Форумска љубов | Форумски пар

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Јас и marjan како пар вака би биле :rofl
182893-kim-kardashian-divorce.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17, Dee Dee and marjan

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Каква љубов очекувате од аватар? Каква?
Ми се случило, на еден друг форум :) Сепак, личноста е далеку постара од мене, а и далеку од достижна за мене, а и далеку од тоа дека би сакала нешто во реалниот живот. Но, добар пример е за каков партнер во животот треба да си одберам :)

Лично го знаеш човекот или само преку аватар и постови?

Инаку во ред е да ми се допаднат одредени мислења на членови - машки и женски, во ред е и кога не ми се допаѓаат, но љубов преку аватари? Преку куцање на тастатура?
Ме зафркавате?
Нормално е кога ќе ти се допадне некој на слика, нормално е да се запознаеш преку интернет, ама да се заљубиш, односно опседнуваш со некого, кому лик не си видел во живо? Не си ги запознал неговите гестакулации, начин на зборување/движење? Неговата насмевка која те буди наутро и ти посакува убав ден или утрински бакнеж? Или можеби веќе тоа го правите преку камера, можеби гушкате лап-топ и шмрљате монитор? :)

Лесно е да бидеш добар виртуелен оратор.
Дали мислите дека луѓето што се "гласни" на форум се токму тие од кои ни зујат ушите во реалност? Или сепак се мал дел, кој всушност го пишува она што реално може да го зборува?!