Форумски цитати

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Одлучив да ги фрлам сите придавки, да потонат во стотина изгрејсонца изутрина, додека гледам низ лачот рефлексија на мојот лик.
Токму сега.
Да имав барем малку мозок, тоа ќе го направев многу одамна.
О да, јас се родив непоправливо добра, но годините гледам, прилично ме расипале. Претпоставувам агонијата е најголема токму во оној момент кога крие неискажана приказна на една задскриена гордост.
Зошто?
Зошто не сакам никој да проба да шета во мојата кожа... Не повторно. Од многу пробувања, сета е скината и излитена. Иронично, кутрата како број не одговара со ниту една силуета. Распар. Непар. Зарем е важно тоа сега. Остави.

Навидум несвесно се навикнав да го прифаќам неправилниот пулс на моето срце, бидејќи мислев дека заслужувам да живеам во таа лабилна синергија. Па ако е тоа живот, сметката на секој судир на мојата глава со перницата се поблиску дише врз мојот накострешен врат.
И сега сфаќам. Доаѓа со многу висока цена.

По којзнае кој пат велат ѕвездите ја кријат во себе целата наша судбина која е неправедно откината од нашите животни патишта.
Знам што ќе лови мојот глад вечерва. Нив.
Редно е да ја нахранам мојата гладна параноја со спокојот кој толку време го заслужува.

Небото паѓа, мила... А ти наивна девојко, ми мирисаш на заборав.
cuc.gif
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ќе ти кажам овде нешто за последен пат.
Дека се беше како што беше.
И беше убаво додека траеше.
И дека секој си го оди својот пат кога ќе дојде време за тоа.
Никој не е крив,никој не сноси вина.
Не можеш да држиш нешто со сила.
И кога ќе го пуштиш тоа ќе ти избега.Чинам не си ја сфатил моќта на безусловната љубов.
Да.
Онаа која нема граници,нема очекувања,нема надежи.
Формално велиш:
Да тоа е безусловна љубов.
Но знаеш дека се лажеш.Знаеш дека посакуваш себично да ставиш граници,да го затвориш кругот,а неможеш.Немаш таква моќ.
Се е убаво додека трае.
После се бараат виновници,се бара кривец..
Ова е последен пост за тебе.
Ти ја посакувам целата среќа на овој свет и целата мудрост.
Ти посакувам светлина во темните денови,
виножито по дождот.
Ти посакувам љубов.

Чувај се,знаеш дека си посебен.


Eжење... онака максимално.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Исцедете, ограбете
пот и труд и меса голи,
уста пуста затворете
да не каже оти боли.
Очи црни ископајте
да гледајат не давајте,
раци машки прекршете
срце лудо наранете.
Угаснете и светлини!
Мрак ќе биде – каракамен.
Има, има – в темнината
нешто живо пак да свети:
има болка на душата
има души наранети.
Болка боли – болка гори
болка пече, душа мори.
А болката кога свети –
тешко, тешко, тешко клети!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Се поклонувам пред тебе. Алал ти вера.
Најдобар начин да добиеш почит наеднаш од маса на луѓе, е да умреш.
Сите фанови тогаш стануваат, иако појма немаат кој е тој умрениот.

Си го имам правено муабетот со дедо ми, не ја сметаше за жива баба ми дури беше всушност жива, ама затоа, од почит, не се бањаше не знам колку дена од кога таа си замина од светов. А тие како дедо ми, не се добројуваат.

Човек се сака и почитува дури е жив, после тоа на глава застанете "од почит", не ви вреди.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не е целото мислење, ама овој дел... овој дел е перфектен опис на форумов.

и сега, колку навистина по форумов се користат иронија и сарказам, а колку секое видување поинакво од сопственото се етикетира како иронија, сарказам, навреда?
ако се заебаваш не чиниш, оти некој си ја има мувата на капата и постојано се наоѓа засегнат од сѐ шо ќе се рече.
ако велиш - „не, не е така“ тогаш си намќор на кој ништо не му се годи и пак не чиниш.
ако некој зборува двосмислено, а ти му одговориш јасно и директно, патем преведувајќи му го она шо всушност го кажал, тогаш ги извртуваш муабетите и провоцираш и пак не чиниш.

ако пишуваш сериозно и тогаш не чиниш, оти некој се плаши да ти сконтра, па си ќути, ама посочува дека твоето професорско мудрување е причина зошто си ќути.


sbowing_100-108.gif
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
На тема потребна ли е љубов за секс.
by alf

Дадов пример со огромни спротивности каде луѓето се тие кој стојат помеѓу нив,сосема природно е човек да има секс создавајќи нов живот ,но исто толку природно е човек да умре и замине од овој свет. Акцентот го ставив на тоа дали само со чуствување љубов е доволно да се има секс,дали сме доволно зрели и спреми да отпочнеме нов живот.Ти се изјасни дека без љубов сексот е промашен,на тоа јас се согласив половично,додавајќи ја другата половина за да биде комлет одговорот кога е човек спремен.
Само со љубов и млади тинејџери се впуштаат во сексот,но тоа не е шеќерно бонбонче кое треба само да се проголта и спредбено да се каже дека тоа е само уживање,сексот со себе носи и одговорност,можеби во почетокот не,но после девет месеци,да.
Светот со сета сила настојува да го прикаже сексот како чисто задоволство,уживање,цреша на шлагот наречена љубов,не е така тој е многу повеќе од тоа.
Не може едната страна од емотивниот свет на човекот да го подигнеме толку високо крунисувајќи ја љубовта со сексот,додека на другата спротивност како што е тагата да ја пикнеме под чергиче, затварајќи ги очите и бегајќи од неа како од чума.Сами си го прават луѓето тоа со издигање на едната страна,па кога ќе ги погоди спротивното се распаѓа семејството,деца доживуваат трауми, и ред други слабости кој човек ќе ги покаже токму поради тој дебаланс.
Со еден збор не биле спремни,но љубовта била толку силна што им ставила перде пред очи.

Како си спремен?
Ако првин ги победиш сопствените стравови,ослободувајќи го багажот од своите тежини,разврзувај ќи ја силната врска помеѓу мајка и син,ќерка и татко.
Тогаш сте спремни да се врзете до оној кој го сакате.
Љубовта исто како и смртта има повеќе делови,не мора некој телесно да умре за да го изгубите,некој работи се случуваат и внатре,доволно е да се набљудувате самите себе и да препознавате од каде треба да се одврзете и каде на друго место да се врзете,препознавајте што умира и што се раѓа.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
What post is a post which does (not) make this world better?

Ми се допадна многу, особено делот каде „кармата не` навраќа да мислиме повеќе за старите времиња“.
Karma is a bitch, what goes around comes around, Господ гледа и ќе врати... се само неколку утешни фрази кои си ги користиме за да се утешиме...

Кога сме немоќни во некоја ситуација, кога единствен начин да се утешиме, си ги шепнуваме овие зборови и се надеваме дека ова ќе се оствари некој ден. И сето тоа е за џабе. Гледам денес се случи личноста која мене ми згрешила, да биде з*****а најгадно што може. И што? Како тоа ќе го врати времето, како тоа ќе ја мени постапката што таа личност ја направила? Сета болка останала, ударот не сме го заборавиле, мизеријата ни била најдобар пријател. Што ми значи мене тоа што некој друг го зафркнал? Тоа не го надоместува фактот дека делче од мене се скршило, кое иако гледа дека некој си го добил "заслуженото", никако не може да се залепи.

И размислувам... како луѓето најдуваат радост и мир кога слушаат за ваков случај. Никако не ме исполни таа вест. Напротив, врати многу. Врати нешто што сум сакала да го заборавам. Фактот дека некој сега пати, никако не ме прави мене да се чувствувам подобро.

А сите го имаме тоа гнилото во нас, сите го посакуваме она што нас ни го направиле, некој друг ним да им го направи.
Џабе, пак ќе речам. Ниту поубаво се чувствуваш, ниту пак некако олеснува.

Само се потврдува дека луѓево сме како убави зашеќерени јаболки, кои привлекуваат однадвор, а внатре може да се полни со црви.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche, Selene and Luckky

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
За момент секој си ги гасне страстите и потребите низ зборови, а потоа се врти и чекори во животот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Lena