Фан Клуб: Милан

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Од тој момент, и новата реализација од пенал на Меси, мене веќе не ми се гледаше она што требаше да биде, а и беше дерби пред судијата да одлучи дека тој треба да ја игра главната улога.
Влечења за дрес при прекини и корнери имаме на секој натпревар. Кога судијата ќе ги примети пред да се изведе корнерот, тој ги предупредува тие кои во борбата за позиција се борат со раце да си ги приберат. Понекогаш се случува да подели и понекој жолт картон, да ги смири „буткачите“.
Но, барем јас тоа го немам видено до сега на вака голема сцена и средба од огромна важност (ако некој има видено нека каже), да се досуди пенал додека топката не е во игра, додека трае прекинот. Во ред ќе беше Куиперс да му дадеше жолт картон на Неста, како предупредување, но веројатно и тоа ќе беше престрого.
Вака, во една секунда холандскиот манга милионите фудбалски фанови кои очекуваа спектакл ги осуди на предвремен крај на дербито, по само 40 минути игра.
Ваквата негова одлука, уште пред крај на полувремето би влијаела деморализирачки врз било која екипа. Уште ако таа екипа од самиот старт ја сметале за аутсајдер, а сепак успеала да даде гол на Ноу Камп, можам да замислам што се случувало во соблекувалната на Милан во тие 15 минути пауза.
 
Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија

Ти цел живот ли ќе се жалиш на судии?:rofl Немој да почнам јас да ти кажувам на преварантските игри на милан и головите што им се признаени од офсајд на големите мечеви.
Пардон на оф-топик: колку годинки имаш напунето?
 
Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Миланези ве нема нешто да прокоментирате на фан клубов сезонава. Кај сте ’баго. Коринтијанс нуделе 15 милиони за Пато, треба да го продадеме или не? Ајде малце дискусија да ве видам :zelen
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Да ви раскажам што се случува со Милан, ко единствен фан на форумов.

Од изиграни 10 кола, имаат 4 победи (Лацио, Парма, Киево, Верона) 2 изгубени ( Јувентус и Палермо (facepalm) ) и дури 4 нерешени (Емполи, Чезена, Фиорентина, Каљари) и оваа година Милан го освои трофејот Берлускони со победа над Сан Лоренцо од 2:0.
На табелата во Серија А засега се 7ми, со шанса да се искачат некаде на 4то највисоко со денешна победа над Сампдорија која патем е вистинско изненадување со оглед на тоа што сезонава дојде од втора лига, а го дели третото место со Лацио, така да победата над нив ќе биде мноооогу тешка и можно е од утре Милан да го гледаме и некаде на табелата кај што си беше лани :rofl Трето место им избега неколку пати со банални порази и нерешени утакмици со екипи ко Каљари, Емполи или Палермо ама добро...

Денес играат со Сампдорија во 20:45, а следно коло со Интер прв пат за оваа сезона.
На кратко тоа, ќе си пишам јас пак :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А шо е со Балотели финтата шо виси во офсајд толку често, истото го правеше и во Милан? Во М.Сити кога беше не беше до толку отсутен...додуша Ливерпул се тимски отсутни :zelen
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Добар беше во Милан не знам што му стана откако замина во Ливерпул. Ете истото се дешава пример со Торес во Милан. Еден гол постигна и тоа на среќа го удри топката па влезе во мрежа иначе цело време трча ко мува без глава низ терен, а не знам што толку е исфорсиран. Бил некогаш нешто, се ова сега е на стара слава.
Сите играчи доаѓаат во Серија А кога ќе се истрошат, да не речам пред умирање, како отпадоци, а овој кутриов Балотели замина во квалитетна лига и ништо од изјавите од типот "јас во Милан не можам да се покажам, ми треба квалитетен тим, каде ќе имам добри соиграчи, без да бидам само јас јас и јас".
Замина таму и остави што врска нема па и малери им однесе. Ама добро им треба нив некоја будалетинка после Суарез.