Флеки од акни на лицето

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
После години, откако утше ко тинејџер една козметичарка ми го уништи лицето со демек третмани (имав на левиот образ после модро ко грозд од инфицирана крв), си го најдов чарето во CO2 laser resurfacing. Обично овој период се прави и тогаш е на пола цена попуст т.е. од 300 на 150 евра, но вреди.
Е сега, малце е грдичко пошто си ја мирисаш кожата како ти гори и после недела дена мораш дома, со слој крема на тебе, но крајниот резултат е топ.
Имам правено два пати и сега имам многу малку од дисколорацијата останато, со пудра не се ни приметува, а дупчињата на слепоочници ми ги пополнија со крвна плазма (иде гратис уз третманот), но не се сосема исчезнати.
Ноември се надевам пак дека ќе стигнам да направам.
Сѐ на сѐ, добри 75% се среди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lucifer

Darko91

Нов член
31 март 2021
2
2
3
33
Јас како тинејџер имав акни од кои ми се направиа дупки по лицето, сега на 29 год почнав да пијам колаген за лице се вика Кира од Гелита германски и ми помогна многу во 3 месечна терапија, го препорачувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Пред некој ден повторно бев на фракционен ласер и мислам дека тоа е тоа, веќе не ми се гледа ниту едно лузниче (барем колку што можам да видам од лушпиве што паѓаат од мене).
Преубава процедура, па уште и ја намалиле за 50 евра, топ. Трае 40-ина минути, првите два беше „на живо“, третиов пат ми ставија и локален анестетик (ова дојде ко будалите со „ако сме добри, ќе ни стават утре и вода во базенот“) и после седиш пак некој ден дома, се чистиш со 3% хидроген и прскаш со антибиотик во прав/спреј. Сменет е малку начинот на заздравување значи, но се гледа дека е многу подобар.
Башка третманов го затегнува и лицето и поттикнува колаген, така да сум презадоволна.
Дефинитивно оооогромен confidence boost.