Флаширана, негазирана вода или вода од чешма?

Флаширана Вода VS Вода од Чешма


  • Вкупно гласале
    28

SomeoneSpecial

Истакнат Член
15 август 2013
23
18
103
Каква вода конзумирате? Дали мислите дека флашираната е подобра? Ако да која најчесто ја купувате?
Јас порано пиев само обична од чешма, ама некако почнав да си имам проблеми со стомакот, па почнав со флаширана. Најчесто Јана ја купувам, некако најпивка ми е.

Еве ви 2 статти:
Еве ви ја првата статија тука.
А еве уште една интересна статија за флашираната вода.
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Од флашираните порано омилена ми беше Вода-вода, сега Роса ми е број еден. Ладна никако не пијам ми имат вкус на железо.:^) Исто пред некој ден купив, го заборавив името на водата, имаше вкус на сјај за миење садови.
На лето обично флаширана купувам најефтина ми е Горска големо шише е 20 а Роса 20 е малечко шише. Во Скопје поретко пијам вода од чешма а кога сум дома посебно кај баба ми си пијам од чешма, послатка ми е .:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Varosanec

Староседелец
27 мај 2012
67
24
1,008
38
На клупата крши дујкан
Вода од чешма или поточно кажано си носиме дома вода од извор летно време или од испусните цевки дирекно од Студенчица што се пред да влези водата во Прилеп и верувајте има голема разлика меѓу таа од чешма и таа од испусните, а сепак најубава ми е од изворот до мојата викендица што е, можи да испијам една чаша и да ми изгасни жед.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Бидејќи водата е мојот најомилен пијалок мора да си ја имам во секој момент во големи количини.
Домашната вода од чешма ми е многу убава, ладна е, ја истекувам па нема хлор, и нема никаков чуден вкус. Да ја флаширам сигурна сум дека би ми ја купувале.
Кога сум надвор обавезно си купувам вода посебно сега преку лето. Од флашираните најубава ми е Роса, а некогаш и Горска купувам големи шишиња за на излет или слично бидејќи има подостапна цена а и не е лоша за пиење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Бидејќи водата е мојот најомилен пијалок мора да си ја имам во секој момент во големи количини.
Домашната вода од чешма ми е многу убава, ладна е, ја истекувам па нема хлор, и нема никаков чуден вкус. Да ја флаширам сигурна сум дека би ми ја купувале.
Кога сум надвор обавезно си купувам вода посебно сега преку лето. Од флашираните најубава ми е Роса, а некогаш и Горска купувам големи шишиња за на излет или слично бидејќи има подостапна цена а и не е лоша за пиење.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Кога сум дома си пијам од чешмичка, најслатка ми е, само што ја оставам да истече зошто некогаш е премногу хлорирана и наместо вода мислиш јогурт пиеш.
Инаку пијам и флаширана вода во определени околности или во зависност од тоа каде се наоѓам.Пример Скопската вода од чешма не ми ја поднесува организмот и кога сум таму строго флаширана пијам.
Од флашираните Роса ми е најблиску до оној природен „вкус“ на вода од чешма, така да неа би ја одбрала па после неа Јана.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Чешмовачу само дома си пију, овуј нашу липкофску, најјака ми е на укус, у Скопје на пример ми е мноо бљантава
А од куповни пију Ладну и Росу

Сеќам се едн пут едн **** ми тражи воду росу росу а ваљда мислеше на вода вода онај такфа : )
едит Леј и Ш пон ли е цензурирано ццц