Флеки од акни на лицето

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
501
1,110
393
Досадните акни не се само тинејџерски проблем. И милиони возрасни секојдневно се нервираат пред огледало токму поради нив и неуморно го бараат најсоодветниот третман. Појавата на непожелните акни знае да донесе многу нервоза и го уништува изгледот на кожата, но доста непријатни се и флеките кои остануваат. Понекогаш тие се толку темни што не можат да се покријат ниту сошминка.
Имате ли вие такви проблеми? Какви мерки превземате? Идете на третмани или користите креми? Или пак си правите домашни третмани? Овде давајте предлози за избелување на флеките :)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,374
1,871
1,123
Имам слушнато за крема Контратубекс за такви флеки, помагала.
Лицето да се мие со лимон, за да избелат флеките.. :)
 
  • Like
Реакции: Mellanie and Sugar

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
169
171
43
Pust ostrov
Имам слушнато за крема Контратубекс за такви флеки, помагала.
Лицето да се мие со лимон, за да избелат флеките.. :)
Контратубексот ти е за лузни од операција , а не за флеки на лицето и башка тука кај нас е скапа 20грама е негде околу 600 денари .
 

Maks

Староседелец
Имав акни и никаква маст ми нема помогнато од нашите аптеки ни па од тие од авон и орифлејм. Земав една маст како гел од Австрија ја има и у Германија се вика "Differingel" акните исчезнаа за непуни 2 месеци и од тогаш до ден денес нема ништо. Ефектот беше навечер се премачкуваше лицето, а сабајле коа станеш лицето се лупи таа маст помага 100% ако некој има проблем со акни и ако има роднини во странство препорачувам таа да си ја порача ја барав низ МКД ја нема никаде. Цената е околе 25 евра.(1500ден.):)
 
  • Like
Реакции: ●Untouchable° and Sugar

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,227
3,542
1,143
Значи контратубексот е за лузни а не за флеки...И не за на лице во никој случај...Подобро земи си Хлорамфеникол...или појди на дерматоког и тие ќе ти препорачаат.
 

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
328
523
693
London,UK
Хлорамфеникол..не помага во отстранување на флеки од акни и сл.:)
 

MyBella

Нов член
18 февруари 2012
26
14
3
Луѓе идете си на дерматолог не земајте ништо на своја рака од искуство ви кажувам и јас имав проблеми со лицето со акни, што не пробав вака што ми кажувале ова е добро она е добро имам користено и хрорафеникол и еуцерин цела колекција за проблематична кожа и ништо. Кога отидов на дерматолог прво нешто што ми препорача беше сите овие производи (хлорафеникол, еуцерин и сл.) право во канта да ги читнам. Со редови третмани и со соодветни масти и креми што ми ги одговараат на типот на кожата за неколку месеци ми се подобри лицето и скоро и немам никакви проблеми, сега повремено идам само за чистење на лицето од "црнки".
И НИКАКО ВО КОЗМЕТИЧКИ САЛОН да не сте се излажале да идете појма немаат само пари знаат да земат!
 
  • Like
Реакции: Prashina

Аннаа

Нов член
7 мај 2013
1
0
1
24
И јас имам флеки на лицето и нз како да ги остранам може ли некој да ми помогне фала однапред кисс