Цел живот ќе ја помнам семинарската кај Виолета Пирузе. Ми ја враќаше мислам дека 4 или 5 пати поради печатни грешки, никако не можев да откријам во што е „маката“.
Тоа да ти било затоа што Филозофија, ја пишував со З, како што знаев.
Мислењето на приредувачите на многу лексикони со македонски термини е поделено по поглед ова прашање. Сите имаат свое мислење и свој став.
Во лексиконот на Топер, издание од 2001, приредено од Велика Ширилова стои ФилоЗофија.
Венко Андоновски, многупати досега го употребил зборот ФилоСофија.
Нина Атанасова Шкрињарич во цела своја студија за Панојот Ѓиноски употребува ФилоЗофија.
Јас си го употребувам кога, како ќе ми дојде