Форумски цитати

Zbuneta.com

Нов член
4 мај 2014
13
7
3
25
Фрижидерот е чист пример дека тоа што навистина вреди е тоа што е внатре :)
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Фрижидерот е чист пример дека тоа што навистина вреди е тоа што е внатре :)
Не го разбирам добро ова.Во многу фрижидери има расипано млеко,јајца,заборавено и замирисано јадење ......
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Фрижидерот е чист пример дека тоа што навистина вреди е тоа што е внатре :)
Збунета,овде треба да стојат цитати од форумџиите,пример некој форумџија те воодушевил со неговиот пост ,ти тоа го копираш и го прикачуваш овде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Violet

Zbuneta.com

Нов член
4 мај 2014
13
7
3
25
Што ќе ти е да чуваш расипано млеко,јајца,заборавено и замирисано јадење во фрижидер ... ??? :eek
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Што ќе ти е да чуваш расипано млеко,јајца,заборавено и замирисано јадење во фрижидер ... ??? :eek
Можно е и расипани да ги купиш,а и да ги заборавиш да ги употребиш на време
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape
15 декември 2014
13
14
3
Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а Аца го немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи;
И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а Аца го немам - ништо не сум.
И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а Аца го немам, ништо не ми ползува.

За тоа како една љубов може да биде слепа, глува и да слуша Аца Лукass.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не ми е потребна симпатија, без неа дојдов на овој свет, без неа ќе заминам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Темава е за цитати на форумски мислења кои ве оставиле без зборови/воодушевиле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Ова ми е ко животна лекција.

Такви сутуации во кои просјаците лажат и манипулираат има безброј, но криво ми е кога поради нив патат вистинските бездомници. Неколку пати ке се изгориме од оние лажните и потоа кога навистина треба да дадеме, ние ладнокрвно поминуваме како ништо да не гледаме пред себе. Пред зградата во која живеам често гледам едно семејство роми како претура по контејнерите и собираат пластични шишиња и хартија. Со нив носат 5-6 мали дечиња. Едно од децата, најголемото кое нема повеќе од 7 години проси додека родителите собираат од контејнерот. Нормално дека му дадов ситно колку што имав, ама онака, со резерва, без некоја посебна емозија бидејки знам за тоа дека деца се изнајмуваат за просење, а и често си помислувам какви се тие родители кои ги пуштаат децата да просат. После неколку дена врнеа силни дождови. Се враќав накај дома и го видов таткото како под едно дрво стои со дечињата и го соблекува палтото за да ги покрие. Ги гушкаше со многу љубов... глетката беше неверојатна. Од тогаш почнав да ги посматрам и забележав дека не се од оние кои манипулираат, туку дека навистина немаат друг избор. Им дадов облека за дечињата, она што веке им е мало на моите деца, им давав храна секогаш кога ке ги видев... Неописливо е чувството кога ке му се помогне на некој. Тој поглед што го упатуваат, таа благодарнот... Во тој момент разбираш дека поради тоа давање и помаганје најмногу вреди да се живее, дека секоја битка која нашето его ја води со светот е толку неважна, проѕирна, невистинска...
Затоа сакам да ви кажам дека дури и да не сте сигурни дали навистина им треба или не, давајте колку што сте во можност. 10 ден. нема никого да осиромашат, а тие 10 денари на некого многу му значат. Можеби од 50 просјаци, само еден е навистина без дом и без храна, но не вреди поради оние другите баш него да го заобиколите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата

by @Lady*

Предобро..

Ќе се изгубам во стиховите на чувствата
да го пронајдам она неискажано збогум што си го должевме,
ќе се борам со чудовиштата што бесно душава ја гризат
и се обидуваат да го запрат часовникот што во мисливе зуи.
Ќе пливам под површината,
борејќи се со мојот немоќ и твојата рамнодушност
кои танцуваат под светлиот песок,
ќе те пронајдам тебе,
твојот призрак кој насмевка ми нуди
а ќе гушам во солзи...
И ќе ми текне дека ми нудиш насмевка со твојата совршеност
а се заљубувам кога ги откривам твоите маани,
те сакам додека Сонцето изгрева
и месечината заоѓа,
дека љубовта не е ниту проклетство, ниту дар,
само ти, болкава и среќава кои истовремено ве чувам во сништата...