Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Fantastic Four & Fantastic Four: Rise of the Silver Surfer
fantastic_four.jpg


Што красно си се потсетив на филмчињава.
На сите љубители на стрипови и супер-херои би им се допаднале.
Приказна за Су, Џони, Рид, Бен, и секако - Виктор Ван Дум, тим научници кои при судирот со бура добиваат посебни моќи, но не сите имаат намера да ги користат истите за позитивни цели.
Понатака да не ширам, јасни се веќе овие приказни за добрите против лошите.

Изобилуваат со доста комични елементи, што е голем плус. Барем мене ми се меѓу омилените, посебно од овој вид.

Замерка за имињава. Љубителите на стрипови би ги знаеле под прекарите: Human Torch, Thing, Invisible Woman и Mr. Fantastic. Така беа?
Инаку добро филмче.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
5AlQWZt.jpg
Човек трврди дека е стар повеќе од 10 000 години. Целиот филм се одвива во куќата (собата) на човекот и е само дискусија помеѓу него и неговите колеги и пријатели.



Sci-Fi драма, но единствено што е сајфај за филмот е само приказната. Нема ефекти, нема роботи, само дискусија. Филмот ве држи во неизвесност цело време, прашувајќи се дали треба да му верувате на Џон во неговите тврдења или не. Најдобрите дијалози што ги имам слушнато во некој филм. Дискусиите и темите се највеќе за религијата и историјата, па ако ви се интересни таквите дискусии обавезно гледајте го филмов. Треба да се отвори тема за филмов во форумот Религија дефинитивно. Сите работи што се кажуваат во филмот се точни од историјата, па можете и да научите нешто. Пријателите му се колеги од факултетот во кој предава, па сите тие се „начитани“ професори.
Непознати но добри актери, а сценарист е Jerome Bixby кој зад него има добра филмографија (The Twilight Zone, Star Trek).

На крај има многу добар пресврт.



Самата приказна и сценариото се многу добро осмислени. За жал глумата е многу лоша, особено тој професорот во кожната јакна, полоша глума немам видено. Сепак треба да се земе во предвид дека е нискобуџетен филм.
Иако историските факти се точни, голем дел од филмот е ориентиран кон религијата, и затоа делот со Исус сепак мислам дека беше премногу. Ај го запознал Ван Гог, па и Буда, ама сепак дека он бил Исус е сосема непотребно (целиот тој дел покренува многу прашања - па од тука и разбирлива донекаде ми е реакцијата на старата професорка). Крајот ја разјаснува приказната, но реакцијата на Џон ми беше многу нереална.
На имдб е оценет со 8, според мене е заслужена ама само заради дијалозите.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Јас што зборев со толкав текст во рецензијата, поради вакви работи, ама ми рековте глупа тема, што сега јас да коментирам тука. Да е само тој пост, 98% од рецензиите се со спојлери и раскажани од А до Ш филмовите.
Ама тоа е...

Всушност никој не сфаќа дека рецензијата е 3 страни текст од кој само 2 реченици се кажува за содржината на филмот (дека Петко е суперхерој и се бори против некого), а остатокот од 3-те страни се пишува за личното мислење на авторот што го гледал филмот, (од тоа како му се свиѓал, зошто му се свиѓал, зошто не, ефекти, музика, актери, глума и што уште не,) ама тоа е.
И на кајгана затоа, се бришат вакви ''рецензии'' и се банираат од темите, ама кај нас мало морген.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Уствари никој не сфаќа дека рецензијата е 3 страни текст од кој само 2 реченици се кажува за содржината на филмот (дека Петко е суперхерој и се бори против некого), а остатокот од 3-те страни се пишува за личното мислење на авторот што го гледал филмот, (од тоа како му се свиѓал, зошто му се свиѓал, зошто не, ефекти, музика, актери, глума и што уште не,) ама тоа е.
Јас и ти може да коментираме до задутре за рецензии, ама утре пак ќе дојде некој и ќе напише вааууу филмот десетка, Мики суперхеројот ме изненади што на крај испадна дека е уствари жена, го препорачувам ќе се изненадите (аха да).
И ќе стои тоа така и ќе дојде некој ќе прочита, еднаш ќе се заебе и веќе нема да му текне да отвори подфорум филм.
Ама му е гајле на некој за тоа? НЕ!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

VanHelsing

Истакнат Член
6 октомври 2013
72
58
118
28
хаха далеку сум јас од критичар, ама гледам дека си филмоман ко мене, па да прокоментирам збор два за филмовите. Може и ќе ми дадеш некој предлог, како сега што ми го предложи овој.
Патем го погледнав Due Date, не е некоја ептен јака комедија, ама 6тица од мене има.
Ако пронајдам време ќе го ѕирнам и Identity деновиве. Моментално имам за гледање 2 сезони од Walking dead и четири од Интернатот, а време ни за лек. :mad:

И јас го гледам The walking dead се заразив со филмот. Да не знаеш од 4та сезона колку епизоди има ?
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
1920x1200.jpg
Ми се допадна премногу содржината на филмот, и пoраката дека човекот пред пропаст може да се промени :).
 

VanHelsing

Истакнат Член
6 октомври 2013
72
58
118
28
Јас поарно да не дознаам што ќе се случи оти сакам до крај да ја гледам, оти ниту една серија не ми се допаѓала волку :zelen
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Crimson tide (1995)
Од друга страна извршителниот офицер Хантер - Denzel Washington,неговата смиреност и прагматичност освојува симпатии прво кај капетанот а подоцна и во целиот екипаж.
Откако го изгледа American Gangster изборот падна на филмов, или случајно? :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Откако го изгледа American Gangster изборот падна на филмов, или случајно? :)

Некои поврзаности помеѓу Ридли и Скот ( :zelen ) не баш. Дензел го пратам уште од поодамна, иначе сличности барав со Enemy of the state па испадна Edward Lyle (Gene) и Тони да ми се вклопат во приказната. И после испадна сум го гледал некогаш многу одмана на ТВ. Ама ако. Тогаш друкчие се гледаше, денес е сосема различно. Тоа е за Тони, кој не прави само иклучиво акциони филмови, туку има повеќе различни сегменти на перцепција и многу ретко може да доживееш комплетно Deja Vu (2006)