форум што значи и подобро интернет изразување и живеење...

Секој форум си има правила, ретко кој ги чита кога се регистрира но после ако има тој проблеми со нешто или некого прво што ќе погледне е дал она што го зафркнал е како официјално правило напишано па ако не е ќе се вади на недореченост и дупки во правилата. Поради ова тие треба да се јасни и концизни па макар и биле илјада и едно но не смее да се дозволи нешто да е незадолжително во правила а да некој вика дека е задолжително на форум. Не заборавајте, форумските тролови живеат во дупките на форумските правила.

Иако сета оваа платформа се нарекува форум сепак тоа е колекција од онолку засебни форуми колку што администрацијата сака да ги има. Тие истите си имаат повторно други форуми во себе па некои си имаат и спрецијализирани под-форуми но основата е што во сите тие има теми кои ги започнале некои како автори па другите како постирачи на мислења се надоврзале во муабетот и така целата дискусија започнала да се одвива. Токму поради ова насловите на тие теми треба да се што по кратки и по концизни колку тоа е можно. за да предизвикаат некој да ја отвори темата а спротивно пак воведните постови треба да се што поопширни и по прегледни за да наведат различни аспректи на еден ист муабет и предизвикаат што поширок предизвик од повеќе членови да одговорат на тој ист муабет па темата се претвори во општа дискусија.

Членовите не треба да се залетуваат со разно разни кавги и расправии како и пишување на континуирани офф-топици јавно бидеќи тие се само гости со привилегија да пишуваат тука а не и право да нешто туѓо го унаказат и уништат. Оние што се глупираат се нарекуваат со форумски јазик интернет тролови. Кај тетка Вики има цел паспос за нив и се јавно избламирани но тие не се свесни за тоа. Тие едноставно немаат ни појма дека за нив и јас сега зборувам. Иако можеби некогаш ќе ме прочитаат тие сепак мислат дкеа не е за нив муабетов. Колку само се бламираат и се ставени на подсмев од другите немаат појма и мислат дека се главни фаци ако отвараат работа на другите.

Знам дека темава е опширна и голема а јас толку малку кажав но еве оставам да допишете и вие нешто. Ајде да дискутираме за тоа како до подобар и попрегледен форум. Овај форум е релативно нов но форумската идеја во светот не е нова па затоа не можеме да речиме дека сме изсмислиле топла вода. Форумот го одржува администтрацијата а таа треба да е добро подготвена за справување со разно разни случување... Е сега ова е реков нов форум, мое мислење е дека има премногу администрација и таа, чест на исклучоците, не е созреана со форумот па и се случуваат киксови но со време ќе се искалат. Секогаш и секаде било така па нема причина и тука да не е па релативно прашање е кога ќе е истото... Некои ќе изгорат во тој процес но некои од нигде никаде ќе се појават како феникс и светнат на големо. Се е релативно само смртта е вистинска. И сега кога ги прочитавте првите четири пасоси што викате на петиот А?! Некои ќе речат не е ова место за оваа тема но верувајте нема подобро место од она што е предвидено за прашања, критики и коментари на еден форум. Темава е сето тоа искажано со малку зборови од мене а од вас се надевам повеќе...
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
горе-долу со последниот пасус се слагам. Не би сакал да делувам нападно, ептен пресен сум на форумов ама го читав нерегистриран една недела. Има некоја активност форумов, сепак е уште нов и околу администрацијата се сложувам со Шака. Мислам дека би бил добар форумов со оглед на тоа што е пресен, има време ќе видиме.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Денес бев да се рече индиректен сведок на една деструктива (за темата) караница, па помислив нешто троа искуство да споделам. Ова што го видов не беше прв пат и само тука. Го имам катадневно забележувано на друг форум. Работата е дека со тек на време тој форум има доживеано доста популарност така да ваквите случки не го загрозуваат толку. Но не и овде. Секоја чест на администрацијата што брзо го реши проблемот, бидејќи можеше повеќе тролови да ја прочитаат и со тек на време да почнат на истиот тој начин да се однесуваат - земено дека тоа привлекува инстантно чудо... за три дена.

Конкретно до оние кои сакаат некако малку да ги сузбијат троловските напади е да не дигаат тензии. Тензиите и замарањето за троловите се моментална награда. Тие живеат за да дриблаат некој кој се замара за квалитет, обожаваат да се прават на тошо за да после го појават своето вистинско лице за момент и да ви се изнасмеат во лице. За да се лоцираат треба да се одговори соодветно, но најчесто може со тоа што и шерифите (гањачите на тролови кои администрацијата ги поставува) се претвараат во нив со тоа што комуникацијата се сведува надвор од упропастената тема - по ПП, пораки по профил. Значи, не удирање во гради као леле колку сум јак сеа, мамата ќе ви ја расплачам.
Како друг проблем е квалитетот на дискусија. Тоа зависи од повеќе работи. Најчесто од членовите и масата која е заинтересирана за конкретните теми. Еве пример, некој свежозачленет отвара тема за Животот и делото на Вилијам Шекспир. Е сеа тој е можеби доста начитан и очекува дека и тука има слични на него. Но темата за 2-3 недели се наоѓа веќе на последната страна на подфорумот Литература. Тоа не значи дека засекогаш ќе остане таму. Се` зависи од членовите слични нему, подоцна ќе ја забележат и ќе ја реотворат. Но да не заборавиме, за тоа треба добра прегледност што не доведува до...

Третиот проблем. Ова го имам забележано тука во последно време. Бидејќи почесто сум во одделот на уметност,литература и креативно катче, мислам дека малку хаотично се воспоставени работите таму. Интересно е тоа дека има теми за пишување - ова не е проблемот, туку тоа што креативното катче, литературата и книгите се сосема 3 различни форуми. Не велам да се копира сеа сличен приказ како на друг форум туку може едноставно да се отвори тој дел со уметност и внатре да седат сите (музика, филм, дизајн и дом, литература - каде може во неа или засебно да се воведе креативното катче. Во ред доста дрвев за тукашниов проблем, ќе додадам уште нешто друго - означувањето на главни теми. Мора да се разграничи важното од неважното. Не може да речеме сеа во една тема за филм да се стави како важно 101 правило што и како треба за да се скрола и скрола надоле да се дојде до некоја тема за генерална дискусија на филм која е означена како не важна. Мора некако тие сите правила да се стават барем во една или две теми. Исто, не би требало да се отвараат посебно теми за секој погледан филм. Затоа си има генерална дискусија за истиот. А и да речеме може да се даде предлог (во одреден рок од недела две) да се води дискусија за истиот). Истото важи за литература, музика... Општите муабети треба да бидат имуни од политика и вести додека, ако политиката во форумот е дозволена би можело да си има свој подфорум. Исто и настани. Сеа за сеа мислам дека ова одлично функционра.
Значи тоа е тоа. 3 главни работи за да форумот биде навистина прекрасно место за водење на дискусија.
1. како да се спречат троловите.
2. квалитет
3. прегледност

Форумов за сеа е на добар пат, иако е млад, но запамтете: што поголема популарност живее, поголеми се и шансите да биде нападнат од конкуренцијата - троловите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ShakaZulu and Hip.Hop_MKD

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола

саладин јас мислам дека тоа што се деси малото неразбирање брзо го решиви успешно.. така да не остави некои поголеми последици врз работата на форумот. за троловите , мисла мдека се веќе тука, меѓу нас но се ушт ене се активни . инаку не е многу администрација јас мислам дека е таман зашто ова е нов форум и брзо се полни со нови теми и нови постови и потребно е повеќе луѓе за контроола на напишаното.. сметам дека засега работат на форумот е одлучна.ова не го кажува м како модератор туку како обичен член..
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
саладин јас мислам дека тоа што се деси малото неразбирање брзо го решиви успешно.. така да не остави некои поголеми последици врз работата на форумот. за троловите , мисла мдека се веќе тука, меѓу нас но се ушт ене се активни . инаку не е многу администрација јас мислам дека е таман зашто ова е нов форум и брзо се полни со нови теми и нови постови и потребно е повеќе луѓе за контроола на напишаното.. сметам дека засега работат на форумот е одлучна.ова не го кажува м како модератор туку како обичен член..
Администрацијата не треба да се крати, никаде не реков тоа. Само прегледност малку повеќе ако е за конкретен проблем. Другото си е на место. Тролови секогаш има. Само да ги фатиме док не почнат да делуваат.
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
тоа за администрацијата беше како одговор до шака зулу ...

саладин инаку јас имам на ум неколку души осомничени како главни саботери и ги следам за сега се добри...:) хаххах
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Прво, не би требало да се случуваат караници посебно измеѓу модератори. Ајде да речеме дека тоа денес беше последен пат. Сите треба да бидеме заедно, да го направиме форумов еден од најдобрите во државичкава ни наша не се сомневам ни дека веќе е, но сеуште треба да се усоврши.
Второ, страшно ме нервираат постови во кои нема ни запирка ни точка ни голема ни мала буква.. нема интерпункција. Зошто тоа да не се смени на пример? Јас таквите постови ги мислам како некое мало детенце да ги пишувало. Кога некои членови можат и точка и запирка на секое потребно место да стаат, зошто не сите да го правиме тоа?
Трето, дијалектите.. можеби некому не сметаат али ете може и тоа да се наведе како причина за доведување на форумов до едно подобро ниво. Ми се има случено да прочитам пост на дијалект, и едноставно да не го разберам. Пак ќе кажам кога некои членови можат литературно да пишуваат, зошто не сите?
Четврто, троловите кои ги напоменувате скоро во секој пост на темава. Засега ги нема на форумов, не ни верувам дека ќе ги има. Можеби ќе се појават еден, двајца.. но мислам дека нема да наштетат ако модераторите си ја вршат својата работа.
Петто, треба да се уредат некои подфоруми дефинитивно. Би имало и подобра прегледност, а и полесно би се снаоѓале.
Толку од мене, можеби и причиниве не се големи и можат да се толерираат ама сепак мислам дека би придонеле форумов да биде подобар.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
За дијалектите и правилно пишување да се надоврзам на постот на Дејмон... Интересни се во некои теми како играчница, хумор.. Но не може да речеме во некоја квалитетна дискусија да се применуваат. Едноставно уриваат од квалитетот. За троловите се изјаснив погоре како и Jackal. Ги има. Само додека спијат не се штетни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Selma

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
33
Их, го нема она злочко смајли што трие раце. Ако го имаше, ќе го ставев и ќе речев, да кажам и јас збор два од моето досегашно форумствување. *смајлитоштотриераце*

Прво и основно. Форумот е создаден за дискусија, иако не е исклучена можноста преку него да се подигне свеста и да стекнеме некаква интернет култура. Јас сум била досега член на 2 форуми, овој е трет. И како човек што со форуми се бафта во изминативе 3 години иако не се многу сепак имам доста видено како функционираат одредени работи. Мое мислење е дека создавањето на некакви убер другарства по форумите тако звани кланови, го уништуваат форумот, затоа што од таквите кланови се очекува меѓусебе секогаш да се поддржуваат (сум била сведок на ова), и на еден начин да опадне квалитетната дискусија. Обично, во такозваните кланови постои еден алфа член, и сите го возљубуваат него, му се клањаат, го опсипуваат со внимание и комплименти, му го билдаат егото до плафон и прават некој вид на култ од тој член. О не, мене не ми пречи дали е некој сакан овде и почитуван, убаво е тоа, ама убаво е кога тоа почитување е стекнато преку квалитетот за дискусија што го посдедува тој член, а не преку меѓусебните воздишки и изливи на љубов кои патем, ги расипуваат темите.

Второ. Оф топици. Предлагам уште сега убаво да се разгледа овој проблем, затоа што ако се пушти помеко од страна на администрацијата, онда сите членови ќе очекуваат нивните оф топици да не бидат избришани, и ако се избрише мислење на еден член, а на друг не, веднаш ќе почнат критики за двојни аршини, мене ми избришавте него не, не е праведно и така натаму.

Трето. Банови. И во овој поглед не смее да се пушта водичка, тоа никако. Треба да се воведат санкции и кој си заслужил да го крка. Нема врска што форумот е релативно млад, ако еден што не ги почитува правилата крка бан, на другите ќе им биде за памет како не треба да се однесуваат.

Четврто. Како што му пишав на Ипоповски политика да нема на форумов, ако сакате да опстане и ако сакате преку него да не се вршат разни видови на пропаганди.

Петто. Модераторите. Да, се согласувам дека ги има премногу, и незнам по кој критериум се бирани (несакам јас да бидам модератор немојте тоа да го замислите, скраја да е).Мое мислење, без да се навреди ниеден од модераторите е дека требаше првин додека да се разработи форумот да бидат 2-3 администратори, па со тек на време кој како ќе се покажува и ако има желба да биде назначен за модератор. Но како и да е, веќе се избрани и со среќа нека им е.

Шесто. Се согласувам дека форумов е на добар пат, млад е и доста активен, но го нема оној жар за дискусија, секој си го кажува своето мислење и не се труди да цитира некој и да оди контра. Сепак, форум е треба малку членовите да се активираат, ако сакаат форумов да опстои и да не стане досаден.

Од мене, тоа е тоа. Ако ми текне уште нешто радо би дополнила.:smug
 
Статус
Затворена за нови мислења.