Tрепка цртичкава, чека да напишам нешто, а мене не ми идат зборови. Мене, на човек кој секогаш знае да каже нешто.
Ми било скршено срцето, сум пребродила. Не знам како, ама сум пребродила. И размислив, вреди ли да го отворам пак, да го изложам на ризик...
Испадна дека тоа било најголемата грешка. Секогаш завршувам со скршено срце, секогаш некој директно ќе ми забие колец во истото.
Давам љубов и тоа ми е најголемата грешка во животов. Идеализмот и оптимизмот дека ќе ми биде даден фидбек, се вратија и ме треснаа силно.
Идеализам... И тој ќе го снемам кај да е. Ќе се угушам во сопствените мисли и ќе се стопам со медиокритетот, човек кој се задоволува со сосем малку. И ќе си се гадам самата на себе.