Темата таму е за како да пишувате рецензии, а за рецензии на гледани филмови имаш теми во подфорумот филм
Се извинувам,разочарана од филмот и не спиена не сум приметила.Премести го.
За филмот...
Changeling
Приказната која ја обработува филмот не можеш да ја споредиш со турска серија, од една страна зошто е вистинска случка, се случила на многу семејства, на многу мајки, на таа мајка која ја виде во филмот, друго има тема за која и ти лично критикуваш (шала нормално) дека кај што има сила нема правда.
Во тоа време каде полицијата и началникот биле и мајка и татко на државата и каде секоја ситна грешка можело да ги падне од власт, а за да не прават такви грешки се газело преку животи, една мајка по цена на нејзиниот живот, сама против сите, сама против власта се изборила за правда не само за синот, него и пред очите на правдата го донела и еден од најсвирепите и најпознатите сериски убијци во светот. Сериски убиец кој убивал строго само деца и ги закопувал во својот двор, а убил над 100.
Значи дел од приказната во филмот ти раскажува и за сериски убиец кој вистина постоел, имал вистински жртви, а не ја убил слугинката кога дознал дека му е мајка. Споредба што не ти е на место воопшто.
Филмот е за правдата на која иако и треба време и многу трпение, вистина постои и кога тогаш ќе биде задоволена.
Силната мајчинска љубов, добрината на луѓето што се бореа со нејзе, бездушноста на власта која место да ги штити граѓаните, ги доведува до такви хорори и се поради таа слепа желба за моќ и власт.
Можеби сакаш филмови со мирен тек и среќен крај, па не ти се допаднал, ама Мели, тоа се случило, се случува и ќе се случува насекаде, а ретко кој има среќа да го изнесе тоа пред очите на јавноста, да има подршка и шанса да се бори против.