@Mellanie ако веќе си испробала свашта, најубаво е сама да си увидиш што ти ствара акни.
Провери прво хормони и надбубрежни жлезди, види да не си нетолерантна кон глутен или нешто, пошто џабе ги третираш со препарати ако ги предизвикува внатрешен фактор. Може само повеќе да се воспалат ако се запушат порите од кремот.
Јас и хормони проверував, па алтернативна медицина, па козметичари... кај сите се замив само, па почнав сама да си гледам што ми пречи.
Сфатив дека посебно ренде се правам од сирење. Пробај така одреден период да намалиш храна што мислиш дека ти пречи, па ќе видиш ако е до тоа.
Акни ретко имам сега, претежно пред нашите омилени денови, ама имам по некоја флека и дупчиња на слепоочници пошто козметичариве беа обучени и паметни да стискаат гнојни акни на 13-14 годишно дете со нежна кожа во развој.
За флеки и регенерација на кожа, речиси година го имам гелот, ама дури пред недела дена почнав да го користам, а гледам многу е фален од рандом корисници, не овие платениве да пишуваат пофалби. Се работи за екстрактот од полжав CELL-1 (Celltone). Црвенилото околу се повлекува уште по првите 3-4 дена и кожата ја прави многу мазна. За друго е рано да зборам.
Ако се решиш, гледај ако имаш од странство (по запад) да ти го донесе некој (во денари е околу 4000 од кутивче).
Во последно време и Бугариве гледам нудат некои троа поевтини алтернативи, ама не ми се многу за верување.