Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Има има, ете без размислување на памет одма ми паднаа пет филма.
Еве мислете име за темата.
Како и да е, нека асоцира колку толку на филм барем, па ќе се појасни поубаво се во воведот...

Such a nice movie, so few actors?
Или нешто као филмови без голема актерска екипа?
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Elevator
Деветмина се заглавени во лифт на 49-ти спрат во Њујорк.Еден од нив носи бомба со себе,која во секој момент може да експлодира.Преубавата Анита Брием игра во филмов,така да цел филм си зјапав во нејзе.
Филмчево е копија на овој филм, ако ти се свиѓаше елеватор, погледни го и него.
Мене ми беше ок филм, и баш ми е потценет на IMDb (5,2). Може не е некој којзнае каков филм со којзнае какви ефекти, приказни и пресврти, ама јас му давам седмица, пошто ми држеше внимание цело време и башка е на едно место и со малце актери...
А признај сакаше да го истепаш девојчето и се расплака на крај за дебелиот :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Филмчево е копија на овој филм, ако ти се свиѓаше елеватор, погледни го и него.
Мене ми беше ок филм, и баш ми е потценет на IMDb (5,2). Може не е некој којзнае каков филм со којзнае какви ефекти, приказни и пресврти, ама јас му давам седмица, пошто ми држеше внимание цело време и башка е на едно место и со малце актери...
А признај сакаше да го истепаш девојчето и се расплака на крај за дебелиот :zelen
Го имам гледано,видов си пишала во една тема дека Elevator е сличен на него па затоа го изгледав и Elevator :zelen Да,интересно филмче за тепање време,ако има уште некој сличен на овие двата кажувај.А што се однесува до девојчето ептен ми беше слатко,сеа тоа што улогата и е таква друго е. Мораш да признаиш дека многу добро го долови ликот :) Се изнасмеав кога на крајот му се искриви на тој што си ги бараше парите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Го излгедав "Buried" со ниет дека ќе извадам некоја поука за дадените состојби кога животот навистина ти виси на тенок конец и кога секоја одлука што ја донесуваш би требало да ти зачува многу на време, кое секоја секунда ти е бесценета. Филмов го пишувам тука бидејќи мојава рецензија содржи спојлери еден куп и не е возможно а да не се избегнат истите.
Филм со најмногу нелогичности до сега што сум гледал. Се работи за тип кој е закопан во еден сандак во некоја вукојебина во Ирак. Во таа негова состојба (хоризонтална) тој во себе поседува запалка, мобилен (на арапски), и едно ранче полно со некои ситнурии за кои ќе зборам понатаму во текот на дејствијата.
Филмот започнува ок, типот као некој си клаустрофобик, го фаќа паника, ни појма нема кај се наоѓа ни ништо. Прави непромислени чекори (што ај ќе кажам пак тука му праштам - паника) ја зима запалката и ја користи како светло, (кислород согорување). Нетолку подоцна пронаоѓа дека со себе има и мобилен кој за жал е на некои арапски јазик. Пробува да стапи со сите можни врски (FBI, работодавци, State department, дома)... Тука е таа најлогична слика, типот пробува да најде начин да стапи во контакт со некого кој би го извадил до таму. И тогаш ги наоѓа терористите на некој број во менито за dialed numbers. Тука почнува климаксот, они као бараат пари, он е никој и ништо, стапува у врска со америве, преговори тегавења, awkward моменти. Дури и типот (британец) му кажуваше tips како да се справи и да зачува од својата енергија, батерии на мобилен, запалка...
Нелогичностите на филмот:
  • Типов мисли дека ако даде пари терористиве ќе кажат каде се наоѓа за да америве го спасат.
  • Веднаш по пронаоѓањето на мобилниот, запалката нема никакво својство. Мобилниот свети.
  • Јавувањето кај мајка му која боледува од Алцхајмер беше сосема непотребно. Батерии.
  • Ситуацијата кога требаше да го направи првото видео кое подоцна излезе на ју-тјуб. Мислам... ништо нема да смени ако го прати кај терористите.
  • Вечното бдеење пред мобилен, неставањето истиот на минимално економично трошење. Истотака да му текнело сосема на крајот да ја смени подршката од арапски на англиски. И замисли - мобилниот имаше 3G. А не проба типот да користи ништо од гугл мапс. Целата таа техника му се заснова на јавување и правење на 2 дебилни видеа.
  • Запалката е смртоносна кога е во прашање на согорување на кислород. Дури и типот да не знаеше, британецот му кажа. И пак правеше нелогичности како користење на запалка додека се јавува на тел.
  • батериската лампа. (ја пронаоѓа подоцна во едно платнено ќесе заедно со две фосфоресцентни стапчиња кои светат кога ќе се поткршат. Типот знаеше за овие ограничени ресурси на светлина, но оставаше да светат додека тој мирно се излежаваше и не мислеше на ништо.
  • Awkward моментите преку жица за дообјаснување што и како. Со сите. Повеќе пцовки чув него некакви си водења како би требало да се постапи.
Крајот. Демек британецот сеа ќе го вади од г`на работава станува озбилна, се дешава одрон, типот нема веќе ни простор ни ништо, но дознава дека овие веќе имаат некој траг, и во истите тие клучни моменти кога треба да чуе од британецот некои tips каде точно тие копаат, оп жена му ѕвони и типов као "Sorry Brian I got to take this call" и почнува цмиздрењето преку линија - „те сакам“ „ми фалиш“ „каде си“ „срц-шмрц“.
Се распишував баеги, но моја длабока препорака е да не се гледа филмов Зошто? Затоа што е нелогичен сам со себе уште од втората петина. Можеа и пократко да го направат. Можеа и без толку драми и awkward моменти.
S
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and MoonFairy

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Баш пред 20 мин го изгледав (догледав) филмов и си реков да јадам па ќе го ставам на листава, дојдов и гледам си го пишала.
Се согласувам сосема.
Пред некое време ќе го гледавме со друштво, па демек ај не зошто бил црнобел. Чекав погодно време да си го изгледам на раат, го гледав, ми се допаѓа и навистина заслужува да биде на листата! (y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
  1. The girl with dragon tattoo
  2. A Beautiful Mind (2001)
  3. Fight Club (1999)
  4. Schindler's List (1993)
  5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
  6. Requiem for a Dream (2000)
  7. The Pianist (2002)
  8. Leon: The Professional (1994)
  9. The Shawshank Redemption (1994)
  10. Memento (2000)
Главната причина зошто го тргнувам Троја од оваа листа е пред се е начинот на кои многу работи се грешно преставени за разлика од ,,Илијада", со цел да се направи попривлечен филм. Највеќе ми пречеше фактот што се посочува борбеноста на воините кога всушност војната е водена од страна на боговите кои речиси и се исклучени од филмот. Плус и некои други грешки од типот на : Војната траела десет години - не десет дена, Парис не ја украл Елена од Менелај туку ја има добиено како подарок од Афродита, откако ја прогласил како победничка за фрленото ,,јаболко на раздорот". Менелај не загинува исто како и Парис што не ја преживува битката, ни Агамемнон и уште ред ред други работи. Разбирам, поентата е да се направи поуспешен филм но од друга страна губи на оригиналност.

Зошто Schindler's List?? - Филмот сам по себе е прекрасен. Приказната за човек кој своите себични, профитабилни и егоистични цели ги жртвува за морални идеали од огромен размер пркосејќи му на нацизмот и ризикувајќи го својот живот. Теророт од Холокаустот е прикажан на инзворедно добар и впечатлив начин исто како и неговите последици. Она што го прави овој филм прекрасен е патот на развојот на свеста на Оскар Шинлдер, на храброста,борбеноста, бистриот ум, и пред се најбитно хуманоста. Филм кој посочува дека еден загубен живот на никој можен не може да биде заменет и ја дава вредноста на секое поединечно срце што уште е живо и чука. Инзворедна приказна за духовната вредност над материјалната.

Покрај тоа, секоја поединечна сцена е прекрасно преставена, развојот на приказната исто како и актерската екипа исто одлична. Се на се', филм со заслужено место во топ 10 листа.

Moрам тука да ги ископирам постот пошо се сложувам донекаде, а сакам да се развие дискусија околу Троја.
Троја филмот сам по себе беше од оние блокбастери набрзинка скљафтани колку да се пројде, со напумпани маркетиншки трикови како глувче експеримент да се види дали би можело само така да се урниса „Гладијатор“. Но безуспешно. Тогаш зошто е тоа така?
Затоа што
  • Гладијатор имаше далеку подлабоко разработен концепт, со неколку познати и неколку (за тогаш) помалку познати глумци.
  • Во троја скоро секој глумец веќе сме го виделе неодамна во некој блокбастер/култен филм. Поради тоа, големото исчекување доведува и до големи разочарувања.
  • Некомпактноста на изборот на глумци, донесе до таква слаба оценка. Единствено полош филм може да се каже дека е Александар Велики на Оливер Стоун. Се гледа декадентноста поради масовноста на историски филмови како се појавува од година во година од различните режисери (исклучок на Гибсон и Ридли Скот).
Значи доказ дека Бред Пит не може да игра некој историски лик е исто со онаа на Колин Фарел во Александар. Ептен промашено. Ерик Бана како Одисеј е просек. Староста на Питер О`Тул повеќе се вклопува, заедно со Шон Бин како Одисеј. Ова е едини филм каде Орландо Блум ја игра единствената антипатична улога. Елена (Даен Кругер) скоро и да не опстојува на платното. Брисеида повеќе ми долови симпатии, а треба нели Елена како најубавата жена во Еленскиот свет. Агамемнон е горе доле тој (карактерно), Менелај повеќе го замислував да му припадне рољата на Орландо Блум.
Во кратки црти - самиот концепт да се направи историски филм (наместо тој што ти го спомнуваш - фантазија) е во ред, но поради пренатрпаноста на познати актери како и нивната некомпатибилност и промашени рољи, го прави филмот препретенциозен за висока оценка која впрочем и не ја добива.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr and Luckky

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Хоуп*
Под просечен филм.
Исто како да гледав турска серија.
Страшно лоша глума апсолутно на сите актери,па дури и на Анџелина.
Вистинска приказна но многу лошо склопена.
Филмот е добар колку што е добра мојава рецензија.
Уште по лошо потрошени 141 минути.:)
Темата таму е за како да пишувате рецензии, а за рецензии на гледани филмови имаш теми во подфорумот филм :)

За филмот...
Changeling
Приказната која ја обработува филмот не можеш да ја споредиш со турска серија, од една страна зошто е вистинска случка, се случила на многу семејства, на многу мајки, на таа мајка која ја виде во филмот, друго има тема за која и ти лично критикуваш (шала нормално) дека кај што има сила нема правда.

Во тоа време каде полицијата и началникот биле и мајка и татко на државата и каде секоја ситна грешка можело да ги падне од власт, а за да не прават такви грешки се газело преку животи, една мајка по цена на нејзиниот живот, сама против сите, сама против власта се изборила за правда не само за синот, него и пред очите на правдата го донела и еден од најсвирепите и најпознатите сериски убијци во светот. Сериски убиец кој убивал строго само деца и ги закопувал во својот двор, а убил над 100.
Значи дел од приказната во филмот ти раскажува и за сериски убиец кој вистина постоел, имал вистински жртви, а не ја убил слугинката кога дознал дека му е мајка. Споредба што не ти е на место воопшто.

Филмот е за правдата на која иако и треба време и многу трпение, вистина постои и кога тогаш ќе биде задоволена.
Силната мајчинска љубов, добрината на луѓето што се бореа со нејзе, бездушноста на власта која место да ги штити граѓаните, ги доведува до такви хорори и се поради таа слепа желба за моќ и власт.
Можеби сакаш филмови со мирен тек и среќен крај, па не ти се допаднал, ама Мели, тоа се случило, се случува и ќе се случува насекаде, а ретко кој има среќа да го изнесе тоа пред очите на јавноста, да има подршка и шанса да се бори против.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Темата таму е за како да пишувате рецензии, а за рецензии на гледани филмови имаш теми во подфорумот филм :)
Се извинувам,разочарана од филмот и не спиена не сум приметила.Премести го.:)
За филмот...
Changeling
Приказната која ја обработува филмот не можеш да ја споредиш со турска серија, од една страна зошто е вистинска случка, се случила на многу семејства, на многу мајки, на таа мајка која ја виде во филмот, друго има тема за која и ти лично критикуваш (шала нормално) дека кај што има сила нема правда.

Во тоа време каде полицијата и началникот биле и мајка и татко на државата и каде секоја ситна грешка можело да ги падне од власт, а за да не прават такви грешки се газело преку животи, една мајка по цена на нејзиниот живот, сама против сите, сама против власта се изборила за правда не само за синот, него и пред очите на правдата го донела и еден од најсвирепите и најпознатите сериски убијци во светот. Сериски убиец кој убивал строго само деца и ги закопувал во својот двор, а убил над 100.
Значи дел од приказната во филмот ти раскажува и за сериски убиец кој вистина постоел, имал вистински жртви, а не ја убил слугинката кога дознал дека му е мајка. Споредба што не ти е на место воопшто.

Филмот е за правдата на која иако и треба време и многу трпение, вистина постои и кога тогаш ќе биде задоволена.
Силната мајчинска љубов, добрината на луѓето што се бореа со нејзе, бездушноста на власта која место да ги штити граѓаните, ги доведува до такви хорори и се поради таа слепа желба за моќ и власт.
Можеби сакаш филмови со мирен тек и среќен крај, па не ти се допаднал, ама Мели, тоа се случило, се случува и ќе се случува насекаде, а ретко кој има среќа да го изнесе тоа пред очите на јавноста, да има подршка и шанса да се бори против.

Зошто неможам да ја споредам со турска серија?
Па турските серии обработуваат и добри теми.
Многу лаички направено,затоа го споредив.
Сама не се изборила да се разбереме,зад неа застанаа многу луге.
Гледам ми го раскажуваш филмот а веке напишав дека го гледав.Ваљда не помисли дека не го разбрав.:)
А ради тоа што напишав дека апсолутно не ми се допадна ни глума ни режија не значи дека споредбата не ми е на место.
Но ете тоа е твое мислење како и што јас напишав мое околу филмот.
Башка се учам на рецензии.
 
Ваљда мислев дека дискутираме околу филмот, кој како го разбрал и зошто му се допаднал или не, па си кажав нешто повеќе зошто сметам дека е добар, ама ок, штета што не ти се допаднал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena