Јас колку што знам може на повеќе начини да се урочи. Може да те урочат со комплиментот "Многу си убав/а".
Постојат и некои жени кои имаат моќ да урочуваат и "фрлаат" уроци на раскрсница. Што значи не мора да значи дека ако си урочен, дека тоа ти го направил некој кој го познаваш.
Истото може да се случи ако згазнеш било каква облека падната на улица, бидејќи може да "фрлат" урок и на облеките и намерно да ги остават надвор на земја.
Доколку си урочен може разни работи да ти се случуваат. Покрај главоболки, може да трепкаш, односно тикови да имаш. Може исто така, да се будиш секоја ноќ во одредено време. Овие примери ми ги имаат кажано.
Се на се, доколку оддеднаш почнеш да правиш нешто, против твоја воља, што се повторува постојано, можеш да заклучиш дека си урочен. Сепак, бајачка најдобро може да ти каже.