Урокливо око

Bloody Jesus

Нов член
28 февруари 2012
17
14
3
Насловот кажува се...
Мало задлабочување за терминот:

Овој вид на магија навистина постои, но е скоро потполно потиснат и затоа не се забележува нејзиното влијание. Тоа е еден вид црна магија која се пренесува со поглед, преку коа се пренесува негативна енергија и мисли на жртвената особа.
ukorlivo_oko_golema.jpg

Урокливото око може да се користи и свесно , но најчесто луѓето го користат несвесно, така да и не знаат дека некого проколнале.
Многумина барем еднаш во животот фрлиле урок на некого, најчесто од завист, љубомора, омраза... а подоцна се радувале на несреќата на својата жртва несвесни дека токму тие тоа го направиле. Ова е многу опасна магија како и другите, препорака е : ”да не се бавите со неа” и внимавајте како за некого размислувате, бидејќ тие може да се проектираат и направат огромна штета. Не постои лек за оваа магија но постои заштита, па затоа треба да се заштитите на некој начин и тоа со талисмани, амајлии, а најдобри се они кои сами ќе ги направите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996 and Hip.Hop_MKD

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Многу пати, незнам зошто така, но претерано многу пати... кога сум урочена, ме боли глава, нон стоп, тешко ми е, но благодарение на моите предци имаме дома едно за оваа работа, крст со камен е, и тоа лечи, се става во вода, и ако си урочен излегуваат меури, и во зависност од тоа какви се меурите, толку си и урочен, а ако не си, нема меури, чудна работа е :unsure и откога ќе ми се направи ова, доколку сум урочена, за 10 мин мене ми поминува главата, и како нова сум :D
 

Bloody Jesus

Нов член
28 февруари 2012
17
14
3
Многу пати, незнам зошто така, но претерано многу пати... кога сум урочена, ме боли глава, нон стоп, тешко ми е, но благодарение на моите предци имаме дома едно за оваа работа, крст со камен е, и тоа лечи, се става во вода, и ако си урочен излегуваат меури, и во зависност од тоа какви се меурите, толку си и урочен, а ако не си, нема меури, чудна работа е :unsure и откога ќе ми се направи ова, доколку сум урочена, за 10 мин мене ми поминува главата, и како нова сум :D
Исто така и јас бев жртва на урочуње на мојата 5 годишна возраст. Се лечев со жива у куршум.
Има една анегдота за тоа урочуњето:
Некој човек пред многу години бил познат под такво урочливо око, кого да погледеднел све нешто морало да има последици.
Еднаш на некои луѓе им рекол: Ајде се обложиме по една нива дека со 1 минутка гледање на волон (вол) ќе го напраам да падни. Се обложиле, го гледа волот овој со „урочливото око“ и волот за пола минутка паѓа на земја.
Чудно но вистинито...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996 and Caci

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Што знам викаат дека заради тоа што имам зелени очи сум можел да урочувам, ама не се пожалил некој.. Затоа ако имаш такви очи викаат клуч од дома да земеш да го измочаш и да го фрлиш во река.
А да ме урочувале како мал во село едни од соседното село нехристијани и додека не ме испрскаа со крстена вода, правев глупости и не се сеќавав на ништо. Крстена вода и ОК беше се после тоа.. :D
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Мене доста често ме урочуваат. Тоа е проклетсвото кое не следи нас најубавите што сме.
Ама јас почнав гаќите наопаку да си ги носам, па сеа како поарно да ми е.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Јас за среќа го немам тоа урокливо око но кога ќе ме урочат мене знам да бидам многу нервозна....
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Јас лично колку се сеќавам не сум бил жртва на такво око. Кај нас во Куманово најчесто можеме тоа да добиемо од бабите, не дека не мразат или нешто слично туку, кога ќе не видат после долго време тие неможат да ни се изначудат на изгледот. Пример:
О, мило на баба колку си пораснал, а па и сега косата ти е многу убава, скратена ти стои поубаво, си станал поубав, позгоден, повисок, и сл. Најчесто кога некој ке ми збори така, дома се измијам со крстена вода и толку, и до сега не сум имал такви проблеми. Немојте да се чудите ако другите не мислат исто како мене бидејќи имам читано дека луѓето од Куманово се од поразлично племе на луѓе од останатите градови во Македонија.
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Го немам. Но, стварно постои. Едно човече, Бог да го прости, починат е сега, кај нас в село, да дуваш и да бегаш беше.
Секогаш кога ќе го видевме мораше добар ден(или утро) да му речеме, страв ни беше да не не урочи.
Јас не верував толку многу во уроци, се додека не станав жртва. (nod)

Еден ден одејќи си дома од кај една пријателка го здогледав ова истово човече, одеше пред мене некои си 10 метри. Кога сети дека некој оди зад него се сврте, ме виде и пооде уште малку. Потоа застана кај мостот и чекаше прва јас да поминам. Одам јас и се правам како да не го гледам. Кога стигнав до мостот ме праша како се викам. Се здрвив. :eek:
Му кажав како се викам и да ме нема дома. После тоа цела вечер не можев да заспијам и ме болеше глава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
А како би требало да дознаам дали некој ме урочил/ сум урочила? (think)