Иницијатива на место, и као за прв весник е таман.
Сеа следува конструктивната критика :триераце:
Воглавно добро почнува со интервју на членови. Иста замерка како и кај Електра, може само малку прашањата да варираат од член на член, да не се повтараат. Исто (ова е секако краен случај) можете да направите едно интервју со еден член, но тоа да изгледа како да го правите во живо, а не како да сте му испратиле прашалник.
За дизајнот освен со шареноликоста на буквите, другото е таман.
За нај-темите мислам тука донекаде има пропуст. Хит на ноќта секако не е популарна тема како онаа со донирањето на органи.
Другото си е таман.
Голем плус ќе биде ако ја проширите малку рубриката со додавање на креативно катче со објавување на некои писанија, како и кратко интервју на неколку од нас would-be writers.
За почетен весник е солидно изработен. Секогаш има опција да се додаде нешто.
And final note: не брзајте со издавање. Подобро е 2 месеци да се работи на него темелно, но да излезе солиден продукт, него ли да се протрча по матерјалот само за да држи некој квантитет.